fbpx
Таг: средношколци

таг: средношколци

Порталб: Во две од четирите средни училишта е докажано дека се земале пари за издавање свидетелства

Веста на Порталб.мк во врска со училиштата кои прават „пазар“ со свидетелствата што законски се бесплатни за учениците, денеска официјално беше потврдена од Просветниот инспекторат, по завршувањето на неколкудневната инспекција во четири средни училишта. Имено, во две од четирите училишта, кои беа предмет на инспекција, беше потврдена продажбата на свидетелства. Сепак, и покрај ова, против училиштата не се преземени конкретни...

Стручното образование сè попривлечно за новите средношколци

Што да се избере, гимназија или стручно училиште? Ако до пред извесно време, мнозинството деветтоодделенци избираа да учат во гимназија наместо во стручно училиште, по четирите дена од првиот уписен рок, впечатокот е дека нештата полека се менуваат. Некои од стручните училишта го бележат најдобриот упис во последната декада, а некои гимназии пак, за прв пат по подолго време...

ЈСП: Бесплатниот превоз за ученици и средношколци во Скопје не важи за време на летниот распуст

ЈСП-Скопје ги информира основците и средношколците дека ученичките билети за бесплатен превоз не важат за време на летниот распуст. Наместо бесплатен превоз, во претстојните летни месеци на основците и на средношколците им се нуди можност да купат месечен билет по повластена цена. Месечен билет за јули или август чини 600 денари, информираат од ЈСП. Месечниот билет за основците и средношколците...

МОФ организираше натпревар за најдобар средношколски бизнис план

Во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ), a со поддршка од Американската амбасада во Северна Македонија, денеска беше организиран натпреварот во бизнис планови “YES TEAM FOR THE WIN!”, информираат од МОФ. Станува збор за средношколски натпревар, во кој пет младински тимови ги презентираа своите бизнис-идеи пред жири комисијата, борејќи се за главните награди на овој натпревар. Во жири комисијата на...

Успешно заврши необичната учебна година, одржана во вонредни околности и проследена со протести

Онлајн настава
Како што почна, така и заврши – наместо училишно ѕвоно, крајот на учебната 2020/2021 година го огласи затворањето на дигиталниот прозорец од платформата преку која учениците следеа настава. Изминативе девет месеци и за учениците и за наставниците беа особено необични, зашто за првпат во нивните животи, целата учебна година ја поминаа дома пред екраните на своите лаптопи или компјутери. Откако нејзиниот...

Сè е подготвено за спроведување на државната матура, на 5 јуни ќе се одржи првото полагање

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура за над 15 илјади матуранти. Учениците од завршната четврта година во средното образование ќе го полагаат првиот екстерен испит по предметот мајчин јазик, како еден од четирите - два екстерни и два интерни предмети во рамки на концептот за полагање матура годинава, договорен помеѓу надлежните институции и претставниците на средношколците организации,...

„LifePal“ – победници на Националниот натпревар на ученички компании

Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2020/2021 година, организиран од Џуниор Ачивмент Македонија, е ученичката компанија „LifePal“ од скопската гимназија Никола Карев. Нивната компанија нуди интересно и практично решение за непредвидливи ситуации од секојдневниот живот на училиште, работа или при рекреација. Неопходните сетови претставуваат мали пакетчиња составени од неколку производи, кои ќе бидат лесно достапни од...

Лука Павиќевиќ е нов претседател на Сојузот на средношколци

На Вториот конгрес на Сојузот на средношколци што се одржа викендов, Лука Павиќевиќ е избран за нов претседател на Сојузот на средношколци со освоени 69 отсто од сите претставници што учествуваа на физичкото и онлајн гласање. Противкандидатот Емира Хусовиќ на гласањето освои 31 отсто од гласовите. Како избран претседател на Сојузот на средношколци, Павиќевиќ должноста ќе ја преземе на...

МОН апелира до средношколците да не ја бојкотираат наставата, Законот за учебници не ги засегнува нив

Министерството за образование и наука (МОН) упатува апел за разумност и повторно приклучување на наставата на изолирани групи на ученици во неколку училишта во државата, кои по насоки од родителите и старателите ја бојкотираат наставата. „Дигитализацијата на материјалите за учење е дефинирана во новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали и предвидено е истата да се случува...

