fbpx
Таг: странски инвестиции

таг: странски инвестиции

Отворена фабриката на „ОДВ Електрик“, Анѓушев порача дека инвеститорите се добредојдени

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска на отворањето на фабриката на „ОДВ Електрик“ во технолошко-индустриската развојна зона во Охридско им честиташе на менаџментот и на вработените во компанијата и ги претстави главните насоки на планот за економски пораст, информира кабинетот на вицепремиерот. - Компаниите, каква што е и „ОДВ Електрик“, се добродојдени во Македонија и ќе бидат сестрано поддржани. Новите инвестиции, кои...

Владата со програма за пораст преку поддршка и на домашните и на странските компании

„Новиот план за економски пораст во земјава што го подготви Владата има цел транспаретно да ги стимулира фирмите што бележат пораст и го зголемуваат извозот, но и да ги стимулира компаниите да отвораат добро платени работни места и да отвораат развојни центри. Крајната цел е да се постигне развој од кој корист ќе имаат граѓаните“, рече премиерот Зоран Заев...

Македонија ги преплатила странските инвестиции со 225 милиони евра

Странските директни инвестиции од 2007 до мај 2017 година Македонија ја чинеле 225 милиони евра, објави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Тој соопшти дека странските инвеститори вработиле 20.000 работници, но најголем дел од нив биле преземени од македонските компании. Едно работно место државата ја чинело во просек 11.000 евра. - Не постојат документи на кој начин се воделе преговорите со...

Владата денеска ќе објави колку изнесува државната помош за странските инвеститори

Владата денеска ќе го објави податокот колку изнесува државната помош за странските инвеститори за последните десет години. Од владиниот прес-центар информираат дека тема на прес-конференцијата што ќе се одржи во 10 часот ќе биде презентација на анализата на трошоците наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија за периодот од 2007 до 2017 година. Анализата е направена по декласификација на договорите потпишани од поранешната влада. Вицепремиерот...

СДСМ: Груевски се плаши од декласификацијата на договорите со странските компании

Никола Груевски е видно исплашен од вистината што ќе излезе по владината одлука за декласификација на информациите за склучените договори на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ со странски компании, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конфренцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. „Очигледно е, Груевски стравува дека граѓаните ќе дознаат колку од нивните пари што ги плаќале како давачки, даноци и казни...

Груевски: Декласификацијата на субвенциите на странските инвеститори е штетна

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска на прес-конференција во партиското седиште ја критикуваше новата влада дека не постигнала никаков резултат со странски инвестиции, ниту има нови работни места кои се резултат на такви инвестиции. Груевски смета дека министрите во владата задолжени за привлекување инвестиции се првиот многу загрижувачки сигнал. - Прво, на местото на поранешните министри што ги донесовме од врвни мултинационални...

Ќе се тргне тајноста од договорите со странските инвеститори

На вчерашната 16. седница, Владата усвоила барање за декласификација, односно симнување на тајноста, на сите договори склучени како државна тајна помеѓу поранешната влада и странските инвеститори во економските зони. Сите податоци по декласификацијата, ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста, порача Владата. Истовремено, на седницата е усвоена информација за пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град и причинети...

ЛДП: Груевски да даде отчет за лажираниот инвестициски „бум“

„Пропаднаа во вода лагите на Груевски дека од Македонија направил одлична бизнис-дестинација, со голем економски потенцијал и „сцена за светската бизнис-публика“. Затоа го повикуваме Груевски и неговиот инвестициски „дрим тим“ да дадат отчет пред македонските граѓани за нереализираниот ’инвестициски бум’“, порача ЛДП во реакција по вчера објавеното истражување на проектот „Призма“ на БИРН, кое покажа дека странските инвестиции се седум...

Странските инвестиции во првите десет месеци во 2016 година биле 197 милиони евра

Во првите десет месеци од 2016 година, во Македонија влегле 197 милиони евра странски инвестиции, покажуваат податоците од Народната банка. Споредено со првите десет месеци во 2015 година, странските инвестиции бележат опаѓање за 8,3 милиони евра. Само во октомври лани, приливот на странски капитал во земјава изнесувал 14,5 милиони евра и споредено со октомври 2015 година, кога вкупните странски инвестиции изнесувале 50 милиони...

Парите на македонските даночни обврзници завршуваат како добивка на странските фирми

Во периодот од 2007 до 2015 година, потрошени се вкупно 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции, се вели во истражувањето „Вистинската цена на евтината работна сила: Политики за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија, 2007-2015“ на Институт за општествени и хуманистички науки, кое беше објавено денеска. Анализирани се 25 фирми кои имаат добиено државна помош, чијшто...

