fbpx
Таг: статистика

таг: статистика

Економијата закрепнува, пораст од 3,1 процент на БДП во вториот квартал

Стапката на пораст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2018 година е 3,1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2018 година, номинално расте за 3,2 проценти, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 69,6 проценти. Во истиот период, извозот на стоки и...

Во првите пет месеци бројот на туристи зголемен за 15 проценти

Во првите пет месеци од годината, во однос на истиот период лани бројот на туристите е зголемен за 15, 1 проценти, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 7,8 проценти, а кај странските има зголемување за 19 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 13,6 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за...

Во првиот квартал, уделот на земјоделството во БДП пораснат за 5,1 отсто

Во земјоделството е забележан пораст од 5,1 отсто во првиот квартал, во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период земјоделство, шумарство и водостопанство учествуваат со 6,6 отсто во домашниот бруто-производ, за разлика од истиот период во 2017 година, кога овој процент изнесувал 1,5. „Високиот раст во областа на земјоделството се должи на повисока откупна...

Просечната нето-плата во јануари изнесувала 24.025 денари

Просечната месечна нето-плата исплатена во јануари изнесува 24.025 денари и е зголемена за 5,5 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (37,3 проценти), рударство и вадење на камен (20.3 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (12,5 проценти). Од...

Домашното бруто-производство на струја учествува со 79,6 проценти во потрошувачката

Во август годинава, потрошени се 564.426 мегават-часови електрична енергија, 22.137 милиони кубни метри природен гас, 422.280 тони јаглен и 100.127 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 79,6 проценти во домашната бруто-потрошувачка, додека 95,7 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Бројот на туристи зголемен за 15,8 отсто во првите осум месеци во однос на лани

Во првите осум месеци годинава бројот на туристите е зголемен за 15,8 отсто во однос на истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има зголемување за 6,6 проценти, а кај странските за 22,7 проценти. Бројот на туристите во август изнесува 188.758 и во однос на истиот месец лани е зголемен за 20,4 проценти, а бројот на ноќевањата изнесува 766.844...

Буџетот и јавниот долг достапни на веб-страницата на Министерството за финансии

Министерството за финансии информира дека на неговата веб-страница се направени промени на структурата, па сега на посетителите лесно достапни ќе им бидат извршувањето на буџетот, како и јавниот долг и долгот на државата. „За да се подобри транспарентноста и отчетноста на јавните финансии, на официјалната интернет-страница додаден е посебен оддел „Статистика“, во кој лесно достапни се сите поважни информации, како што...

Минимално зголемување на цените на угостителските услуги во однос на лани

Цените на угостителските услуги за периодот јануари-април 2017 година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 0,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во април, во споредба со март 2017 година, пак, се зголемени за 0,8 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0,1 отсто, безалкохолни пијалаци за 0,7 отсто и...

Во првите три месеци, извозот и увозот зголемени за 10 отсто во однос на лани

Извозот во првите три месеци од годинава изнесува 1.202.883.000 долари и бележи пораст од 10,7 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период, увозот изнесува 1.655.213.000 долари, што е за 10,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 452.330.000 долари. Трговската размена по производи...

Алкохолот поевтинил, храната поскапела во март

Индексот на цените на угостителските услуги во март годинава во споредба со февруари е зголемен за 0,1 отсто, а притоа алкохолот поевтинил, додека храната поскапела, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Храната поскапела за 0,2 отсто, безалкохолните пијалаци за 0,1 отсто, а алкохолните пијалоци поевтиниле за 0,4 отсто. Индексот на цените на угостителските објекти во март годинава...

Повеќе од 80 отсто од потрошената електрична енергија била од домашно производство

Во декември минатата година, вкупно се потрошени 840.394 мегават-часови електрична енергија, 46.663 милиони кубни метри природен гас, 469. 206 тони јаглен и 87. 872 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 81,1 отсто во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 95,6 отсто од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на...

Трошоците за живот во јануари минимално се зголемени во споредба со претходниот месец

Трошоците за живот во јануари во однос на претходниот месец се поголеми за 0,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Зголемување на трошоците е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 4,5 проценти, свежото и разладеното овошје за 3,4 проценти, млекото за 1,4 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 1,3 проценти, сирењето и урдата за 0,6 проценти, шеќерот,...

Бројот на туристи лани е зголемен за 5 проценти во однос на 2015 година

Бројот на туристи лани е зголемен за 5 проценти, во однос на 2015 година објави Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи зголемувањето е за 4,8 проценти, а кај странските за 5,1 процент. За истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,8 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 3,6 проценти, а кај странските за 1,7 проценти. Според податоците...

Германија со рекорден трговски суфицит во 2016 година

Извозот на стоки на Германија минатата година се зголемил на рекордно ниво благодарение на зголемената побарувачка од земјите на Европската Унија, што придонело за зголемување на трговскиот суфицит на земјата на рекордно ниво од 252,9 милијарди евра, соопшти денеска германската сојузна канцеларија за статистика, јавуваат светските агенции. Минатата година најголемата европска економија извезла стоки во вредност од 1.207,5 милијарди евра, односно...

Стапката на невработеност во Шпанија, најниска во последните седум години

Стапката на невработеност во Шпанија на крајот од 2016 година паднала на 18,6 отсто, што е најниско ниво во последните седум години, соопшти денеска Националниот институт за статистика. Бројот на невработените во последното тримесечје е намален за 83.000, на 4,2 милиони луѓе. Во соопштението се наведува дека стапката на невработеност во текот на годината опаднала за 2,3 отсто. Шпанија, сепак, останува...

Странските инвестиции во првите десет месеци во 2016 година биле 197 милиони евра

Во првите десет месеци од 2016 година, во Македонија влегле 197 милиони евра странски инвестиции, покажуваат податоците од Народната банка. Споредено со првите десет месеци во 2015 година, странските инвестиции бележат опаѓање за 8,3 милиони евра. Само во октомври лани, приливот на странски капитал во земјава изнесувал 14,5 милиони евра и споредено со октомври 2015 година, кога вкупните странски инвестиции изнесувале 50 милиони...

Лани компаниите реализирале промет околу 17 милиони евра

Лани, 54.431 деловен субјект во Македонија реализирале вкупен промет од 17.316.520 евра и созделе додадена вредност од 3.702.504 евра, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во истиот период тие вработиле 368.067 лица. „Во споредба со 2014 година, бројот на претпријатија се зголеми за 1,3 отсто, а зголемување е забележано и во бројот на вработени за 4,2 проценти и додадената...

Во 2015 година склучени повеќе бракови отколку претходната година

Бројот на склучените бракови во 2015 година, во споредба со 2014 година е зголемен за 2,7 отсто и изнесувал 14.186, а лани е забележено и незначително, но сепак намалување на бројот на разводите, покажува анализата на Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1.844 или 13 отсто, се склучени во август, а најмалку – 702 или 4,9 отсто во март. Најчесто е стапувањето...

Индустриското производство зголемено за 5,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство во првите девет месеци е зголемено за 5,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државен завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во септември годинава во однос на истиот месец лани, е зголемено за 0,3 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи зголемување од 4,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична...

Производството на електрична енергија учествува со 67,04 проценти во потрошувачката

Во август сме потрошиле 553.525 мегават-часови електрична енергија, 3.328 милиони кубни метри природен гас, 424.537 тони јаглен и 121.903 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 67,04 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 96,76 проценти од вкупното потрошено количество јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...