вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: ставови | 66 резултати

Фондот за обнова и отпорност – нова финансиска инјекција во ЕУ

28 април 2022

Фoндот за обнова и отпорност е најголемиот дел од Инструментот „Нова генерација ЕУ“, тежок околу 800 милијарди евра, востановен за да се поттикне развојот по пандемијата. На овој фонд отпаѓаат 672,5 милијарди евра, од кои 312,5 милијарди се дотации (грантови), додека 320 милијарди евра се заеми. Фондот поддржува шест т.н. столба: 1) зелена транзиција; 2) […]

ЕУ во трка за енергија

6 април 2022

Кога пред околу една година се вжешти кризата со енергенсите малкумина предвидуваа дека тоа ќе биде подолгорочно. Агресијата на Русија врз Украина целосно ги промени прогнозите и плановите, а енергетиката уште поцврсто се поврза со гео-политиката. Зависноста од руските енергенси (гас – 45,3%, нафта – 27%, јаглен – 46%) ги оневозможи поострите санкции на ЕУ […]

Нова криза – ветви пораки за Западниот Балкан

22 март 2022

Во последната турнеја на Западниот Балкан, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата Жозеф Борел избра да ги посети Албанија, Македонија и Босна и Херцеговина. Изборот му паднал на во моментов најпослушните и на во моментов најризичниот. Се чини дека Србија и Косово ќе беа преголем залак за […]

Новите барања за членство во ЕУ: Нов тест за интеграцискиот капацитет на ЕУ

9 март 2022

Неколку дена по руската инвазија, Украина поднесе барање за членство во ЕУ. Украинскиот претседател побара „итен прием“, што беше поддржано со истовремено писмо од осум држави членки на ЕУ (сите од Централна и Источна Европа освен Романија и Унгарија). Тие побараа од другите држави членки да овозможат брза постапка во институциите на ЕУ „да спроведат […]

Санкциите кон Русија: крешендо

3 март 2022

За една седмица Европската унија во три наврати (на 23, 25 и 28 февруари 2022) воведуваше нови санкции или ги менуваше постојните санкции кон Русија. Тие претходно беа најавувани на високо ниво, па се создаде и конфузија околу тоа за кои санкции се преговара, а кои се веќе во сила. Покрај внатрешните договарања, ЕУ ги […]

Без пластични кеси – повидлива Зелена агенда

8 февруари 2022

Неодамна беше објавено дека во Македонија веќе првиот месец по забраната на употреба на неразградливи пластични кеси, нивната употреба (во маркетите) се намалила за 4-10 пати, а остварен е и приход од продажбата на пластични кеси од 235.000 евра. Конечно – тоа е добра вест. Да ја погледнеме најпрвин пошироката слика – каде се наоѓаме […]

За здравјето се работи

31 јануари 2022

Да не беше пандемијата предизвикана од Ковид-19, здравството веројатно ќе останеше под радарот на вниманието на европската и нашата јавност. Здравството е област на споделена надлежност меѓу ЕУ и државите членки. Додека државите членки ги утврдуваат и обезбедуваат нивните здравствени услуги и грижата за здравјето, Унијата ги дополнува нивните национални политики со цел подобрување на […]

(Не)ефективноста на ЕУ во поддршката за владеење на правото на Западниот Балкан

17 јануари 2022

И самиот наслов „Поддршката на ЕУ за владеење на правото на Западниот Балкан: и покрај поддршката, опстојуваат темелните проблеми“ на неодамна објавениот специјален извештај на Судот на ревизори на ЕУ е индикативен за неговата содржина. Во овој Извештај Судот на ревизори на ЕУ ја оценувал ефективноста на поддршката на ЕУ за владеење на правото спроведена […]

Боите на Француското претседателство со ЕУ

6 јануари 2022

Франција на почетокот на нејзиното претседателствување на ЕУ ги обои своите знаменитости со боите на Европската Унија. Меѓутоа, дури и симболиката не помина без контроверзи. Француската крајна десница олицетворена во Мари Ле Пен, која инаку се залага за излегување на Франција од ЕУ, остро регираше поради замената на француското знаме со знамето на ЕУ под […]

Eвропскиот зелен договор две години потоа

27 декември 2021

Зелениот договор од 2019 година е прв стратешки приоритет на овој состав на Европската комисија. Тој има три главни цели: Европската унија да стане неутрална во поглед на стакленичките гасови до 2050 година; Економскиот раст да се раздвои од користењето на ресурсите; Ниеден човек и ниедно место да не биде запоставено. За првата цел, која […]

