fbpx
Таг: средношколци

таг: средношколци

Есејот по македонски јазик за државната матура за прв пат ќе биде на слободна тема

Учениците во четврта година периодов се подготвуваат за полагање на државната матура. Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе објави на кои датуми ќе се одржат тестирањата. Првиот тест по странски јазик ќе се полага на 1 јуни, а мајчин јазик ќе се полага на 8 јуни. Новина годинава е тоа што по предметот мајчин јазик, учениците ќе пишуваат есеј на слободна...

ФООМ ги додели наградите од конкурсите „Моето образование“ и „Успешни наставници“

Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) денеска ги врачи наградите на најдобрите средношколци и наставници наградени во конкурсите „Моето образование“ и „Успешни наставници за добри наставни пракси“. На церемонијата зборуваа Фани Каранфилова - Пановска, извршна директорка на ФООМ, како и Петар Атанасов, заменик министер за образование и наука. -Oбразованието е една од клучните области кои Фондацијата ги поддржува. Во своето 26-годишно...

Петмина мртви откако воз удри автобус кај Ниш

Во голема несреќа што се случи утрово, кога воз удри автобус на „Ниш Експрес“ близу српскиот град Ниш, животите ги загубија пет лица, а се стравува дека бројката на жртви може да расте, бидејќи во Клиничкиот центар во Ниш во критична состојба се уште двајца 16-годишници. Како што јавуваат српските медиуми, на обележан премин, но без рампи, на пругата кај...

Тетовските средношколци протестираа против загадувањето на воздухот

Група тетовски средношколци денеска го изразија незадоволството од состојбата со аерозагаувањето во градот со мирен протест на градскиот плоштад, од каде се упатија до Општина Тетово. Велат дека локалната власт не презема никакви мерки за подобрување на состојбата и ако продолжи така, ќе почнат со бојкот на наставата. -Надлежните за седум дена да преземат конкретни мерки или ќе почнеме со...

Министерство за образование: Екстерното тестирање е укинато

Со објавувањето на трите закони за измена на законите за основното образование, за средното образование и за наставниците во основното и во средното образование во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67 од 1 јуни 2017 година, екстерното тестирање во Македонија е укинато и нема да се спроведува, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). „Сите почнати постапки во врска со...

„Карван на парите“ денеска во Велес и во Неготино

Како дел од одбележувањето на Глобалната недела на парите (27 март ‒ 2 април), во Велес и во Неготино денеска ученици - основци и средношколци, ќе слушаат објаснувања за парите, штедењето, тргувањето, банкарскиот сектор, инвестирањето, осигурувањето, пензискиот сектор и за други теми поврзани со функционирањето на финансиските системи. По денешната посета на „Карванот на парите“ на Велес и на Неготино,...

Стотина средношколци од Охрид отворено застанаа зад „За заедничка Македонија“

Средношколци од Охрид од утринава застанаа зад протестите на движењето „За заедничка Македонија“. Околу стотина ученици од средното техничко училиште „Св. Наум Охридскки“, средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ и од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, се собраа на градскиот плоштад. Носејќи го државното знаме, скандираа дека се за зачувување на унитарниот карактер на државата и за поддршка на политиката на претседателот...

Петнаесетгодишник повреден со нож од соученик

Петнаесетгодишен ученик со нож е повреден во пределот на вратот од страна на соученик, во тепачка што се случила вчера изутрина, околу 9 часот во Основното училиште „Петар Здравковски - Пенко“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Повредениот веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје, од каде по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. Полицијата презема мерки за целосно расчистување...

СДСМ: Средношколци преку летоци се повикуваат на протести

Општинската организација на СДСМ во Охрид ги обвини надлежните локални власти дека преку летоци ги повикуваат учениците во гимназијата „Свети Климент Охридски“ на протести, јавува дописникот на „Мета“ од Охрид. Од партискиот разгранок на СДСМ укажуваат дека злоупотребата на ученици за лични и за партиски цели е кривично дело и дека секој што ќе стори ваков прекршок ќе мора да одговара, а од директорот...

Завршува продолжениот зимски распуст, учениците од утре на настава

Завршува зимскиот распуст и од утре почнува второто полугодие од учебната 2016/2017 година за околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци. Зимскиот распуст беше продолжен за два дополнителни дена, односно 18 и 20 јануари, со одлука на Министерството за образование и наука, а по препорака на Комисијата за заразни болести и на Министерството за здравство, како превентивна...

