fbpx
Таг: статистика

таг: статистика

Во февруари издадени 248 одобренија за градба, за 62,1 отсто повеќе од истиот месец лани

И во корона криза, продолжува темпото на градење и на издавање градежни дозволи. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, во февруари 2020 се издадени 248 одобренија за градење, што е за 62,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Од нив, најмногу, или 71 дозвола, се издадени за Скопскиот регион и во Полошкиот регион, 45....

Вода за пиење ќе имаме сѐ помалку ако не ги намалиме губитоците (инфографик)

Дури 93 отсто од македонските домаќинства имаат пристап до вода за пиење од водовод. Водата за пиење во нашата земја се смета за универзално загарантирано право кое треба да биде достапно за сите, по што е можно пониска цена. Граѓаните негодуваат пред секое зголемување на сметките за вода, исто како и во моментите кога мора да се воведат рестрикции...

Превозот на стоки со воз во март намален за околу 20 отсто, нема доцнења на испораката

Железници на РСМ - Транспорт во март 2020 година регистрирале намалување на обемот на превезена стока за околу 20 отсто во товарниот железнички сообраќај, споредено со март 2019 година. Станува збор за првични показатели, а конечните податоци сѐ уште се обработуваат. Сепак, епидемијата на корона вирусот во нашата земја нема директно влијание врз функционирањето на товарниот железнички сообраќај. Кинеската...

Во јануари и февруари 334 милиони евра дефицит во трговската размена

Вкупната трговска размена со странство во првите два месеца од годинава, јануари и февруари, изнесува 2,3 милијарди евра, соопшти Државниот завод за статистика, ДЗС. При тоа, вредноста на извозот на стоки од Македонија е 977 милиони евра и бележи пораст од 3,4 отсто, во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, изнесува 1,3 милијарди...

Уриваме рекорди – лани сме увезле 41.479 половни возила (инфографик)

Дури 41.479 половни возила биле увезени лани во нашата земја, покажуваат податоците на Царинската управа. Станува збор за втора рекордна година по бројот на увезени стари возила откако во 2009 година беше дозволен увозот на половни возила под поволни услови. Најголем дел од она што пристигнува од странство се патничките автомобили, и тоа вкупно 38.580 само во текот на...

Рударскиот сектор создал над 7.000 тони опасен отпад во 2018 година

Компаниите од разни сектори во Македонија во 2018 година создале вкупно 1.143 илјади тони отпад. Од ова количество, 98,21 отсто се неопасен отпад, а 1,79 отсто е опасен, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС. Од создадениот отпад, 1.145 тони е складиран. Најмногу имало отпад во секторот преработувачка индустрија, 531.762 тони или 46,54 отсто. Од ова количество,...

Индустриското во февруари поголемо за 3,5 отсто во однос на истиот месец лани

Индустриското производство во февруари годинава е поголемо за 3,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, додека во првите два месеца од 2020 година, во однос на истиот периодот лани, е зголемено за 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика, ДЗС. Според податоците, во секторот рударство и вадење на камен во февруари годинава, во однос на истиот месец лани,...

Над две третини од вкупниот промет во 2018 година го реализирале трговијата и преработувачката индустрија

Според последните, дефинитивни податоци на Државниот завод за статистика, во 2018 година деловните субјекти во државата реализирале за 9,1 отсто поголем промет и за 7,6 отсто зголемена додадена вредност, во однос на претходната година. Предоминантно пазарно ориентираните деловни субјекти, кои во 2018 година ги имало 58.231, во коио биле ангажирани 396.629 вработени лица, оствариле вкупен промет од 1.312.068 милиони денари...

ДЗС: Лани стапката на невработеност била 17,3 отсто

Во минатата година активното население изнесувало 964.014 лица, од кои вработени биле 797.651, а 166.363 лица биле без работа, објави Државниот завод за статистика, ДЗС. Стапката на активност лани изнесувала 57,2, стапката на вработеност 47,3, додека стапката на невработеност била 17,3 отсто. Според податоците на ДЗС, стапката на вработеност во 2018 година изнесувала 45,1 отсто, што значи дека за една...

Просечната плата во јануари изнесува 27.540 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2020 година, изнесува 27.540 денари, или 447 евра, објави Државниот завод за статистика, ДЗС. Според податоците, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, изнесува 112,3, односно просечната нето плата во јануари годинава е за 12,3 отсто повисока од онаа исплатена...

