fbpx
Таг: статистика

таг: статистика

Бројот на разводи лани пораснал за 22,8 отсто, тој на склучени бракови поголем за 2,4 отсто

Бројот на разводи во нашата земја расте со позасилено темпо од склучените бракови. Државниот завод за статистика во 2019 година регистрирал 1.990 разведени бракови, што претставува зголемување од 22,8 отсто во однос на претходната година. Лани пак биле склучени 13.814 бракови, односно за 2,4 отсто повеќе во однос на 2018 година. Податоците покажуваат дека најатрактивен месец за склучување бракови бил...

ДЗС: Просечната плата во март била 26.422 денари, за 7,4 отсто повеќе од истиот месец лани

Просечната нето плата исплатена по вработен во март годинава изнесува 26.422 денари или 430 евра и таа е за 7,4 отсто повисока од онаа во истиот месец минатата година. Или, според денешните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, индексот на просечно исплатена нето-плата по вработен во март 2020 година, во однос на март 2019 година, изнесува 107,4. Зголемувањето е...

Минатата година рекордна посетеност на кината во Македонија

Во 15 киносали низ државата, минатата година биле прикажани 1.139 филмови и 15.667 кинопретстави. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на посетителите достигнал 539.218, што е рекорден број во последните 10 години. Во интервју за „Мета.мк“, првиот човек на Кинотека на Северна Македонија, Владимир Ангелов, ги истакна своите претпоставки за можната рекордна посетеност на кината која се должи...

Грција сепак не е европски шампион за Ковид-19

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Во првите три месеци за 17 проценти е зголемен бројот на пријави во МВР за семејно насилство

Во периодот јануари - март годинава, 255 лица биле жртви на семејно насилство што е зголемување за 17 проценти во однос на истиот период минатата година, кога бројот на жртви изнесувал 217, покажува статистиката што МВР ја достави до Мета. Во 2018 година пак, оваа бројка била 236. Бројот на сторители на овие кривични дела, исто така пораснал за 19...

МВР за еден ден евидентирал 112 лица што не носат маски, казните се по 20 евра

Министерството за внатрешни работи (МВР) во своите соопштенија почна да објавува статистика и за тоа колку граѓани се затекнати без носење на лична заштита на јавно место. Полицајците само во текот на изминатото деноноќие евидентирале 112 лица кои ја прекршиле оваа владина мерка. Неносењето маска на носот и устата повлекува прекршочна казна во износ од 20 евра, а според...

Корона вирусот во март го намали бројот на туристи во земјава за 67,3 отсто

По континуираниот раст на македонскиот туризам во изминатите неколку години, епидемијата на корона вирусот доведе до намалување на бројот на туристи во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во март 2020 година изнесувал 17.943, кои оствариле вкупно 41.948 ноќевања. Бројот на туристите во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бил намален за...

Најголем дел од фекалиите што ги создаваме се влеваат непречистени во реките и езерата (инфографик)

И по изградбата на неколку пречистителни станици за отпадни води во земјава, најголем дел од фекалиите што ги создаваме се влеваат непречистени во нашите реки, езера, акумулации и подземни води. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека загрижувачки 72,2 отсто од вкупното количество на создадени отпадни води се влеваат непречистени во подземните и надземните води. Во 2018 година во...

Лани имало 2.000 нови приклучоци на парно во Скопје, но нема развој на дистрибутивната мрежа

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) лани регистрирала 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2019 година, бројот на потрошувачи на топлинска енергија се зголемил на 57.517, од кои над 53.000 се приклучени на системот на БЕГ. Станува збор за рекорден број на корисници на централното...

Инвестирањето во намалување на загубите на води е до 40 пати поевтино од барањето нови извори (инфографик)

Македонија е една од земјите во кои најголем потрошувач на водата за пиење се самите системи за снабдување со вода на општинските јавни претпријатија. Со дотраените цевки од кои протекува вода, неконтролирањето на дивите потрошувачи на вода, непоставените мерачи за потрошена вода и неутврдениот начин на контрола на питката вода што се троши за полевање на јавните површини и...

