fbpx
Таг: средношколци

таг: средношколци

Еднодневна едукативна екскурзија за меѓуетничка интеграција во образованието

Ученици од прва до четврта година од охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ и од струшката гимназија „Д-р Ибрахим Темо“, во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на Министерството за образование и на УСАИД, реализираа еднодневна едукативна екскурзија и посета на туристичките локалитети во Охрид. Целта беше запознавање на заедничкото културно-историско наследство, со кое се презентираме пред светот и преку...

Натпревар во претприемништво на средношколците од Охрид и од Струга

Со учество на четири тимови од училишта во Охрид и во Струга, утре во Охрид ќе се одржи Средношколски натпревар под мотото „Претприемач - да се биде или не!“, како завршна активност од истоимениот проект, кој се реализираше од мај до септември годинава. Целта на проектот е да се подобри квалитетот на претприемничкото учење во средните стручни училишта во Охрид и...

Адеми: Не е време за измена на законот за основно и средно образование

Министерот за образование, Абдулаќим Адеми, вели дека не е време за промена на законот во основно и средно образование, одговарајќи на новинарско прашање околу евентуалниот дијалог со „Средношколски пленум“ и исполнување на нивните барања околу воспитно-образовниот процес - Не е време за измена на законот за основно и средно образование. Дијалог - да, но во ситуација кога политичките партии се подготвуваат...

За вториот уписен рок останаа 23.017 места во средните училишта

Во вториот уписен рок, слободни места во средните училишта во Македонија има за вкупно 23.017 ученици од кои: • 15.392 слободни места за настава на македонски наставен јазик; • 6.728 слободни места за настава на албански наставен јазик; • 845 слободни места за настава на турски наставен јазик; • 34 слободни места на српски наставен јазик и • 18 слободни места за ученици што...

Утре почнува уписот во средните училишта

Утре почнува јунскиот уписен рок за запишување на полуматурантите во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од уписите ќе бидат објавени на 24 јуни. Во 100 јавни средни училишта има 35.445 слободни места. Второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29 и на 30 јуни, а резултатите од овој рок ќе бидат објавени на 1 јули. Пријавувњето во августовскиот рок...

Матурантите ќе се запишат на факултет за знаење

Најголем дел од идните студенти ќе се запишат на факултет за да стекнат повеќе знаење во областа што ги интересира, покажува анкетата на порталот „Факултети“ направена меѓу 446 матуранти. Според резултатите, 27 проценти од анкетираните матуранти како втора причина за запишување на факултет ја одбрале дипломата бидејќи сметаат дека полесно ќе им донесе вработување, а 18 проценти од нив го прават...

Средношколците од утре продолжуваат со бојкотот, го повикаа Адеми да ги посети

Средношколците денеска се вратија во училиштата да го ресетираат бројот од 25 дена дозволено отсуство, а од утре повторно продолжуваат со бојкотот на наставата. Тие го повикаа министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги посети и да оствари средба со нив за да постигнат компромис бидејќи, како што велат средношколците, се случуваат настани кои можат да им ја...

Средношколците ќе ја водат битката и во институциите

Средношколците, заедно со своите родители и наставници, се собраа на трет протест пред Министерството за образование и наука, против лошите реформи во образованието. Тие најавија дека од понеделник битката ќе ја водат по институционален пат, а во тоа ќе им помогне Хелсиншки комитет. Средношколците, викајќи „Ние сме иднината“, „Зошто не нè слушате“, го свртеа грбот на зградата на МОН поради,...

Нов протест на средношколците во 17 часот пред МОН, бојкотот продолжува

„Средношколски пленум“ ги повика сите средношколци, родители и загрижени граѓани на протест во 17 часот пред МОН за да им покажат на надлежните дека не се откажале од нивната цел. Тие велат дека од понеделник ќе се вратат еден ден на настава за да им се ресетираат 25 дена дозволено отсуство. Средношколците го поканија министерот за образование и наука,...

Отворен ден на УКИМ

На платото пред Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје денеска ќе се одржи промотивен настан „Отворен ден - запознајте го УКИМ“. Ќе бидат поставени штандови на факултетите, а посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и со студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во државата, со нејзината долга традиција, мисија и...

Средношколците порачаа: Нема да си одиме

Средношколците со чадори, кабаници и со „вувузели“, викајќи „Нема да си одиме“, втор ден се собраа на протест пред Министерството за образование и наука, заедно со нивните родители и наставници за да го искажат револтот од лошите реформи во образованието. Утре изминуваат законските 25 дена дозволено отсуство на учениците од наставата. - Утре изминува 25. ден од бојкотот на наставата и...

