fbpx
Таг: статистика

таг: статистика

Лани сме испуштиле над 70 милиони метри кубни фекалии во реките и подземните води (инфографик)

Процентот на непречистени отпадни води испуштени директно во водотеците, подземните води и акумулациите лани се намалил за 4,7 отсто, но оваа статистичка бројка не го менува фактот дека најголемиот дел од фекалиите во земјава и понатаму завршуваат како непречистени во нашиот воден фонд. Од вкупното количество на испуштени отпадни води во 2019 година, 67,5 отсто биле непречистени, додека 32,5%...

МВР: 13 лица во државен карантин заради непочитување на мерките за изолација и самоизолација

Од 12 јуни заклучно со денес, полицијата спроведе 13 лица во државен карантин поради непочитување на решенијата за изолација и самоизолација, информираат од Министерството за внатрешни работи. Меѓу лицата е и еден полициски службеник, а против сите нив ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Воедно, лицата што се спроведени во државен...

Македонското население старее, училиштата се празнат

Негативните демографски трендови земаат сè поголем замав во нашата земја, а тоа најдобро го илустрираат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за движењето на бројот на живородените, за старосната структура на населението,  како и за бројот на ученици во основното, средното и високото образование во периодот 2009-2019 година. Според процената на населението (состојба на 31.12.2019 година), во нашата...

Загубите на вода во водоводните системи лани биле намалени, но далеку од потребното ниво (инфографик)

Водоводните претпријатија лани успеале да го намалат нивото на неприходувана вода на национално ниво за приближно 3 отсто, но тоа е далеку од прифатливите меѓународни стандарди за процентот на загуби на вода за пиење во водоводните системи. Од 271.262.710 метри кубни вода, колку што била произведена од водоводните системи во земјава лани, дури 175.349.029 метри кубни вода (64,64 отсто)...

Во 2019 година за 4,8 отсто намален бројот на починати од насилна смрт

Минатата година од насилна смрт починале 454 лица, што е намалување од 4,8 отсто во однос на 2018 година. Според полот, како и во претходните години, и во 2019 година поголемо учество во цифрите за насилна смрт имаат машките лица, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС). Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи...

За 15 години двојно зголемен бројот на повредени велосипедисти во сообраќајни несреќи (инфографик)

Бројот на сообраќајни несреќи во кои учествуваат велосипедисти за период од една и пол деценија речиси двојно се зголемил. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2019 година во сообраќајни незгоди загинале тројца велосипедисти, додека 232 возачи и патници на велосипеди биле повредени. Ваквата бројка е помала во споредба со 2018 година, но значително поголема ако се...

Преработувачката индустрија во мај работела со 65,4 отсто од нормалното искористување на капацитетите

Корона кризата предизвика лоши оценки од раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за состојбата во која се наоѓала оваа стопанска гранка во текот на минатиот месец. Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија се намалил за три процентни поени во однос на април 2020 година и изнесува 13, а во однос на мај 2019 година е намален за 8...

Анализа: Цените на становите во „тивок“ пад, условите за станбени кредити „олабавени“

Од 1.100 евра за метар квадратен во скопската општина Аеродром, до 900 евра за метар квадратен во населбата Карпош 4. Цените на становите се детерминирани од различни фактори, локација, година на изградба... но, кризата поради ковид-19 не го заoбиколи ниту овoј бизнис, особено градежништвото, преку високоградба, односно изградба на станови. Официјалните статистики покажуваат драматичен пад на издадени одобренија за...

Метежот на улиците ни е секојдневие, а сме на дното во Европа по број на автомобили по глава на жител (инфографик)

Северна Македонија е една од земјите во Европа со најниска стапка на моторизација на населението. Позади нас се единствено Албанија, Косово и Турција, покажуваат податоците на „Евростат“. И покрај ова, сообраќајниот метеж во нашите градови е секојдневна појава, додека проблемот со паркирањето расте секојдневно, особено во главниот град. Во 2018 година во нашата земја биле регистрирани вкупно 415.062 патнички...

Регистрирани 175 новозаболени од ковид-19, бројот на активни случаи е 1.687

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19. Во главниот град е евидентиран 131 новозаразен пациент, во Куманово 24, во Штип, Струга, Гостивар, Прилеп и во Свети Николе по двајца, во Тетово петмина, во Велес четворица и во Охрид еден новозаразен пациент. Денеска Институтот за јавно здравје...

