Таг: средношколци
таг: средношколци
Средношколците ги фрлија униформите пред МОН
Средношколците денеска организраа протест пред Министерството за образование и наука, каде свирејќи со труби и извикувајќи „Искочете кукавици“ ги повикаа надлежните да ги слушнат нивните барања. Тие, за да го искажат револтот, ги фрлија униформите пред зградата на МОН.
- Се собравме на мирен протест пред МОН за да покажеме дека сме тука, не се откажуваме од нашата борба и од нашите...
Денеска е последен ден за пријавување матура
Средношколците кои годинава го завршуваат своето гимназиско образование до денеска треба да достават пријава за полагање државна матура, објавена на интернет-страницата www.matura.gov.mk.
Екстерните испити од државната матура по мајчин јазик и литература ќе се реализираат на 11 јуни, по странски јазик на 15 јуни, математика на 17 јуни и хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика на 19 јуни.
Сите испити, како што соопшти...
Почна средбата на „Родителски пленум“
Неколку десетици родители на средношколци од сите училишта во Скопје и во Македонија се собраа пред гиманзијата „Јосип Броз Тито“ да дебатираат за актуелниот бојкот на средношколците, како да им се помогне и кои се наредните чекори што треба да ги преземат.
По завршување на средбата, од „Родителски пленум“ најавија дека преку соопштение ќе ја известат јавноста што било договорено на средбата.
Средношколците со писмо до Пешевски и до МОН: Сега знаеме како не треба
Средношколците кои протестираат во паркот пред Министерството за образование и наука (МОН) со писмо се обратија до вицепремиерот Владимир Пешевски и до МОН, откако на последната средба во четвртокот оваа недела биле изложени на арогантен и игнорантски однос од владините функционери, пренесува „Радио МОФ“.
„Ја жртвуваме сопствената иднина за да го подобриме образованието. Го жртвуваме сопственото спокојство за добробит на...
Во Тетово ќе се отвори прва средношколска фудбалска паралелка
На фудбалскиот стадион на Спортскиот центар во Тетово, стручни лица од Фудбалската федерација на Македонија денеска вршеа селекција од 95 пријавени кандидати за првата средношколска паралелка по фудбал.
Станува збор за иницијатива на Општина Тетово во соработка со Средното стручно училиште „Моша Пијаде“, во кое, од идната учебна година, ќе почне да функционира паралелка по фудбал, како дел на Спортската...
Охридските средношколци кампуваат заедно со скопските
Заедно со врсниците од Скопје, во кампот пред МОН, две деноноќија поминаа и поголема група средношколци од Охрид.
Со ваквиот потег, велат тие, им даваат поддршка на своите врсници во напорите да се слушне нивниот глас околу државната матура и екстерното тестирање и подобрувањето на образовниот процес во земјава.
– Ќе кампуваме сè додека не дојде до компромис помеѓу двете страни, а...
Средношколците наместија шатори пред МОН
Средношколците добија дозвола од МВР да кампуваат пред Министерството за образование и наука и веќе почнаа со местење на шаторите.
- Почнавме со целосна подготовка за кампувањето и тука ќе бидеме 24 часа. Сакаме на институциите да им дадеме до знаење дека не можат да се откажат од средбата. Бојкотот продоложува и во средношколските клупи и ќе трае сè додека...
Средношколците чекаат дозвола за да кампуваат пред МОН
Средношколците од утринава се собраа пред Министерството за образование, каде ќе кампуваат и ќе чекаат министерот Абдилаќим Адеми да ги повика на разговор. Тие утринава побарале дозвола од МВР за кампување пред оваа институција и чекаат таа да им биде доставена. Сепак, велат дека и ако не добијат дозвола, тие ќе се стационираат пред Министерството.
Средношколците од Струга изучуваат техники за зачувување на Јабланица
Средношколците од училиштата „Нико Нестор“ и „Д-р Ибрахим Темо“ од Струга изучуваат техники за зачувување на планината Јабланица.
Предавањата на тема „Биолошката разновидност на планината Јабланица“ се дел од проектот „Младите во движење“, што го спроведува Планинарското еколошко друштво „Закамен“ од Струга.
- Во рамките на проектот ќе бидат поделени памфлети за промоција на настанот. Исто така, предвиден е и младински еколошки камп,...
Студенти и средношколци маршираа против лошите реформи
Студенти и средношколци денеска паралелно, точно напладне, ги почнаа маршевите против лошите реформи во образованието.
„Студентски пленум“ својот марш го почна од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како поддршка на средношколците кои бараат математиката да не биде задолжителен предмет на матурата.
„Средношколски пленум“, пак, протестите ги почнаа од Градски парк во Скопје. На средношколците во протестот им се приклучија и родители и наставници....