Средношколците ги фрлија униформите пред МОН

Средношколците денеска организраа протест пред Министерството за образование и наука, каде свирејќи со труби и извикувајќи „Искочете кукавици“ ги повикаа надлежните да ги слушнат нивните барања. Тие, за да го искажат револтот, ги фрлија униформите пред зградата на МОН. - Се собравме на мирен протест пред МОН за да покажеме дека сме тука, не се откажуваме од нашата борба и од нашите...

Денеска е последен ден за пријавување матура

Средношколците кои годинава го завршуваат своето гимназиско образование до денеска треба да достават пријава за полагање државна матура, објавена на интернет-страницата www.matura.gov.mk. Екстерните испити од државната матура по мајчин јазик и литература ќе се реализираат на 11 јуни, по странски јазик на 15 јуни, математика на 17 јуни и хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика на 19 јуни. Сите испити, како што соопшти...

Почна средбата на „Родителски пленум“

Неколку десетици родители на средношколци од сите училишта во Скопје и во Македонија се собраа пред гиманзијата „Јосип Броз Тито“ да дебатираат за актуелниот бојкот на средношколците, како да им се помогне и кои се наредните чекори што треба да ги преземат. По завршување на средбата, од „Родителски пленум“ најавија дека преку соопштение ќе ја известат јавноста што било договорено на средбата.

Средношколците со писмо до Пешевски и до МОН: Сега знаеме како не треба

Средношколците кои протестираат во паркот пред Министерството за образование и наука (МОН) со писмо се обратија до вицепремиерот Владимир Пешевски и до МОН, откако на последната средба во четвртокот оваа недела биле изложени на арогантен и игнорантски однос од владините функционери, пренесува „Радио МОФ“. „Ја жртвуваме сопствената иднина за да го подобриме образованието. Го жртвуваме сопственото спокојство за добробит на...

Во Тетово ќе се отвори прва средношколска фудбалска паралелка

На фудбалскиот стадион на Спортскиот центар во Тетово, стручни лица од Фудбалската федерација на Македонија денеска вршеа селекција од 95 пријавени кандидати за првата средношколска паралелка по фудбал. Станува збор за иницијатива на Општина Тетово во соработка со Средното стручно училиште „Моша Пијаде“, во кое, од идната учебна година, ќе почне да функционира паралелка по фудбал, како дел на Спортската...

Охридските средношколци кампуваат заедно со скопските

Заедно со врсниците од Скопје, во кампот пред МОН, две деноноќија поминаа и поголема група средношколци од Охрид. Со ваквиот потег, велат тие, им даваат поддршка на своите врсници во напорите да се слушне нивниот глас околу државната матура и екстерното тестирање и подобрувањето на образовниот процес во земјава. – Ќе кампуваме сè додека не дојде до компромис помеѓу двете страни, а...

Средношколците наместија шатори пред МОН

Средношколците добија дозвола од МВР да кампуваат пред Министерството за образование и наука и веќе почнаа со местење на шаторите. - Почнавме со целосна подготовка за кампувањето и тука ќе бидеме 24 часа. Сакаме на институциите да им дадеме до знаење дека не можат да се откажат од средбата. Бојкотот продоложува и во средношколските клупи и ќе трае сè додека...

Средношколците чекаат дозвола за да кампуваат пред МОН

Средношколците од утринава се собраа пред Министерството за образование, каде ќе кампуваат и ќе чекаат министерот Абдилаќим Адеми да ги повика на разговор. Тие утринава побарале дозвола од МВР за кампување пред оваа институција и чекаат таа да им биде доставена. Сепак, велат дека и ако не добијат дозвола, тие ќе се стационираат пред Министерството.

Средношколците од Струга изучуваат техники за зачувување на Јабланица

Средношколците од училиштата „Нико Нестор“ и „Д-р Ибрахим Темо“ од Струга изучуваат техники за зачувување на планината Јабланица. Предавањата на тема „Биолошката разновидност на планината Јабланица“ се дел од проектот „Младите во движење“, што го спроведува Планинарското еколошко друштво „Закамен“ од Струга. - Во рамките на проектот ќе бидат поделени памфлети за промоција на настанот. Исто така, предвиден е и младински еколошки камп,...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...