Извозот во првиот квартал опаднал за 10,8 отсто, увозот намален за 6,3 отсто

Епидемијата со корона вирусот ги покажува првите поконкретни негативни последици по македонската економија. Извозот во првиот квартал од 2020 година изнесувал 1.552.953.000 американски долари и истиот бележи пад од 10,8 отсто во однос на истиот период од минатата година, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Вредноста на увезената стока во истиот период изнесувала 2.116.414.000 американски долари,...

И по Ласкарци, најголем дел од увезените автобуси се половни (инфографик)

И по тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци што се случи во февруари лани, Македонија продолжува со зголемување на увозот на половни автобуси и минибуси од странство за превоз на патници. Податоците од Царинската управа покажуваат дека не само што не се намалил, туку во 2019 година бил постигнат рекорд во увозот на стари и веќе употребувани превозни средства во...

Индексот на бројот на работници во индустријата во март опаднал за 4,5 отсто

Корона вирусот уште во март почнала да влијае на намалување на бројот на работници во македонската индустрија. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работници во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, изнесува 95,5. Намалувањето од 4,5 отсто за третиот месец од годинава влијаело и на вкупното намалување на индексот...

Короната го урна ависообраќајот – за два месеца „изгубени“ 300.000 патници (инфографик)

Затворањето на македонските аеродроми заради спречување на ширењето на корона вирусот веќе предизвика значајни штети во авиосообраќајот во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека низ двата аеродрома во првиот квартал од годинава минале 429.869 патници, односно за над 50.000 помалку во споредба со идентичниот период лани. Бројот на патници во првите три месеци од годинава е...

Индустриското производство во март се намалило за 13,4 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2020 година опаднал за 13,4 отсто во однос на март 2019 година. Индексот на индустриското производство во првиот квартал од годинава е намален за 3,7 отсто во споредба со периодот јануари - март 2019 година. Гледано по сектори, најголем пад на индустриското производство во текот на март...

ДЗС: Потребите за струја во февруари биле поголеми за 38,5 отсто во споредба со истиот месец лани

Во февруари годинава вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесувала: 758.271 мегават-часови електрична енергија, 25.888 милиони нормални кубни метри (нм3) природен гас, 558.203 тони јаглен и 73.252 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика, ДЗС. При тоа, бруто домашното производство на електрична енергија учествувало со 63,4 отсто во бруто потрошувачката на струја, додека 97,6 отсто од вкупната потрошувачка на...

На универизтетите во Македонија предаваат 4.437 професори и соработници

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставниците и соработниците во високообразовните установи во академската 2019/2020 година изнесува 4.437. Од нив 2.176 се жени. Статистиката покажува дека бројката од претходната година се зголемил за вкупно 114 лица, односно 61 наставник и 53 соработници. Највисок вкупен број на просветни работници има на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ односно 1.819...

Хелсиншки: Двојно се зголемени случаите со говор на омраза во споредба со минатата година

Хелсиншкиот комитет за човекови права информираше дека во текот на март 2020, регистрирале 110 случаи за говор на омраза, што е за 100 проценти повеќе за истиот временски период лани. „Најголем број од регистрираните случаи се однесуваат на ситуацијата со пандемијата со вирусот Ковид-19, воведувањето на вонредна ситуација од страна на Претседателот на Република Северна Македонија и со тоа полициски...

Просечната нето-плата во земјава во февруари се искачила на 442 евра

Просечната исплатена нето-плата во земјава февруари 2020 година изнесувала 27.206 денари или 442 евра, објави Државниот завод за статистика. Индексот на просечната исплатена нето-плата по вработен во февруари 2020 година, во однос на идентичниот период лани, изнесувал 112,5, што значи дека платите во земјава пораснале за 12,5 отсто во однос на оние што биле исплатени во февруари 2019 година. Ваквото зголемување...

Загубите на вода во скопскиот водоводен систем лани биле минимално намалени (инфографик)

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од Скопје лани успеало само минимално да го намали годишниот процент на неприходувана вода. За една година, нефактурираната вода во скопскиот водоводен систем опаднала за само 0,55 отсто, и тоа од 62,93 отсто на 62,38 отсто. Генерално земено, екипите на ова јавно претпријатие успеале да ги намалат физичките губитоци на водата за пиење во...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...