Странските инвестиции изнесуваат 96,76 милиони евра во првите четири месеци

Во првите четири месеци од годинава, странските директни инвестиции изнесуваат 96,76 милиони евра, а во споредба со истиот период лани, кога изнесувале 98,44 милиони евра, има намалување за околу 2 милиони евра. Во април, пак, во Македонија влегле 34 милиони евра, речиси исто колку и истиот месец лани. Политичката криза која подолго време трае, меѓу другото, може да се одрази и со намалување...

Странските инвестиции во првите три месеци изнесуваат 58,7 милиони евра

Странските инвестиции во првите три месеци изнесуваат 58,7 милиони евра, што е за 8,7 проценти помалку во однос на истиот период лани, објави Народната банка. Најмногу странски инвестиции има од Лихтенштајн 7,6 милиони евра, Италија 4,35 милиони евра, Австрија 3,4 милиони евра. Во однос на сектори, најмногу странски инвестиции има во транспортна опрема, моторни возила, во градежништвото, текстил, финансиско посредување, освен...

Еден домашен денар го зголемува БДП колку два денари странски инвестиции

Еден денар странски инвестиции го зголемува домашниот бруто-производ (БДП) во истиот квартал за 0,2 денари, а потоа ефектот е никаков. Еден денар вложен од страна на домашните приватни инвеститори води до зголемување на БДП за 0,9 денари, а еден денар вложен од државата го зголемува БДП за 1,3 денари. Ова значи дека државните пари што биле потрошени на привлекување...

СДСМ: Груевски ги сотре домашните фирми со срамни 120 денари државна помош

„Никола Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ, 10 години им даваа на домашните претпријатија срамни 120 денари државна помош годишно. Затоа 10 години ниту една домашна компанија не инвестираше во технолошко-индустриска развојна зона“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се вели дека граѓаните секое работно место во виртуелните странски инвестиции во технолошкоиндустриските зони го плаќаат 21.454 евра. - Овие виртуелни странски...

Ставрески: Инвестициите позитивно се одразија врз извозот

Зголемувањето на странските инвестиции освен врз вработувањата, многу позитивно се одрази и врз извозот, истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на денешниот состанок на тимот за странски инвестиции со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. - Од странски инвестиции во периодот од 2007 до 2015 година кумулативно имаме 2 милијарди и 266 милиони евра. Тоа се одразува врз извозот....

Премиерот Груевски најави две нови странски инвестиции до крајот на овој месец

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека две нови странски инвестиции треба да се реализираат до крајот на овој месец. На почнувањето на градежните работи за продолжување и за изградба на булевар, Груевски рече дека двете нови фабрики ќе вработат најмалку 500 граѓани. - „Кап-кон“ ја отвора својата фабрика наскоро. Тоа е американска глобална компанија од автомобилската индустрија. Тие се речиси готови и...

600 домашни компании соработуваат со странските инвеститори

Опортуните трошоци на државата од ослободување од данок на добивка, персонален данок на странските директни инвестиции и неискористеноста на дел од земјиштето во ТИРЗ, во периодот од 2009 до 2014 година изнесуваат 26 милиони евра. Веќе 600 домашни компании имаат остварено соработка со инвеститорите врз основа на служби за кетеринг, обезбедување и за одржување објекти. Овие податоци беа изнесени на трибината „Ефектот на...

Пад на странските инвестиции за 38 милиони евра во однос на истиот период лани

Во првите девет месеци од годинава, странските директни инвестиции изнесуваат  115,91 милиони евра, објави Народна банка. За разлика од истиот период лани, кога тие изнесувале 154 милиони евра, имаме намалување од близу 38 милиони евра. Во септември е регистриран одлив на странски капитал од 17,6 милиони евра.

Компаниите заработиле 30 милиони евра од соработката со странските инвеститори

Домашните компании заработиле 30 милиони евра од активностите кои ги направиле за странските инвеститори, информираше новоизбраниот претседател на советот на странски инвеститори, Штефан Петер, на прес-конференцијата посветена на ефектите на странските инвестиции во развојот на домашната економија. Според Петер, соработката на домашните компании со странските инвеститори има мултиплицирачки ефекти преку генерирање поголем економски пораст, придонес кон вработувањата и трансфер на...

Штефан Питер е нов претседател на Советот за странски инвестиции

Претседателот на управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Питер, е нов претседател на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на Македонија. Питер доаѓа на местото на Хуан Педро Хименез Наваро, кој беше извршен директор на „Арчелор Митал“, а си заминува од државата од деловни причини. Одлуката за смената на претседателот на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на Македонија...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...