Тетовските гимназијалци ќе следат настава во старото медицинско училиште

Наставата на македонски наставен јазик за тетовските гимназијалци ќе продолжи привремено да се одвива во двете згради на старото медицинско училиште. Децата во овие објекти ќе почнат да учат откако, најверојатно месецов, ќе заврши нивната реконструкција. Засега средношколците следат предавања во големата сала на Општина Тетово. - Па, тука е лошо за следење настава. Ги нема потребните услови. Нема табла, има само...

Средношколците од Тетово и денеска протестираа поради проблемот со превозот

Втор ден тетовските средношколци од руралните општини протестираа пред општинската зграда, барајќи да им се обезбеди бесплатен превоз. - Немаме пари да го платиме превозот. Според законот за децентрализација, општината е одговорна да обезбеди бесплатен превоз, затоа одговорноста за овој проблем ја бараме кај локалната самоуправа - изјави ученик од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Од Општина Тетово велат дека проблемот...

Новата учебна година ќе ја почнат околу 270.000 ученици

Учебната година за основците и за средношколците почнува денеска. Нoвaтa учебнa гoдинa ќе јa пoчнaт oкoлу 270.000 ученици, oд кoи 188.000 oснoвци и 80.000 среднoшкoлци. Спoред последните пoдaтoци од Министерството за образование и наука, зaпишaни се 21.250 првaчињa, нo oвoј брoј не е кoнечен зaштo уписите вo првo oдделение траaт и вo текoт нa септември. Денеска ќе пoчне нaстaвaтa и вo училиштaтa...

Сè повеќе средношколци од Голо Брдо учат во Охрид

Учениците од областа Голо Брдо во Албанија, по завршувањето на основното образование, нејчесто го избирааат Охрид како место каде го продолжуваат средното образование. Во моментов во Охрид двајца средношколци го продолжија образованието во средното медицинско училиште, еден во средното економско и двајца во угостителското училиште. Велат дека се многу задоволни со учењето и со однесувањето на професорите, со начинот на кој...

Битолските средношколци со едноминутно молчење за „мртвото образование“

Едноминутно молчење за „мртвото образование“ посветија битолските средношколци на денешниот марш против реформите на Владата во образованието. Се молчеше токму пред вратите на Општината, каде средношколците ги пречека полицијата. Стотина средношколци маршираа по Широк сокак и бараа да се врати стариот начин на полагање матура и да се укине екстерното тестирање. На Широк сокак ги повикуваа битолчани да го остават...

Средношколците немаат законска можност да учествуваат во креирањето на образованието

Средношколците се многу малку вклучени во процесот на носење одлуки во образовниот процес, затоа што тоа не им го дозволува законската регулатива, сметаат од Институтот за развој на заедници. Институтот денеска со група ученици организираше локална дискусија, на тема „Можноста за регулирање на учеството на средношколците во Законот за средно образование“. Не постои никаква рамка преку која организирањето на...

„Средношколски пленум“: Ќе протестираме сè додека не ни ги исполнат барањата

Средношколци денеска се собраа во Градски парк во Скопје, на протест под мотото „Борбата продолжува“. Од „Средношколски пленум“ велат дека барањата им остануваат исти, односно укинување на екстерното тестирање и државната матура да остане иста за веќе запишаните средношколци, а за новите да се формира нов концепт во чие креирање ќе учествуваат засегнати страни. - Единствената средба помеѓу преговарачките тимови на...

Денеска средношколски протест под мотото „Борбата продолжува“

„Средношколски пленум“ под мотото „Борбата продолжува“ денеска ќе одржи протест против, како што велат тие, лошите реформи во образованието. Протестот ќе започне во 12.30 часот пред фонтаната во Градски Парк по што средношколците ќе се упатат кон Министерството за образование и наука. Средношколците бара укинување на екстерното тестирање, државната матура да се полага следните четири години по стариот концепт, а за новиот...

Средношколците в среда на протест

„Средношколски пленум“ за среда најави протест бидејќи, како што велат, надлежните не ги слушаат нивните барања за промени што ќе го подобрат образованието. Средношколците бараат нов концепт за полагање државна матура и укинување на екстерното тестирање. Протестот ќе почне во 12.30 часот пред фонатата во Градски парк, по што средношколците ќе се упатат кон Министерството за образование и наука. „Летото помина, учебната...

Младите ќе учат како да се заштитат од трговија со луѓе

Како да се заштитат од трговија со луѓе, ќе учат средношколците од Гостивар, како дел од проектот за превенција од современите форми на трговија со луѓе. За таа цел, денеска раководствата на средните училишта од Гостивар, потпишаа меморандум за соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи која го спроведува проектот, кој ќе трае 15 месеци. Ќе се вршат истражувања, ќе се...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...