Охридските средношколци в четврток, дел од протестниот марш во Скопје
Средношколците од двете средни училишта во Охрид, „Свети Климент Охридски“ и „Свети Кирил и Методиј“, и оваа седмица го продолжуваат бојкотот на наставата, барајќи да се врати стариот модел на полагање државна матура и да се укине екстерното тестирање. Тие го почнаа бојкотот на наставата на 7 април.
Охридските средношколци планираат да бидат дел од маршот на „Средношколски пленум“ што...
„Средношколски пленум“ со протест в четврток
В четврток „Средношколски пленум“ повторно ќе протестира.
„На 23 април 2015 година, ве повикуваме заедно, сложно да кажеме „не“ на реформите кои од нас направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно, затоа што тишината не е решение! Ова е апел до граѓаните. Апел до учениците, родителите, наставниците и до студентите. Уште еднаш да покажеме дека и покрај вашето игнорантно однесување, пленумот цврсто...
Средношколците Македонци и Албанци заедно на протестен марш
Учениците Албанци и Македонци попладнево излегоа на протест, кој се одржа на тетовскиот плоштад, и на марш по булеварот Илинденска. Тие побараа да се укине екстерното тестирање и новиот начин на полагање државна матура.
- Не може неколку тестови да ни го оценат целото знаење што сме го стекнале во текот на целата година. Ние не се откажуваме така лесно од...
„Средношколски пленум“ продолжува со бојкот
„Средношколски пленум“ ја демантира информацијата објавена во некои медиуми дека средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата.
- Не е точна информацијата дека го прекинуваме бојкотот на наставата. Бојкотот продолжува како и досега, а за сите наредни активности навремено ќе ја известиме јавноста. Имаме притисоци, но не се откажуваме од борбата за подобро образование – вели Моника Пешевска од „Средношколски пленум“.
Таа...
Средношколците во Штип се подготвуваат за матура, бојкот нема
Во сите средни училишта во Источна Македонија редовно се изведува настава, а почнаа и активностите со матурските испити. Во тек е оценувањето на матурските задачи. Во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, потврдија дека математика ќе се полага и тоа во еден клас, со математичка насока. Другите шест класа нема да полагаат математика.
Во училиштата сè уште има дилема дали полагањето...
На бојкотот се приклучија и средношколците Албанци во Тетово
Со бојкот на наставата и со протестен собир на градскиот плоштад, учениците од прва и од втора година кои следат настава на албански јазик во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, го искажаа својот револт против екстерното тестирање. На собирот беа присутни околу 200 ученици, кои носеа транспаренти со пароли на албански јазик „Стоп за екстерното тестирање“ и „Не се предаваме“.
- Учениците...
Средношколците што бојкотираат ќе мораат да одработуваат?
Средношколците од повеќе средни училишта веќе неколку дена ја бојкотираат наставата, а секојдневно, и покрај притисоците, на бојкотот се приклучуваат сè повеќе училишта. Како дел од пристисоците што им се прават на средношколците се и најавите од некои директори дека изгубените часови ќе мора да ги одработат преку викенд или дека ќе им ја продолжат училишната година.
Во Битола, втор ден по бојкотот...
Со бојкотот, растат и притисоците врз средношколците
Средношколците од денеска повторно ја бојкотираат наставата во средните училишта. Од „Средношколски пленум“ велат дека бојкотот ќе продолжи сè додека Министерството за образование е глуво на нивните барања и сè додека одбиваат да се сретнат со нив.
„Бојкотот, како радикална мерка, е избран поради тоа што двата марша кои беа организирани беа игнорирани од институциите. Нашите барања се да се...
„Меѓаши“: Директорите и наставниот кадар имаат одговорност пред учениците, а не пред партиите
Првата детска амбасада „Меѓаши“ денеска најостро го осуди притисокот што се врши врз средношколците кои протестираат.
„Најостро ги осудуваме затворањата врати (кога учениците се внатре и/или кога учениците се надвор); однапред предодредените неоправдани изостаноци додека учениците се во училиштата; родителските состаноци проследени со „информации“ кои казни следуваат за вакви ситуации; заканите со 2.000 евра казни; уцените со неодење на екскурзии; заканите...
„Цивил“ бара властите да го почитуваат правото на протест на учениците
Невладината организација „Цивил“ денеска побара од надлежните институции и установи да го почитуваат правото на протест на учениците и да не го користат стравот како средство за манипулација со учениците и за нивно замолчување.
„Ги потсетуваме дека правото на протест, слободата на изразувањето и слободата на движењето се основни човекови права. Родителските средби кои деновиве се одржани во повеќето училишта...