понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Стејт департмент | 99 резултати

Владата по негативниот извештај на Стејт Департментот: Силно сме спротивставени на корупцијата

јули 25, 2021

Владата на Северна Македонија со исклучително внимание ги разгледува сите наоди и аспекти од извештајот на Стејт департментот на САД, после што забелешките ќе бидат адресирани до засегнатите чинители со цел уште повеќе да ги зајакнеме антикорупциските политики и да ја подобриме инвестициската клима во земјава, соопшти владината прес-служба, по најновиот извештај на Стејт Департментот […]

Корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Северна Македонија, нотирано е во Извештајот на Стејт департмент

јули 24, 2021

Во најновиот Извештај за инвестициска клима за 2021 на американскиот Стејт департмент се вели дека корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Македонија иако законската рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди. Во однос на законите се нотира дека тие често се менуваат, што креираат „непредвидлива средина за бизнис која води до корупција“. […]

И лица во Грција кои работат против Договорот од Преспа, може да се најдат на црна листа на САД

јуни 18, 2021

Oние што работат против Договорот од Преспа и во држави надвор од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Грција, ќе можат да се најдат на црна листа на САД, изјави за „Гласот на Америка“ портпаролот на Стејт департментот. „Извршната наредба 14033 дозволува санкции против оние што ја потценуваат стабилноста на Западниот Балкан, каде и да се […]

Димитров-Дерек Шоле: Одложувањето на преговорите може да придонесе за нестабилизација на регионот

јуни 10, 2021

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров телефонски разговараше со Дерек Шоле, Советникот на Стејт департмент и посебен советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, со надлежност во однос на важни прашања од надворешната политика. Како што соопштија од кабинетот на Димитров, се разговарало за статусот на европското досие на Северна Македонија и актуелните […]

Каракачанов: Нема основа нацијата создадена во Москва да има малцинство во Бугарија

април 1, 2021

На само еден ден откако се нафрли на Стејт Департментот на САД, нарекувајќи ги „никаквеци“ поради тоа што во годишниот извештај за човековите права за Бугарија побарале да се признае македонско малцинство во земјата, Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на националистичката ВМРО-БНД, денеска повторно во телевизиско гостување излезе со […]

Каракачанов: Никаквеци во Стејт Департментот виделе Македонци во извештаите на соросоидни организации

април 1, 2021

Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на националистичката ВМРО-БНД, коментирајќи го последниот годишен извештај на Стејт департментот за човековите права, вчера за „Пик.тв“ искажа огромно незадоволство и навреди за забелешките дадени за земјата, посебно во поглед на тоа дека во Бугарија има етнички Македонци на кои не им е дозволено […]

Стејт Департментот одобри продажба на 54 „Страјкери“ на АРМ за 210 милиони долари

март 17, 2021

Американскиот Стејт Департмент денеска одобри продажба на 54 Лесни оклопни возила (ЛОВ) „Страјкер“ за АРМ, соопштија македонското Министерство за одбрана и американската Агенцијата за безбедносна соработка во одбраната-ДСЦА. Продажбата е дел од големата операција за модернизација на АРМ, во која централен дел се лесните оклопни возила „Страјкер“ и JLTV (Joint light tactical vehicle – здружено […]

Глас на Америка: Стејт департментот одблизу ја следи ситуацијата со Мијалков

февруари 22, 2021

Свесни сме за овие извештаи, и ја следиме ситуацијата одблизу, изјави кусо портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка, по повод бегството на Сашо Мијалков. Министерството за внатрешни работи (МВР) веќе распиша меѓународна потерница по поранешниот шеф на тајната полиција. Мијалков е во бегство од вчера. Јавното обвинителство соопшти дека полицијата го известила оти […]

Стејт департмент: Спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија да се решава надвор од пристапниот процес за ЕУ

ноември 18, 2020

САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови надвор од пристапниот процес, за да се постигне заедничката цел за членство на Северна Македонија во Европската Унија, јави Гласот на Америка. „Ние сме јасни во нашата желба да видиме кандидатурата на Северна Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на оваа […]

Медиумите зависни од политиката и бизнисот, а новинарите незаштитени

март 20, 2020

Американскиот Стејт департмент минатата недела го објави извештајот за состојбата со човековите права во 2019 година во Северна Македонија, во кој, освен напредокот постигнат во одредeни области, има и сериозни забелешки. На состојбата со слободата на говорот и на медиумите ѝ е посветено големо внимание. Има сериозни примери на прекршување на ова основно човеково право, […]

