Таг: Сретен Стојковски
таг: Сретен Стојковски
Инспекторатот за животна средина на мака: Работат 29 луѓе, а треба да има 53
Од тројца нововработени инспектори во Државниот инспекторат за животна средина минатата година, еден воопшто не се појавил на работа. Добил веднаш отказ, а другите двајца продолжиле на обука за да добијат лиценца за работа. Малерите за институцијата која хронично кубури со кадар не завршуваат тука, бидејќи оваа година нема да имаат можност за нови вработувања.
Во оваа институција во моментов...
Топланите во Скопје можат да користат мазут само ако нема гас и тоа најдолго десет дена
Еколошките дозволи кои ги имаат топланите „Запад“ и „Исток“ дозволуваат да користат мазут само десет дена во случај ако немаат гас и тоа е состојбата што во моментов инспекторите на Државниот иснпскторат за животна средина можат да ја дозволат. Што се однесува до топланата „Скопје Север“, одлуките за нејзината работа ги носи Градот Скопје, информираше денеска директорот Сретен Стојковски...
ДИЖС: Државата треба да обезбеди средства за решавање на арсенот во Лојане и отпадниот гипс во Згрополци
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) врши инспекциски надзори и од извршените контроли на старите еколошки загадувања само го известува Министерството за животна средина, но нема други обврски поврзани со санирањето на жешките еколошки точки во земјава.
„Министерството треба да обезбеди средства овие локации да бидат прописно заградени и означени, како и да обезбеди средства и за нивна ремедијација. Инспекторатот...
Инспекторите за животна средина се селат во странство, директорот Стојковски бара да му одобрат нови вработувања
Само 21 инспектор има Државниот инспекторат за животна средина, иако според систематизацијата треба да има 53 вработени. Тоа е една од причините што во првите шест месеци од годината редовните инспекциски надзори се намалени за 47, во однос на претходниот шестмесечен период.
До крајот на годината Инспекторатот треба да вработи тројца нови инспектори, двајца водостопански и еден за природа, кои...
Инспекторите за животна средина за шест месеци изрекле казни од вкупно 380.000 евра
Државните инспектори за животна средина, за шест месеци, во периодот од јули до крајот на 2021 година, изрекле девет парични казни во вкупна висина од 380.000 евра. Три од казните, две за Булмак од Пробиштип и една за Бучим од Радовиш, се по 100.000 евра.
Директорот на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Сретен Стојковски денеска информираше дека Инспекторатот во...
Загадувањето на воздухот изминативе денови не е од индустријата, велат од Инспекторатот за животна средина
Нема загадување на воздухот од големите индустиски капацитети, информираше денеска на прес конференција директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. Инспекторите направиле контроли во повеќе индустриски капацитети, меѓу кои и „Макстил“, Цементарницата „Усје“, во депонијата „Дрисла“ и во големите енергетски компании, каде констатирале дека нема отстапувања на емисиите од дозволените вредности. Повеќето од овие компании имале и...
„Дрисла“ не смее да депонира опасен отпад и мора да ја смени интегрираната дозвола
Депонијата „Дрисла“ не смее да прими и третира 26 видови на опасен отпад, бидејќи нема соодветна инсталација за тоа. Ова е едно од повеќето решенија на Државниот инспекторат за животна средина, за кои денеска информираше в.д. директорот Сретен Стојковски. „Дрисла“ ќе мора да побара и измена на А-интегрираната дозвола која ја обнови во февруари годинава, според која има дозвола...