Корона кризата во април удри и по обемот на работа на градежниците

И градежниот сектор ги чувствува ефектите од епидемијата на коронавирусот во нашата земја. Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2020 година биле издадени 173 одобренија за градење, што е за 27,9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува околу 59,3 милиони евра, што е...

Во Скопје и Охрид најмногу пријави за каснување од куче во последните 4 години

На територија на државата во последните четири години, најмногу пријави за каснување од куче имало во Скопје. До Секторот за внатрешни работи во Скопје пристигнале 1.454 пријави, за кое претходно пишуваше Мета.мк. Но ова е проблем со кој се соочуваат и граѓаните од останатите места во државата. Пријави за каснување од куче евидентирани се и во другите сектори на Министерството...

За еден месец 5.783 лица во изолација и 2.216 во самоизолација (инфографик)

Во тек е вториот бран на корона вирусот, расте бројот на новозаразени, а со нив и бројот на лицата што одат во изолација и самоизолација. За еден месец, од 8 мај до 9 јуни, Министерството за внатрешни работи евидентирало 5.783 лица на кои им биле издадени решенија за изолација, а 2.216 потпишале изјави за самоизолација. Нивниот број почнува да расте...

БДП со раст од 0,2 отсто во првoто тримесечје од годинава

Денешните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2020 година имал раст од 0,2 отсто. Главен придонес во растот на БДП од јануари до март дале секторите  информации и комуникации (10,4 отсто), дејностите со недвижен имот (6,5 отсто), а раст имало и кај уметност, забава и рекреација и други услужни...

Во последните 4 години, 1.454 граѓани пријавиле каснување од куче, обесштетувањето достигнува и до 2.000 евра

Во периодот 2017-2020 година на територија на Град Скопје, вкупно 1.454 граѓани пријавиле каснување од куче во Министерството за внатрешни работи. Најмногу од нив се однесуваат на минатата година, кога се евидентирани 618 пријави. За првите пет месеци од годинава, МВР регистрирало 310 пријави по овој основ. Секој граѓанин кој што ќе биде нападнат или каснат од бездомно куче има...

Корона кризата доведе македонските аеродроми да изгубат половина милион патници

Корона вирусот и неговото четиримесечно ширење во нашата земја нанесува сериозни штети по авиосообраќајот. Поради одлуката на 18 март да се затворат двата аеродрома како мерка за спречување на ширењето на Ковид-19 во Македонија, до крајот на мај биле изгубени околу половина милион патници во авиосообраќајот. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во април 2020 воздухопловниот превоз...

Се намалува бројот на венчавки, институцијата брак на испит

Пандемијата на корона вирусот, која направи значителна блокада на општествено-социјалниот живот на граѓаните, го закочи и онака забавениот процес на склучување  бракови во земјава. Во изминатите месеци на живеење со Ковид-19, со забраната за масовни собири, веселби и дружења, дојде до масовно откажување на претходно закажаните свадби и венчавки за наесен, па и за подолго, а мал број од...

Лани 11 радиодифузери помалку емитувале радио и телевизиска програма во земјава

За само една година бројот на радиодифузери што емитувале радио и телевизиска програма во земјава се намалил за 11 правни субјекти. Од вкупно 118 радиодифузери во 2018 година, лани во Македонија со радиодифузна дејност се занимавале 107 правни субјекти. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), 62 радиодифузери емитувале радиопрограма, додека 43 од нив емитувале телевизиска програма. Заедно со...

Петта година по ред се намалува бројот на родени деца, мајките раѓаат сè подоцна во животот

Во Македонија лани се родиле најмал број на живородени деца за периодот од 1994 до 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со 19.845 живородени деца, во 2019 година било забележано намалување за 7 отсто кај бројот на живородени деца во однос на претходната година. Ваквите загрижувачки бројки за наталитетот во земјава се повторуваат веќе петта година...

НБРМ: За една година пораст од 12,1 отсто на потрошувачките кредити за домаќинствата

Во април годинава вкупните кредити на домаќинствата забележале раст од 9,4 отсто во однос на истиот месец минатата година. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, годишниот кредитен раст кај домаќинствата изнесува 10,2 отсто, соопшти Народната банка на Македонија (НБРМ). При тоа, од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...