fbpx
Таг: статистика

таг: статистика

ДЗС: Заклучно со вчера, попишани се 308.551 граѓани

Државниот завод за статистика (ДЗС) ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. „Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308. 551 лице. Само вчера беа попишани 114.308 лица.Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се...

АНАЛИЗА: Цените на становите зголемени за 4 отсто, бројот на одобренија за нови згради пораснал за 35 отсто

Значајно поскапување на становите, односно недвижностите во првиот економски квартал. Во истиот период регистриран е и раст на бројот на издадени одбренија за изградба на згради, пишува „Порталб“. На територијата на дел од општините кои беа под мораториум за градба – се враќа машинеријата. Летен „залет“ на градежништвото, становите поскапеа Од 2015 година, во вториот кавртал од годинава е регистриран највисок раст...

Стојанов: Неопходно е да се анализира зошто имаме од 20 до 30 починати дневно

Потребно е да направи анализа и да се види зошто е голем бројот на смртни случаи како последица на ковид-19. Година и половина се занимаваме со пандемија, но сепак бројот на починати граѓани е голем, вели д-р Александар Стојанов, епидемиолог и поранешен директор на Центарот за јавно здравје. Според евиденцијата на Министерството за здравство, бројот на смртни случаи во...

Земјава со најголем раст на бројот на вакцинирани против ковид-19 во регионот

Земјава е лидер во регионот по бројот на граѓани кои се вакцинирани со барем една доза од вакцината против ковид-19 во изминатиот месец и половина. Според последните податоци, во периодот од 5-ти јули до 24-ти август, бројот на барем една аплицирана доза на сто жители во земјата е зголемен за повеќе од 14 отсто, што е највисок напредок во...

Контраспин: Спиновите како „статистичка операција“ против пописот

Ако се погледне историјатот на барањата за одложување на пописот на населението што треба да го спроведе власта под раководство на СДСM и ако се погледнат аргументите и „аргументите“ при секое такво проблематизирање на пописот, не изненадува и сегашното барање од страна на ВМРО-ДПМНЕ за електронски попис на само 10 дена пред спроведувањето на истиот. И повторно, со аргументи...

Македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава со речиси 400.000 патници

Низ портите на двата македонски аеродрома во периодот јануари-јуни 2021 година минале 393.391 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Притоа, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ се регистрирани вкупно 19.502 патници, додека воздухопловниот превоз на Меѓународниот аеродром Скопје во првото полугодие се состоел од 373.889 патници. Со олабавувањето на рестриктивните мерки и намалувањето на бројот на активни случаи...

По страшниот рекорд од 2019, дивата сеча на шумите лани делумно ставена под контрола [инфографик]

Бесправната сеча на дрвја во земјава е горлив проблем поради кој продолжува да се уништува шумското богатство. Само во 2020 година, регистрирани се 19.282 метри кубни бесправно исечена дрвна маса од шумскиот фонд на земјава, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Ситуацијата лани била подобрена во споредба со претходните години, но треба да се земе...

Возењето џип најмногу загадува, велосипедот и јавниот превоз најеколошки [инфографик]

Старите половни дизелаши испуштаат најмногу штетни гасови во атмосферата, додека велосипедот како превозно средство е убедливо најеколошко од аспектот на спречување на климатските промени. Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање објавени на веб-страницата klimatskipromeni.mk покажуваат дека меѓу дизелашите најголеми загадувачи се џиповите, односно теренските возила. Во нивната анализа е направена споредба на различни видови на возила во...

Глобалното затоплување носи опасност од долготрајни суши и екстремни бури во земјава [инфографик]

Зголемувањето на просечните температури на воздухот во земјава ја носи опасноста од долготрајни сушни периоди и екстремни бури со временски непогоди кои можат да предизвикаат штети. Просечните количества на врнежи на годишно ниво во земјава драстично флуктуираат од година во година во изминатиов тридецениски период, иако бројките генерално низ годините покажуваат зголемување на количеството на врнежи. Податоците на Министерството за...

Лани во земјава регистрирани само 685 дивоградби, во некои општини на хартија нема бесправна градба

Арачиново, Валандово, Врапчиште, Вевчани, Дебрца, Дојран, Долнени, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Липково, Крушево и Центар Жупа се само дел од 30-те македонски општини во кои официјално лани се граделе објекти само по прописи. Во овие делови на земјава не се регистрирани бесправно изградени објекти, барем не на хартија. Во реалноста, и во овие помали општини, но и во поголемите...

