fbpx
Таг: стипендии

таг: стипендии

Објавени конкурсите за стипендии за ученици во Математичко-информатичката гимназија и Спортската академија

Министерството за образование и наука (МОН) вчера ги објави конкурсите за доделување стипендии за ученици во државните средни училишта „Математичко-информатичка гимназија“ (МИГ) и „Спортска академија“ во Скопје. Висината на стипендиите за средношколците од двете училишта изнесува 3.500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година. За да добијат стипендија, учениците во МИГ треба да се редовни ученици во втора,...

Ахмед прескокнал одделение како натпросечно дете, но се претопува во просечноста оти нема програми за талентирани ученици

Десетгодишниот Ахмед Смајовиќ од Скопје, годинава заврши петто одделение. Има способност брзо да чита, да разбере и да ја научи било која содржина. Посебен талент има кон математиката и странските јазици. Ужива да решава математички задачи и да учи нови зборови. Тој многу рано прозборел, а на неполни две години веќе користел реченици во својата комуникација. До својата петта...

Владата ќе дава 50 стипендии на странски студенти со македонско потекло

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од интерес за Република Северна Македонија. Станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, а кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети, и тоа: Универзитетот...

Започна исплатата на последната рата од студентските стипендии за годинава

Денеска започна исплатата на последната рата од државните стипендии што ги добиваат студентите на додипломски студии, потврдија повеќе студенти за Мета.мк. Се очекува во наредниве денови стипендиите да им бидат исплатени на сите студенти. Со ова, МОН ги заокружува сите финансиски обврски кон студентите, кога се во прашање стипендиите за оваа учебна година. Предвидено е студентите во една академска година да...

„Молкум“ укинати стипендиите за магистрите и докторантите

Само една година откако ги воведе, Министерството за образование и наука (МОН) ги укина стипендиите за студентите запишани на втор и трет циклус студии на домашните високообразовни установи. Иако беше најавено дека конкурси за овие видови стипендии ќе има, надлежното министерство очигледно се предомислило, без јавно да ја сподели одлуката. Властите, сепак, не пропуштија во повеќе прилики да се...

Објавен е конкурсот за стипендии за студенти што ќе се запишат на најдобрите 100 универзитети во светот

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот со кој за академската 2023/2024 година ќе додели стипендии за студенти што ќе се запишат на стоте најдобри универзитети во светот. Станува збор за седум стипендии за додипломски студии од прв циклус во прва година од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата,...

Студентите што земаа пониски стипендии од денеска ги добиваат зголемените износи

Денеска започна исплатата на зголемените износи за оние студенти што земаа пониски стипендии. Студентите на своите трансакциски сметки, покрај редовната исплата на месечната (пониска) стипендија, добиваат уште една исплата – толку колку што изнесува разликата од пониската стипендија до зголемената сума од 6.050 денари. Така, студент што досега земал месечна стипендија од 3.300 денари, за месец април ќе добие исплата...

МОН: Ќе се потпишуваат спогодби за ретроактивна исплата на зголемените ученички и студентски стипендии

Учениците и студентите кои добиваа пониски стипендии по последното покачување од учебната 2021/2022 година, сега ќе треба да потпишат нови договори со Министерството за образование и наука за да им биде исплатена разликата ретроактивно. Попрецизно речено, од МОН информираа дека: Сите ученици и студенти кои оствариле право на стипендија пред учебната односно академската 2021/2022 година и доставиле анекси кон нивните договори...

Како да поднесете приговор на решението за одбиена студентска стипендија?

Министерството за образование и наука (МОН) во јануари ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2022/2023 година, при што за годинава беа предвидени околу 3.000 стипендии. Одбиените кандидати кои аплицирале за студентска стипендија требаше да почекаат на домашна адреса да добијат писмено решение дека се одбиени, а потоа со истиот документ можат да поднесат жалба, информираа за...

