fbpx
Таг: Стејт департмент

таг: Стејт департмент

В.Д. заменик-помошникот државен секретар на САД Палмер во Македонија

Метју Палмер, Вршител на должноста (В.Д.) Заменик-помошник Државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе ја посети Република Македонија од 1 до 3 август, за да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа што земјата го постигна со Грција, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ, соопшти амбасадата на САД...

Европските компании кои инвестирале во руски гасовод ќе се соочат со санкции од САД

Санкции за европските компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен поток 2“ кон Германија, најави администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. - Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз -  изјави претставник на американскиот Стејт департмент. Тој додаде дека Вашингтон смета дека „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и...

САД: Реформите мора да продолжат, независно од процесот на пристапување во ЕУ

Американскиот Стејт департмент ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ да предложи план за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија во јуни 2019 година и уште еднаш ја потврдува важноста на постигнатиот Договор со Грција. Во соопштението за МИА од Стејт департментот се наведува дека планот на ЕУ зависи од натамошниот напредок во одредени области. „Одлуката на Советот ги нагласува...

САД ги охрабруваат Македонија и Грција да најдат заемно прифатливо решение

Стејт департментот ја потврдува својата континуирана поддршка за разговорите меѓу Македонија и Грција, истовремено охрабрувајќи ги лидерите на двете земји да постигнат заемно прифатливо решение, изјавија од Стејт департментот за грчката новинска агенција АНА-МПА. „САД продолжуваат да ги поддржуваат тековните разговори под покровителство на Обединетите нации за решавање на прашањето за ПЈРМ. Ги охрабруваме лидерите на Македонија и Грција да...

Стејт Департментот ги поддржува лидерите на Македонија и Грција во обидот за решение

САД и натаму ги поддржуваат актуелните преговори под водство на Обединетите нации за проблемот околу името на Македонија, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, нагласувајќи ја поддршката за решение на овој долгогодишен спор. „Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе најдат заедничко прифатливо решение за проблемот со името, што ќе биде во интерес...

Религијата и натаму игра улога во судските спорови, констатира Стејт департментот

Американскиот Стејт департмент синоќа го објави годишниот извештај за верските слободи за 2017 година, во кој во делот за Македонија се наведува дека верските разлики продолжуваат да играат улога во кривични и граѓански судски процеси. Притоа, Стејт департментот го нотира повторениот процес против владиката Јован Вранишковски. „Основниот суд Скопје лани во март го осуди Вранишковски, архиепископ на Охридска архиепископија, за перење...

Шекеринска во Стејт Департментот: Македонија е подготвена за членство во НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на вториот ден од официјалната посета на САД се сретна со заменик – помошникот на секретарот за одбрана Лора Купер и со високи официјални лица во Стејт Департментот. Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата со првиот заменик – помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Елизабет Милард, министерката...

Стејт департментот виде потчинети медиуми, напади врз новинари и недоверба на јавноста

Бројни проблеми со закани и напади со новинари, медиуми потчинети на политиката и економските интереси и недоверба на јавноста во медиумите се дел од крупните проблеми што ги нотира извештајот за состојбата со човековите права за 2017 година за Македонија, подготвен од Стејт департментот на САД. „Уставот обезбедува слобода на изразување, вклучително и на медиумите, но владиниот притисок на медиумите,...

Стејт департмент: САД ја подржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО

Американскиот Стејт департмент дава безрезервна поддршка за евроатлантската иднина на Македонија, откако земјата доби неусловена препорака од Европската комисија за започнување на преговори за членство во ЕУ. На прашањето од МИА како САД ги оценуваат напорите на новата македонска Влада за подлабоки реформи и демократизација на општеството, од Стејт департментот велат дека САД продолжуваат да работат со Македонија на овие...

Стејт департментот ѝ предложи на Москва да ги замени протераните дипломати

Стејт департментот на САД ѝ предложи на Москва да испрати нови дипломати за да ги замени 60-те кои беа протерани. „Руската влада, како и претходно, има право да побара акредитација за пополнување на слободните места во дипломатската мисија“, изјави претставник на Стејт департментот на САД, истакнувајќи дека секое барање ќе биде разгледано одделно. Тој смета дека Русија, исто така, ќе ги...