Пандемијата предизвика во 2020 година да имаме рекорден број на починати – над 25.000 лица (инфографик)

Ковид-19 пандемијата и нејзиното влијание врз здравјето на населението предизвика во С. Македонија во 2020 година да починат за 26 отсто повеќе лица во споредба со претходната година. Лани починале 25.775 жители, и тоа е најголем број на починати на годишно ниво од 1995 година наваму, покажува Годишниот извештај за Морталитетот во Република Северна Македонија. Притоа, ковид-19 се искачил како...

Ковид пандемијата го зголеми бројот на починати лица за 36 отсто во првиот квартал од годинава

Загрижувачки бројки на Државниот завод за статистика за бројот на починати лица во првиот квартал од 2021 година. Дури 6.925 лица починале во периодот јануари-март 2021 година, што претставува зголемување од 35,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година. „Природниот прираст е негативен и изнесува - 3 029, што значи бројот на живородените деца е помал од бројот...

Премалку селектираме отпад во земјава, затоа имаме преполни депонии и минорно рециклирање [инфографик]

Селекцијата на отпадот што го создаваме во секојдневието е прашање на кое македонските граѓани придаваат многу мало значење. Со години наназад, статистичките податоци покажуваат дека измешаниот комунален отпад доминира во количеството што секојдневно го собираат јавните комунални претпријатија и другите субјекти овластени за управување и третман со отпадот. Од 2014 година до денес, период за кој постојат податоци од Државниот...

Авиосообраќајот во земјава само во февруари изгубил 120.000 патници, во Европа авиокомпаниите на колена [инфографик]

Ковид-19 пандемијата продолжува да го зема својот данок. Од двата македонски аеродроми во февруари 2021 година биле превезени само 46.159 патници, што е намалување за 120.000 патници во споредба со идентичниот месец лани. Охридскиот аеродром речиси и да немал сообраќај, во вториот месец од годинава го користеле единствено 990 патници, додека преостанатите граѓани патувале од/до Меѓународниот аеродром Скопје. Само во...

Откако студентите и средношколците не патуваат поради ковид-19, возовите се попразни од кога било претходно [инфографик]

Патничкиот железнички сообраќај во земјава продолжува да руши неславни историски рекорди, коишто лани беа предизвикани првенствено од ковид-19 пандемијата. Со возовите лани биле превезени скромни 253.058 патници, информираат за „Мета.мк“ од Железници на РСМ-Транспорт. Од железничкиот превозник велат дека намалувањето на превезените патници во земјава е за околу 50 отсто во споредба со 2019 година, а притоа треба да се...

Во јануари полесно се дишело во Скопје, во декември воздухот позагаден во споредба со минатата зима [инфографик]

Загадувањето на воздухот во Скопје и тековнава зима останува голем проблем за граѓаните, и покрај тоа што официјалната статистика од Министерството за животна средина и просторно планирање покажува нешто помало аерозагадување како просечни вредности во споредба со минатата зимска сезона. Податоците од мерните станици поставени во главниот град покажуваат дека во декември 2020 година имало поголемо загадување на воздухот во...

Поради ковид-19, со јавниот превоз во Скопје лани превезени за 30 милиони патници помалку [инфографик]

Ковид-19 пандемијата предизвика намалување на бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз на историски најниско ниво. Автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници лани превезле 27.709.556 патници, што е за речиси 30 милиони патници помалку во споредба со 2019 година. Во годината пред ковид кризата, јавниот превоз во Скопје го користеле над 57,2 милиони патници. Статистичките податоци покажуваат дека...

Просечната нето-плата во ноември 2020 изнесувала 27.588 денари

Просечната месечна нето-плата по вработен во ноември 2020 година, изнесувала 27.588 денари и е за седум отсто повисока во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Просечната бруто-плата, пак, изнесувала 41.141 денар и е за 7,4 отсто повисока во однос на ноември 2019 година. „Зголемувањето на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна...

МВР вчера регистрира 331 прекршок за неносење маска, казнети 203 возачи во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 331 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оттаму исто така информираат дека при сообраќајните контроли во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 санкции. Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 19 санкции за...

Лани 646 граѓани пријавиле каснување од бездомно куче, „Лајка“ заловила околу 150 кучиња

Минатата година пораснал бројот на пријави до полицијата за каснување од бездомни кучиња на територијата на Град Скопје, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Лани, пријавени се 646 случаи по горенаведениот основ и имајќи ја предвид ситуацијата со полицискиот час и карантинот на почетокот на пандемијата со корона вирусот, сепак нема намалување на бројот на каснување од бездомни кучиња....

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...