МОН повторно најавува изедначување на стипендиите за сите ученици и студенти

Откако на почетокот од месецов Министерството за образование и наука (МОН) објави дека средношколците и студентите што земаат пониски стипендии треба да потпишат анекс на договорите за да ги земаат повисоките суми, стана јасно дека покачени стипендии ќе земаат само оние ученици и студенти кои се активни корисници на стипендија, и тоа почнувајќи од март. За учениците што во...

УСС УКИМ: Студентите ќе протестираат в петок

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) најви дека студентите ќе протестираат в петок и истакна дека нема да го прекине притисокот врз Министерството за образование и наука (МОН) „сè додека бидат обезбедени основните права и услови за секој студент“. Од УСС УКИМ истакнуваат дека протестот се должи на тоа што пред неколку месеци низ целокупната...

МОН: Исплатени се студентските и ученичките стипендии

Исплатени се средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и на  постојните корисници, информираше Министерството за образование и наука (МОН). Учениците кои правото на стипендија го оствариле во учебната 2022/2023 година на своите сметки вчера добија седум месечни стипендии, додека на студентите денеска им се исплатени шест месечни стипендии. На постојните корисници, пак, им се исплатени средствата по...

До средината на месецов, студентите ќе ги добијат средствата за субвенциониран оброк и стипендии заклучно со март

До средината на март, сите корисници на ученички стипендии, студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк ќе ги добијат средствата кои им следуваат заклучно со овој месец, информираше денеска Министерството за образование и наука (МОН). Од ова министерство велат дека постојните корисници на ученички и студентски стипендии кои ова право го оствариле во некоја од претходните учебни, односно академски години, ги...

Средношколците и студентите со пониски стипендии треба да потпишат анекс на договорите за да добиваат повисоки суми

Корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти, велат надлежните во Министерството за образование и наука (МОН). Но, за да го остварат правото...

Во „Шорткат“ известуваме за новиот простор за студентите на Машински факултет – „Фабрика за учење“

„Фабрика за учење“ е новото место на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во кое студентите можат да креираат производи со користење на работна смарт машина, 2Д камера и робот. Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ќе можете да дознаете нешто повеќе за иновативната технологија, која им овозможува на студентите од овој факултет да монтираат и создаваат свои...

Одбиените кандидати за стипендија ќе може да се жалат откако ќе им стаса решение дека се одбиени

Одбиените кандидати кои аплицирале за студентска стипендија, треба да почекаат на домашна адреса да добијат писмено решение дека се одбиени, па потоа со тој документ ќе имаат можност да поднесат жалба. Како што за Мета.мк информираат од Министерството за образование и наука (МОН), до крајот на февруари сите одбиени кандидати ќе ги имаат добиено овие решенија и тогаш ќе...

Студентите денеска ги добија на сметка и парите за оброк и парите за стипендии

Студентите денеска на своите сметки ги добија декемвриските пари за субвенциониран студентски оброк. За последниот месец од календарската 2022 година, студентите на сметка добиваат по 2.520 денари. Започна исплатата и на стипендиите за студентите кои во академската 2022/2023 го продолжија правото на стипендија. Тие на сметка добиваат средства за четири месеци, односно за месеците октомври, ноември, декември и јануари. МОН во...

Студентите што добија стипендија потребно е да потпишат договор со МОН

Откако вчера ги објави резултатите од конкурсот за доделување студентски стипендии, Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави и договорите кои студентите што оствариле право на стипендија, треба да ги потпишат со министерството. Договорите се различни за секоја од категориите студентски стипендии и можат да се најдат на интернет-страницата на МОН на овој линк. Потребно е студентите да...

МОН ги објави резултатите од конкурсот – проверете дали сте добитник на стипендија

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии кој траеше до 5 декември. За годинава, според конкурсот, се предвидени 3.000 стипендии, а воведени се и три нови категории, поради, како што рекоа од МОН, информациите за недостиг на кадар во одредени области. Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската...

Студентите што земаа пониски стипендии добиваат покачување

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти ќе земаат стипендија во висина од 6.050 денари, информираше Министерството за образование и наука (МОН). Студентите корисници на оваа категорија стипендии во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право,...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...