Нетранспарентноста на Европската инвестициона банка и проектите на Балканот

13 декември 2021

Една неодамна објавена вест – дека Европската инвестициона банка (ЕИБ) ја усвоила новата политика на транспарентност – немаше да биде вест, доколку не ѝ претходеше бурна расправа за нетранспарентноста на оваа финансиска институција на ЕУ. За жал, веста не носи нови вести – новата политика на транспарентност на ЕИБ всушност ја потврдува старата нетранспарентност. По […]

Европското јавно обвинителство – заштита на европските пари, но и повеќе од тоа

1 декември 2021

Дека градењето на институциите во ЕУ е долг и сложен процес добро го илустрира примерот на Европското јавно обвинителство. Институцијата се создаваше 25 години. По иницијалните предлози и дискусии, правната основа беше создадена со Договорот од Лисабон во 2007 година. За Предлогот на регулативата за основање поднесен во 2013 година се расправаше цели четири години […]

И натаму во потрага по „душата на Унијата“

21 септември 2021

Под насловот „Јакнење на душата на нашата Унија“, претседателката на Европската комисија на 15 септември оваа година го поднесе нејзиниот втор годишен говор за состојбите во Унијата. Аналитичарите, преку анализа на содржината, побрзаа да извлечат заклучоци за смената на приоритетите од минатата година до денес. Така, европскиот портал „Политико“ ќе забележи дека оваа година, претседателката […]

Балканските патишта кон ЕУ: Србија – регионалната ѕвезда на вакцинацијата во геостратешкиот мозаик

21 март 2021

Последниве неколку месеци, Србија е ѕвездата од Балканот на вакцинацијата против КОВИД-19. На сите графикони по сите социјални мрежи следени од милиони луѓе ширум можете да ја забележите Србија на челните места по процентот на вакцинираност на населението. Славата ја стекна не затоа што беспоговорно ја следеше ЕУ, туку токму заради спротивното – затоа што […]

Емиграцијата: балкански симптом

22 февруари 2021

Според податоците на Атласот на емиграција на ЕУ 2020, емиграцијата од шесте држави на Зaпадниот Балкан во ЕУ изнесува скоро 3 милиони луѓе – поточно 2.990.000. Во ЕУ со валидни дозволи за престој на крајот на 2019 година биле над 2.400.000 лица од Западниот Балкан. За околу 60.000 лица во 2019 година било утврдено дека […]

Демографските промени во Европската унија: од Исток кон Запад

13 февруари 2021

Во период кога пописот е една од најактуелните теми кај нас, вреди да се погледне пошироката слика, односно барем некои од главните демографски прашања во ЕУ, особено оние поврзани со последните проширувања. Дека населението во светот старее не е ништо ново. Европската унија е меѓу најзасегнатите од овој глобален тренд. Главниот предизвик е растот на […]

Новиот пакт за миграција и азил – можна ли е „флексибилна солидарност“?

5 февруари 2021

Во септември 2020 година Европската комисија поднесе низа документи, со кои се предлага ревизија на политиката на ЕУ во областа на миграцијата и азилот. Покрај коминикето „Нов пакт за азил и миграција“, Комисијата предложи измени на сите главни директиви од оваа област, план за реализација, како и неколку препораки и насоки. Ревизијата го признава неуспехот […]

Заштитата на личните податоци – одново во фокусот

30 јануари 2021

Го одбележавме и 28 јануари – Европскиот ден за заштита на личните податоци. Веројатно немаше да биде толку забележан во нашата јавност, ако не коинцидираше со скандалот на тешко нарушување на приватноста – скандалот „Јавна соба“. Во 1981 година на овој ден Советот на Европа ја отвори за потпис Конвенцијата 108 за заштита на личните […]

Португалско претседателство – ништо спектакуларно во најава

15 јануари 2021

Од 2010 година, по Лисабонскиот договор, покрај програмата на претседателството на ЕУ, кое трае шест месеци, се воведе и Програма на т.н Трио. Триото го сочинуваат три држави кои редоследно претседаваат со ЕУ. Во програмата на Триото Германија – Португалија – Словенија (1 јули 2020 година – 31 декември 2021 година) изрично се поздрави одлуката […]

Плановите на ЕУ за 2021 година – амбиција со внимателност

31 декември 2020

Да се осврнеме најпрвин на долгорочната рамка на планирањето во ЕУ. Првпат оваа година трите институции – Европскиот парламент, Советот и Комисијата донесоа заклучоци за подолгорочните политички цели – за периодот 2020-2024. Целите се на линија на Стратешката агенда на Европскиот совет од 2019 година за овој политички мандат на европските институции, со една значајна […]

Страна 2 од 4