fbpx
Таг: стечај

таг: стечај

Финансиската полиција поднесе пријава против досегашниот директор на „Фени“

Два дена откако бугарската „Енекод“, која се претстави како нов сопственик на „Фени индустри“, во Централниот регистар впиша нови директори на кавадаречкиот гигант и го избриша името на поранешниот главен извршен директор Јусуф Миракхмедов, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава за Миракхмедов. Го сомничи за злоупотреба на службена должност и овластување. Низ истрагата во текот на две седмици, Финансиската полиција утврдила...

Синдикатот на „Фени“ не прифаќа стечај

Синдикатот на „Фени“ не прифаќа стечај и најави дека со штрајкови ќе ги блокира и судот и банките ако дојде до тоа, јавува „Сакам да кажам“. Вчера трите најголеми доверители на металуршкиот гигант, „Комерцијална банка“, „Стопанска банка“ - АД Скопје и „Силк роуд банка“ до надлежниот суд во Велес поднеле предлог за почнување стечајна постапка за компанијата за фероникел од...

„Фени“ оди во стечај, банките бараат нов инвеститор за да наплатат 40 милиони евра долг

„Комерцијална банка“, „Стопанска банка - Скопје“ и „Силк банка“, како најголеми доверители на „Фени индустри“, денеска во судот во Велес поднеле барање за поведување стечајна постапка за компанијата, за која велат дека им должи 40 милиони евра. Како што рече Хари Костов, главниот извршен директор на „Комерцијална банка“, барањето е за преструктурирање и за реорганизација на „Фени индустри“, бидејќи...

ЗНМ: Менаџментот на МПМ, наместо да ја реши кризата, се пресметува со новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази загриженост поради опасноста „Медиа принт Македонија“ (МПМ), која поседува четири весници, еден магазин и еден интернет-портал, да оди под стечај. ОД ЗНМ велат дека намерата на сопствениците и на менаџерите на МПМ не е да ја решат кризата во компанијата, туку полека да ги згаснат весниците преку постојано отпуштање на новинарите, што,...

ССНМ: Правосудните и истражните органи да ги испитаат случувањата во МПМ

Шпекулациите за стечај на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), проследени со конкурси за вработување на новинари во фирма со слично име во сопственост на еден од директорите на МПМ, се последниот чин од драматичното пропаѓање на оваа медимска куќа, која уште еднаш потврди дека нема чесни намери кон своите вработени, велат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Оттаму...

Изградбата на ски-центарот на Кожуф пропадна, компанијата оди под стечај

За компанијата „Ски Кожуф“, која е требаше да го гради ски-центарот на Кожуф во Основниот суд Велес е отворена стечајна постапка, јавува порталот „Дума“. За стечаен управник е именуван Богољуб Макревски, а испитното рочиште и извештајното собрание се закажани за 11 јануари 2017 година. Изградбара на ски-центарот на Кожуф почна во 2000 година, а во него се инвестирани околу 20 милиони...

Кривична пријава за шест директори на бившиот концесионер на „Злетово“ и „Тораница“

Пробиштипската полиција поднела кривична пријава против шестмина директори на индиската компанија „Индоминелари и метали“, која до неодамна беше концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и предизвикување на стечај со несовесно работење, оштетување или повластување на доверители, информира денеска МВР. Првосомничен е индискиот државјанин П.А.М. (70), а меѓу осомничените се и...

Имотот на „Злетово“ и „Тораница“ под хипотека, „Минстрој“ не може да работи

Новиот концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“, бугарската компанија „Минстрој“, нема да може да го користи погонот за флотација, без кој не е можен производствениот процес.  Тој нема да може да го користи и останатиот имот на досегашниот концесионер „Индоминерали и метали“, затоа што е ставен под хипотека. Основниот суд во Штип треба да одлучи што со хипотеката, откако Собранието на доверители...

Прогласен стечај со ликвидација во рудниците Злетово и Тораница

Претесна беше судницата на судиjката Маја Џорлева во Основниот суд во Штип, за да ги прими сите доверители, претставници на синдикатот, адвокати и заинтересните концесионери на стечајното рочиште за рудниците Тораница и Злетово. Претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и за рударство, Пеце Ристевски, истакна дека е одлучено да се покрене стечај по пат на ликвидација, што било заедничка иницијатива на...

СДСМ: По ножиците на Груевски, скратени егзистенции

Додека Груевски секој ден зборува за виртуелни инвестиции, во реалноста секој ден работници остануваат на улица без работа или без плати, обвинуваат од СДСМ. Од партијата велат дека според последните информации, вработените во руската фармацевтска компанија „Продис“ десет месеци немаат земено плата, а компанијата имала и огромни долгови кон голем број домашни компании. „Директорот на комапнијата се пожали на лоша финансиска...

Рудниците Добрево и Тораница отидоа под стечај

Основен суд Штип денеска донесе одлука рудниците Добрево и Тораница, кои беа сопственост на индиската фирма „Индоминерали и метали“, да заминат во стечај. Со ова, 1.000 рудари од Пробиштип и од Крива Паланка останаа без работа. Стечајот го покрена скопска фирма „Автотехна“ ДОО Скопје, а подоцна се приклучија и уште тројца доверители. Сидникатите на рудниците Добрево и Тораница сметаа дека брзото завршување...

Рударите бараат стечај за рудниците Добрево и Тораница

Сидникатите на рудниците Добрево и Тораница сметаат дека брзото завршување на предстечајната постапка и прогласувањето стечај е најдоброто решение за нив, по повеќе од два месеци штрајк. Рударите во тој случај ќе добијат шестмесечен надомест со здравствено осигурување. Вработените веќе три месеци немаат земено плата, а засега нема никаков одговор од раководството на „Индоминерали и метали“. Рударите велат дека извршителите...

Детроит излезе од стечај

Градот Детроит излезе од стечај по банкротирањето во 2013 година. Градските и државните власти постигнаа спогодба за отпишување на седум милијарди долари од вкупниот долг од 18 милијарди долари. Планот вклучува и инвестиции вредни 1,4 милијарда долари, што ќе ја подобрат градската инфраструктура. Банкротот е предизвикан со смалување на бројот на жители, а во периодот меѓу 2000 и 2010 година Детроит загуби 250.000...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...