fbpx
Таг: странци

таг: странци

Во Црна Гора една третина од странските компании се со руска сопственост

Во Црна Гора минатата година имало 4.190 активни странски компании, соопшти црногорскиот завод за статистика Монстат. Најголем дел од странските сопственици биле со потекло од Русија 32 проценти, Србија 18,7 проценти и Босна и Херцеговина 4,9 проценти. Најголем дел од странските компании се наоѓаат во Подгорица, Будва и Бар и се занимаваат со трговија на големо и мало, градежништво, научни и технички дејности и...

Бројот на туристи во првите шест месеци зголемен во однос на истиот период лани

Во првите шест месеци од годината во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 8,6 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 10,2 проценти, а кај странските има зголемување за 7,9 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 8,5 проценти и тоа кај домашните туристи има...

Речиси половина од жртвите во Ница се странци

Од 84 жртви од терористичкиот напад во Ница, 38 се странски државјани, соопшти француското министерство за надворешни работи. Настраданите се по потекло од 19 земји и тоа од Алжир, Германија, Ерменија, Белгија, Бразил, Естонија, САД, Грузија, Италија, Казахстан, Мадагаскар, Мароко, Полска, Романија, Русија, Швајцарија, Тунис, Турција и од Украина, стои во соопштението од француското МНР и се додава дека списокот...

Годинешниот „Макфест“ со предзнак меѓународен

В четврток, во Штип, почнува 31. издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2016“, а годинава тој е со предзнак меѓународен, поради учеството на седум странски интерпретатори. Во трите фестивалски вечери за главните фестивалски награди ќе се натпреваруваат и 23 домашни изведувачи, најави денеска директорот на фестивалот, Љупчо Мирковски. - Ги имаме стандардните награди, а од оваа година наградата за дебитант...

Хрватска бара 42.000 сезонски работници

Хрватската економија со соочува со недостаток на сезонски работници, а годинава на оваа држава ќе и бидат потребни и до 42.000 сезонски работници во туризмот и трговијата. Според хрватскиот медиум „Пословни дневник“, хрватските работодавци бараат да се донесат оперативни мерки кои во овој момент се неопходни, а ќе биде потребно и да се размислува околу квотите за вработување на странци. Лани во хрватскиот...

Зголемен бројот на туристи во Охрид

  Во јануари најбројни гости во Охрид биле странските туристи од Албанија, Грција, Србија и Турција. Бројот на туристи во јануари, во однос на истиот месец од минатата година, е зголемен за 16,3 отсто. Зголемен е и бројот на ноќевања за 20,2 проценти. Бројот на домашните туристи во јануари 2016 година е зголемен за 14,8 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен...

Швајцарците гласаа против протерување на странци и за најмало кривично дело

Швајцарските гласачи на референдум ја отфрлија контроверзната иницијатива на десничарската Народна партија, со која се предвидуваше автоматско протерување на странците во случај на осуда и за најмало кривично дело. Иако властите во изминативе неколку години ги заострија мерките за влез и за престој на странци, според Народната партија на Швајцарија тоа не е доволно. Со оваа иницијатива автоматското протерување ќе се однесуваше и...

Народна банка ја поедностави процедурата за отворање и за поседување сметки во странство

Народната банка донесе мерки со кои се олеснуваат и дополнително се уредуваат начинот и условите за отворање и за поседување сметки во странство, и тоа за неколку категории резиденти: дипломатски, конзуларни и други претставништва на Македонија во странство, физички лица со постојано место на живеење во Македонија, кои привремено престојуваат во странство шест месеци или повеќе, странски физички лица кои...

Црна Гора предвидува издавање на околу 15.000 странски дозволи за работа

Министерството за труд и социјална политика на Црна Гора предложи годишна квота од 14.800 дозволи за привремен престој и за работа на странци за следната година, како и 3.000 дозволи за капитални проекти. Квотата била предложена врз основа на бројката од најдобрата туристичка сезона, кога биле издадни 14.600 дозволи, при што дополнително се прифатени предлозите на одредени министерства, што резултираше со вкупно...