Рејтингот на Трамп и на САД секаде паѓа, освен во Македонија, Израел, Либерија и Белорусија

Една година од инаугурацијата на Доналд Трамп за нов аемрикански претседател, рејтингот на САД како светски лидер е опаднат во сите земји освен во четири, меѓу кои е и Македонија, пишува магазинот „Атлантик“ во текстот со наслов „Што имаат заедничко Израел, Либерија, Белорусија и Македонија?“ Истражувањето на рејтингот, на кој се повикува „Атлантик“ е спроведено од агенцијата „Галуп“ во 134...

Стејт департментот бара од Косово да не се укинува специјалниот суд за воени злосторства

Американскиот Стејт департмент изрази длабока загриженост поради обидите на косовскиот парламент да го укине законот за новоформираниот специјален суд за воени злосторства, кој треба да им суди на команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за злосторства извршени за време на конфликтот од 1998 до 2000 година. Вчера и Амбасадата на САД во Приштина соопшти дека го оценува како прогрешен...

Ѓорчев во Стејт департментот информирал за притворите и за политичките случувања

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, се сретнал со директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа на Стејт департментот, Метју Палмер, придружуван од Џошуа Луис и од Елејн Хенсл од канцеларијата за Македонија во Стејт департментот во Вашингтон. „Пратеникот Ѓорчев го информираше соговорникот од Стејт департментот за последните случувања поврзани со бројните притвори, затворања и упади во домови на пратеници од...

Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека дошол моментот кога Ерусалим треба официјално да биде признат како претстолнина на Израел. „Одлучен сум дека дојде време официјално да се признае Ерусалим како претстолнина на Израел. Тоа е најдобро и е во интерес на САД во процесот на решавање на ситуацијата на Блискиот Исток“, изјави Трамп. Тој рече дека САД се решителни во определбата...

Димитров – Тилерсон: Огромна е нашата посветеност да станеме дел од НАТО

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, вчера во Стејт департментот се сретнал со државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, со кој разговарал за актуелните политички состојби во Република Македонија и во регионот и го запознал со актуелностите во процесот на надминување на разликите околу спорот за името со Грција, информираат од кабинетот на министерот. - Македонија е пријател и партнер на...

Анѓушев во официјална посета на САД

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, од денеска до четврток ќе претстојува во официјална посета на Вашингтон, соопштија од неговиот кабинет. Анѓушев во главниот град на САД ќе учествува на Трансатлантскиот форум во организација на „Школата за напредни меѓународни студии“ на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Стопанската комора на САД и Центарот за трансатлантски односи. „За време на посетата планирано е вицепремиерот да...

Тилерсон: Работиме 26 години заедно во поддршка на аспирациите на Македонија

Државниот секретар на САД,  Рекс Тилерсон, ја честиташе 26-годишнината од независноста на Република Македонија. Tој во име на Владата на САД изрази најдобри желби за луѓето во Македонија. „Работиме заедно 26 години во поддршка на аспирациите на Македонија за влез во Европската Унија и во НАТО. Ја поздравуваме акцијата што ја презеде новата Влада да ја демонстрира посветеноста кон демократските...

САД ѝ наредија на Русија да го затвори конзулатот во Сан Франциско

Американскиот Стеј департмент денеска соопшти дека генералниот руски конзулат во Сан Франциско и уште две канцеларии во Вашингтон и во Њујорк мора да бидат затворени до 2 септември. Ваквата одлука била донесена како одговор на наредбата на официјална Моксва САД да го редуцираат дипломатскиот персонал во Русија. „Во духот на еднаквоста (во дипломатските мисии) на кој се повикува Русија, бараме од...

Антисемитизмот на Неделковски и мешањето на власта во религијата во извештајот на САД

Религиските групи во Македонија тврдат дека владата ја фаворизира Македонската православна црква – Охридска архиепископија, стои во годишниот извештај верските слободи во Македонија за 2016 година. Во извештајот се наведува дека Уставот на Македонија забранува верска дискриминација и ја гарантира верската слобода и верското изразување, но и дека само пет верски заедници се наведени во Уставот. Останатите треба мора да се...

Стејт департмент: Договорот за добрососедство ќе придонесе за стабилност на регионот

Соединетите Американски Држави им честитаат на Македонија и на Бугарија за потпишување на Договорот за добрососедство и за пријателство, се вели во соопштението на Стејт департментот. „Овој важен, прогресивен договор ги препознава веќе силните врски помеѓу двете земји и отвора врата за уште поблиска соработка, која се проширува и во други области како инфраструктурата и културата. Потпишувањето на овој Договор ќе придонесе...

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...