четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Стрип книжарница Бункер | 15 резултати

Во сабота „Ден на бесплатни стрипови“ во Бункер

октомври 5, 2023

Оваа сабота во стрип книжарницата Бункер во Скопје ќе се одржи третиот по ред „Ден на бесплатни стрипови“. Од Бункер ги повикаа сите издавачки куќи да земат учество во акцијата и информираа дека досега се обезбедени околу 700 бесплатни стрипови. Акцијата започнува во 10 часот, а стриповите што се бесплатни ќе бидат јасно означени и […]

МКЦ на 17 и 18 јуни домаќин на првото издание на Стрип Трип Фестивал

мај 18, 2023

Првото издание на Стрип Трип Фестивалот во Скопје ќе се одржи на 17 и 18 јуни во Младинскиот културен центар (МКЦ). Организаторите најавуваат дека програмата предвидува одржување на дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија, гостување на автори и издавачи, изложба на реномирани стрип цртачи, музичка и филмска програма, работилница за цртање […]

„Бункер“ го издаде графичкиот роман „Алжир е убав како Америка“

февруари 13, 2023

Издавачот „Бункер“ во рамките на едицијата „Апсолутни почетници“ го издаде осмиот графички роман „Алжир е убав како Америка“ од француските автори Оливија Бартон (сценарио) и Махи Гран (цртеж). Делото ги истакнува комплицираните односи помеѓу Алжир и Франција, а од „Бункер“ велат дека ниту една болна тема не останува недопрена, па така, во графичкиот роман се […]

„Бункер“ го издаде графичкиот роман „Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“

јануари 23, 2023

Издавачот „Бункер“ во рамките на едицијата „Апслоутни почетници“, го издаде седмиот графички роман „Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“, од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст. „Зиги Стардаст е измислен лик создаден од англискиот музичар Дејвид Боуви (името Зиги е земено од кројачки дуќан, кој Боуви го има приметено додека патувал со […]

Поделени стотици бесплатни стрипови во стрип-книжарницата „Бункер“

ноември 26, 2022

Вторпат од 2017 година, денеска во стрип-книжарницата „Бункер“ во Скопје, која се наоѓа во близина на поранешен „Трготекстил“ на љубителите на стрипови им беа поделени стотици стрипови бесплатно. Освен околу 500 стрипови што ги обезбеди „Бункер“ беа поделени дополнителен број изданија што се донирани од љубители на стрипови и од други издавачи, обасни Владимир Битољану, […]

Петстотини бесплатни стрипови ќе бидат поделени утре во книжарницата „Бункер“

ноември 25, 2022

Петстотини бесплатни стрипови ќе бидат поделени утре во стрип книжарницата „Бункер“ во Скопје. Настанот ќе почне во 10 часот и ќе трае додека не се потрошат количествата. Ваков настан за првпат се одржал во САД во 2002 година, а потоа се проширил во многу други земји. „Во првите шест години се поделени повеќе од 12 […]

Распишан конкурсот за стрип наградата „Лифт“

септември 23, 2022

Издавачката куќа Темплум по петти пат го распишува конкурсот за македонски стрип, „Лифт“. Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ќе испратат сопствени досега необјавувани авторски стрипови, до 16 табли (или страници). „Почитувани автор(к)и, можете да ни испраќате и стрипови од една или две страници, но не повеќе од […]

„Бункер“ го објави графичкиот роман „Вавилон Берлин“, за кој во Германија се сними и популарна серија

јануари 18, 2022

Криминалистичкиот роман на Фолкер Кучер, за којшто во Германија се снимија дури четири сезони од истоимената популарна серија, во земјава доби своја верзија во вид на графички роман (стрип-книга) на македонски јазик. Автор на графичкиот роман „Вавилон Берлин“ е Арне Јиш, додека издавач на македонски јазик е „Бункер“. Сценариото во графичкиот роман на Јиш е […]

Четврти конкурс за годишната стрип награда „ЛИФТ“ на Темплум

октомври 18, 2021

Издавачката куќа Темплум годинава по четврти пат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“, за македонски стрип. Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ќе испратат сопствени досега необјавувани авторски стрипови, од една или две страници до максимум до 16 табли (или страници). „Лифт“, инаку, беше име на списанието за […]

Четврти конкурс за годишната стрип награда „Лифт“

октомври 10, 2021

Издавачката куќа ТЕМПЛУМ годинава, 2021, по четврти пат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“, за македонски стрип. „Лифт“, инаку, беше име на списанието за стрип кое излегуваше од 1996 до 2001 година, а денес е име и на угледна графичка едиција.Наградата „Лифт“ се доделува еднаш годишно. Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република Северна Македонија […]

Објавен конкурсот за наградата „Лифт“ за македонски стрип

ноември 20, 2020

Издавачката куќа Темплум годинава по трет пат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“, за македонски стрип која се доделува еднаш годишно. „Целта на наградата е да ги промовира и афирмира овдешните стрип автор(к)и, но и да го унапредува стрипот како (кај нас запоставен) медиум. Втора важна цел е да придонесеме за развојот на македонската културна […]

Страна 1 од 1