Од идната учебна година учениците од средните стручни училишта ќе добијат стипендии до 3.500 денари

Министерството за образование и наука (МОН) за наредната учебна година обезбеди фонд од околу 60 милиони денари за 2.200 стипендии за ученици од прва година во средните стручни училишта. Со овој фонд, предвидено е 1.500 ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование, во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите...

Објавен конкурсот за упис во средните училишта, има 30.053 слободни места

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година. Согласно конкурсот, во 109 средни училишта има вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки, од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралелки, 9.261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование,...

Андреј Шекеров е најдобриот средношколец на Државниот натпревар по програмирање

Андреј Шекеров, ученик во четврта година во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ е овогодинешниот најдобар средношколец на 32. Државен натпревар по информатика, кој викендов се одржа во просториите на Семос Едукација во Скопје и во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Со своите 295 освоени поени, Андреј Шекеров е вистинска инспирација за натпреварувачите од пониските одделенија...

Објавен повик за средношколски натпревар „Водните ресурси во моето место на живеење: минато, сегашност, иднина“

По повод одбележувањето Cветскиот ден на водата – 22 март и со цел да се фокусира вниманието на средношколците за важноста за одржливо управување на водата, граѓанската организација Еко логик (Eco Logic) во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“ го објавува повикот за средношколците од источниот дел од Македонија на тема: „Водните ресурси...

Во една просторија државна матура ќе полагаат 15 ученици, пред влез во училиштата ќе се мери температура

Министерството за образование и наука (МОН) го објави протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура која ќе се одржи на 5 јуни. Со него е предвидено при влегување во училиштето да се врши мерење на температурата на секој ученик и секој инволвиран во реализација на државната матура, како и дезинфекција на рацете. Задолжително...

Средношколци од Прилеп со бизнис идејата „MultiBox” победија на натпреварот на Џуниор Ачивмент Македонија

Со решение што на потрошувачите им нуди практично и интересно парче мебел „MultiBox” средношколците од средното училиште Кузман Јосифовски – Питу од Прилеп победија на натпреварот во претприемнички вештини организиран од Џуниор Ачивмент Македонија. Нивната бизнис идеја е коцка мебел која се трансформира во столче, масичка и фиока за складирање и нуди подобра функционалност и искористеност во просторот. Изработена...

Стипендии за средношколците со помал просек преку проектот „Образованието е повеќе од просек 5.0“

Џолев и уметностите
Во четврток истекува рокот за аплицирање за целосни стипендии за новата сезона обуки на Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ и Институтот за дизајн и технологија, наменети за средношколците со низок просек. Ова е трет пат како преку проектот „Образованието е повеќе од просек 5.0“ се поддржуваат средношколците кои изминатата учебна година ја завршиле со просек под 3,9. Преку...

Отворен повик за дигитални мастер класови и водење младински медиумски кампањи за средношколци

Здружението за едукативен развој – „Еквалис“ во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), Асоцијација за здравствена едукација и истражување „ХЕРА“ и „Психотерапика“ отвараат повик за учесници-средношколци за следење дигитални мастер класови и за водење младински медиумски кампањи. Младинските пакети се комбинација на три различни тематски мастер класови коишто средношколците ќе ги следат како дел од овој проект. Младинскиот пакет е...

Сојуз на средношколци: Предавањата не беа ефикасни и квалитетни како во претходните години

Сојузот на средношколци и натаму не отстапува од барањето да има измени во државната матура. Една од причините за ова е поради затворањето на училиштета од март 2020 година, бидејќи како што велат, предавањата не биле поеднакво ефикасни и квалитетни како во претходните години. „Вообичаено за предмет што би го имале 5 пати неделно со 45 минутен час, ние сега...

Сојузот на средношколци од Собранието бара привремена законска измена за државната матура

Денеска е последен ден од бојкотот на средношколците, а викендов тие ќе одлучуваат кои ќе бидат нивните идни чекори во врска со наставата, велат од Сојузот на средношколци. Како што потенцираат оттаму, до Собранието е доставено и барање до пратениците да одржат јавна дебата за нивните барања на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои...

Еко Логик започна проект за циркуларна економија за средно образование

Здружението на граѓани Еко Логик, започна со активности од проектот CIRCLE-LAB Еразмус+ КА201 кој се стреми кон развој на курсеви за тренирање на наставници, како и едукативни алатки на темата циркуларна економија, со фокус на одржлива хемија. „Платформата ќе нуди неколку дигитални алатки како видеа, игри, интерактивни прирачници за едуцирање на сите поврзани со училиштето (ученици, наставници, семејства), со цел да...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...