Бројот на домашни и странски туристи во јануари зголемен за 12,7 отсто

55.266 домашни и странски туристи во јануари 2020 година ги посетиле туристичките локалитети во нашата земја, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевања изнесува 109.733. „Бројот на туристи во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемен за 12,7 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6,9 отсто“, се вели во соопштението на...

И покрај ветувањата за пораст, трговската размена меѓу Албанија и Македонија во надолна линија

Албанија и Македонија продолжуваат со слаб индекс на перформанси во однос на трговската размена. За време на заедничките меѓувладини состаноци, шефовите на двете држави се заложија дека ќе ја зајакнат соработката меѓу двете земји. Но, официјалните бројки за увоз - извоз не го покажуваат тоа, пренесува „Порталб.мк“. Првата меѓувладина средба меѓу Албанија и Македонија, што се одржа на 16 декември...

Трошоците на живот за една година се зголемиле за 0,7 отсто

Индексот на трошоците на живот во февруари 2020 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100,1, а индексот на цените на мало 99,7. Или, за еден месец трошоците пораснале за 0,1, а инфлацијата паднала за 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. Додека на годишно ниво, минатиот месец во споредба со февруари 2019 година, индексот на трошоци на живот...

БДП лани достигна 3,6 отсто, за 0,1 отсто повеќе од проекциите на Владата

Државниот завод за статистика ги објави податоците за трендот на бруто-домашниот производ, БДП, кој во последниот квартал на 2019 година, во споредба со истиот квартал во 2018 година, е повисок за 3,4 отсто, а вкупниот пораст на БДП за 2019 година изнесува 3,6 отсто, што ја надминува проектираната стапка на Владата од 3,5 отсто. Според проекциите на Владата, во 2020...

Во јануари за 3,2 отсто помалку вработени во индустријата

Бројот на работници во индустријата во јануари годинава е помал за 3,2 отсто во споредба со јануари 2019 година, објави Државниот завод за статистика, ДЗС. Тоа е резултат на намалувањето на бројот на работниците во сите сектори. Така, во секторот рударство и вадење на камен има опаѓање од 1,3 отсто, во преработувачката индустрија од 3,5, а во секторот снабдување...

Извозот во јануари зголемен за 10,1 отсто, дефицитот достигна 116 милиони евра

Вкупната обем на размената со странство во јануари годинава изнесувал 1.029.944 илјади евра, при што вредност на извозот на стоки од Македонија била 457.194 илјади евра, за 10,1 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, пак, изнесувала 572.750 илјади евра, што е за 0,5 отсто повеќе во...

Стапката на невработеност падна за 3,2 отсто за една година и изнесува 16,6 отсто

Во Македонија се намалува бројот на невработените, а се зголемува на вработените. Тоа го покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, од добиените резултати на Анкетата за работна сила за четвртото тримесечје од 2019 година. Според нив, активното население во Македонија изнесува 968.604 лица, од кои вработени се 807.362, а 161.242 лица се невработени. Стапката на активност во...

Минимален пораст на индустриското производство од само 0,3 отсто

Последните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, покажуваат дека индексот на индустриското производство во јануари 2020 година, во однос на истиот месец минатата година, изнесува 100,3, односно порастот е само 0,3 отсто. Гледано по сектори, најголем пораст имало кај секторот рударство и вадење на камен, каде во јануари, во споредба со јануари 2019 година производството е зголемено за...

Низ старите цевки и со дивите приклучоци губиме една третина од водата за пиење во Скопје (инфографик)

Околу една третина од вкупните количества вода за пиење што во 2018 година влегле во цевките од скопскиот водоводен систем се фактурирани како губитоци на вода, покажува Годишниот извештај од работењето на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Во водоводниот систем на главниот град исчезнале 34.158.252 метри кубни вода, што е повеќе од вкупните количества вода што на годишно...

Пазарот најмногу бара трговци и продавачи

Во четвртото тримесечје од 2019 година стапката на слободни работни места во државава изнесува 1,77 отсто, објави Државниот завод за статистика, про што најголем број слободни работни места, односно 3.114, има во петтата група на занимања, работници во услужни дејности и продажба, односно трговци и продавачи. Слично е и во речиси сите квартални статистички извештати веќе подолг период наназад,...

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...