Стејт департмент: Владата постигна напредок во почитувањето на слободата на медиумите

март 12, 2020

Американскиот Стејт департмент во Годишниот извештај за човековите права во Македонија за 2019 година нагласува дека владата лани постигнала напредок во почитувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување во земјава. Сепак, Стејт департментот констатира дека сѐ уште постојат проблеми што се провлекуваат од минатите години, како што е насилството и заплашувањето на новинари. […]

Палмер опоменува: Нерасчистувањето на „Рекет“ ќе ги поткопа изгледите за преговори со ЕУ

август 5, 2019

Американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер смета дека ако не се заврши истрагата за случајот „Рекет“, во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, може да бидат поткопани изгледите на Северна Македонија за почеток на долгоочекуваните пристапни преговори со Европската Унија. Тој порачува и дека двете најголеми партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ мора […]

Стејт департментот со критика за борбата на Северна Македонија против трговијата со луѓе

јуни 21, 2019

Крупни забелешки за властите на Северна Македонија во поглед на борбата против трговијата со луѓе дава Стејт департментот на САД во својот најнов извештај за состојбата со трговијата со луѓе во светот за 2019 година. Извештајот почнува со забелешка дека власта не ги исполнува целосно минималните стандарди за сузбивање на трговијата со луѓе, но и […]

Стејт Департментот во извештајот користи наоди од „Метаморфозис“ и „Опсерваторијата на медиумските реформи“

март 14, 2019

Американскиот Стејт Департмент во најновиот Извештај за човекови права ги цитира наодите добиени со периодичниот извештај за статусот на медиумските реформи кој беше изработен во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој го спроведуваа Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), „Изготвен од Фондацијата „Метаморфозис“, „Агора“ […]

Одиме во НАТО по брзата патека (видео)

февруари 12, 2019

Денеска на платото пред владата, на свечена церемонија се крева знамето на НАТО. Иако Македонија, со потпишувањето на пристапниот протокол доби место во Алијансата, постојат повеќе чекори до полноправното членство. Најкус период во кој што една земја станала полноправна членка по по потпишување на пристапниот протокол биле девет месеци. Толку чекале Хрватска и Албанија, чии […]

Бујар Османи на молитвениот појадок во Вашингтон

февруари 4, 2019

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи неделава ќе престојува во неколкудневна работна посета на Вашингтон, во рамките на која ќе учествува и на традиционалниот молитвен појадок во организација на американскиот претседател, Доналд Трамп. Покрај тоа, предвидени се средби со луѓе од Белата Куќа,  од Стејт Департментот, меѓу кои и со заменик помошникот државен секретар на […]

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан денеска во Македонија

декември 18, 2018

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан денеска ќе престојува во посета на Скопје. Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат прес-конференција во Владата на Македонија, а ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов. Саливан е највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на […]

Груби во САД на средби во Конгресот и Стејт Департментот

декември 5, 2018

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство со САД, Артан Груби ќе престојува во Соединетите Американски Држави од 5 до 9 декември, каде што ќе реализира работни средби со конгресмени и сенатори во Американскиот Конгрес, но и во Сенатот и Стејт Департментот, информираат од собраниските служби. На средбите, како што стои […]

Стејт департмент: На Груевски треба да продолжи да му се суди во Македонија

ноември 22, 2018

Американскиот Стејт департмент одблизу го набљудува случајот со Никола Груевски, особено откако му е одобрен азил во Унгарија, пишува денеска унгарскиот весник „Nepszava”. Стејт департментот, на барање на унгарскиот весник, ја повторува својата позиција посочувајќи дека на Груевски му е изречена казна затвор од две години по „темелен и транспарентен судски процес”. Од Стејт департментот […]

САД: Руските тврдења дека сме се мешале во гласањето во Парламентот се дезинформации

октомври 24, 2018

Американскиот Стејт департмент ги оцени како неразумни и како обид за дезинформација и пропаганда, обвинувањата на Русија дека САД се инволвирани во неодамнешното гласање во Парламентот на Република Македонија со кое се даде зелено светло за отпочнување со уставните измени во земјата. „Секое тврдење дека претставници на Американската амбасада биле инволвирани во процесот на гласање […]

Страна 2 од 5