Бројот на туристи зголемен за 11,2 проценти во однос на лани

Бројот на туристите во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 20 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 17,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во септември 2015 година изнесува 79.218, а бројот на ноќевањата изнесува 184.262. Бројот на домашните туристи во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година,...

62,2 проценти од вработените не се задоволни од платите кај странските инвеститори

Мнозинството вработени кај странските инвеститори (62,2 проценти) сметаат дека не се доволно платени. Истото мислење го делат и мнозинството граѓани (60,5 проценти), опфатени со анкетата за испитување на јавното мислење за странските директни инвестиции, што ја направи Здружението на млади аналитичари и истражувачи на репрезентативен примерок. - Ослободувањето од данокот на добивка за странските директни инвестиции не е оправдано според мнозинството, 52,6 проценти од...

Мукаетов: Има простор и за странските и за домашните компании

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, смета дека секоја од компаниите сама, на свој начин, треба да се грижи како да се развива и да ги придобие домашниот и странскиот пазар. Во однос на забелешките на домашните компании дека Владата повеќе се грижи за странските инвеститори, тој смета дека има простор за работење за сите. - Сметам дека домашните компании треба...

Што рекоа странците за кризата во Македонија?

Политичката криза во Македонија изминатите денови е во фокусот на вниманието на странските дипломати и на меѓународните институции, од кои дел, во своите реакции, не се воздржуваат да ги симнат ракавиците и отворено да го остават својот отпечаток на актуелните случувања. Еве што последно рекоа странците за кризата во Македонија: Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија „Се прават напори...

Странците навалија со посети и со реакции за кризата во Македонија

Високиот комесаријат за човекови права на ОН изрази длабока загриженост поради политичкиот ќор-сокак во кој се наоѓа Македонија и неговото влијание врз човековите права. Ваква загриженост последниве денови изразија речиси сите релевантни меѓународни организации, што е сигнал дека, сепак, странците се заинтерeсираа посериозно за состојбата во земјава. Претседателот Ѓорге Иванов разговараше со Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав, шеф...

Странци по договор ќе можат да служат во руската војска

Рускиот претседател Владимир Путин потпишал декрет со кој на странски државјани им се овозможува да слушат во руската војска по договор. „Војниците кои се странски државјани можат да учествуваат во извршувањето задачи во тек на воени состојби, како и за време на вооружени судири, во соодветство со прифатените принципи и норми на меѓународното право, меѓународните договори на Руската федерација и со руското...

Тетово: Приведени девет странски државјанки за нелегално работење

Тетовската полиција приведе девет странски државјанки на возраст од 21 до 37 години, при контрола што ноќеска била спроведена во угостителските објекти „Баци“ во тетовското село Синичане и „Енерџи клуб“ покрај локалниот пат за Сараќино. Како што соопшти СВР Тетово, во угостителскиот објект „Баци“ се затекнати три државјанки на Албанија, две на Косово, две од Србија и една албанска државјанка...

Египет ќе ги депортира затворените странски државјани

Египет ќе ги депортира странските државјани кои се осудени на затворски казни во земјата, јавија светските агенции. Одлуката за депортација, која следува по указот на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, се донесува и на австралискиот новинар на телевизија „Ал Џазира“, Питер Грест. Грест во декември минатата година беше уапсен заедно со шефот на египетското биро на „Ал Џазира“ во Каиро,...

Странски државјани, дрога и бегалец откриени во полициска акција

Екипи на тетовската полиција вчера извршиле контрола во два угостителски објекти во селото Жеровјане, каде што покрај странски државјанки со нерегулиран престој, биле приведени уште две лица, едното барано со потерница, а другото за поседување дрога. Како што информираат од СВР Тетово, акцијата била спроведена во локалите „Ориентал ас“ и „Ловец“. Во првиот локал биле откриени четири државјанки од Србија и...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...