fbpx
Таг: СредношколскиПленум

таг: СредношколскиПленум

„Средношколски пленум“ ќе протестира само пред МОН

„Средношколски пленум“ го откажа едниот од двата најавани настани за денеска, а протестот од 17 часот пред Министерството за образование велат дека, сепак, ќе се одржи. За денеска во 20 часот беше закажан настап на македонската алтернативна фанк-рокерска група „Фанк шуи“, но тој е откажан, а најавата за протестот од 17 часот на „Фејсбук“, како што велат, е тргната од безбедносни...

Матурата ќе се полага, наставата ќе се бојкотира, пред МОН ќе се протестира

Матурантите кои протестираа и ја бојкотираа наставата ќе ги пополнат пријавите за државна матура, но нема да го прекинат бојкотот на наставата. Тие велат дека пријавите ги потпишуваат од технички аспект, чисто формално, но остануваат на барањата затоа што не е постигнат компромис со надлежните. За наредните три дена најавија протести, кои ќе почнат во 17 часот пред Министерството за...

Денеска во 17 часот прва средба на „Родителски пленум“

Денеска во 17 часот, на платото на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, „Родителски пленум“ ќе има прва средба. Како што е наведено во поканата на фејсбук-страницата, родителите замолуваат сите да дојдат без партиски обележја и ставови.  „Родителски пленум“ го сочинуваат родители на средношколци и на студенти кои се дел од двата пленума. Тие бараат да се стави крај на...

Бојкотот на средношколците продолжува

„Средношколски пленум“ соопшти дека бојкотот на наставата и средношколскиот фронт пред Министерството за образование и наука проложуваат и оваа недела, јавува „Радио Слободна Европа“. Од пленумот на средношколците наведуваат дека на последната средба од преговорите со Министерството, која се одржа минатиот четврток, не бил постигнат никаков договор. Моменталната состојба на преговорите била полагање на државна матура по стариот концепт само оваа година...

Владата ги прекинува средбите со средношколците, договор нема, бојкотот продолжува

„Средношколски пленум“ и Владата не постигнаа договор и по третата средба. Од Владата велат дека се подготвени да го вратат стариот концепт на матура и математиката да не биде задолжителен предмет, но отстапки за екстерното не сакаат да направат. Средношколците велат дека не се согласуваат со ваков исход и дека нема да откажат од своите барања. - Владата и Минстерството за...

„Свирни за поддршка“, герила-акција на средношколците

По третата ноќ помината во кампот пред Министерството за образование, средношколците утрово почнаа герила-акција „Свирни за поддршка“. Застанати со транспаренти и со свирчиња на улицата пред Министерството за образование, тие бараат возачите да им изразат поддршка така што ќе свирнат од своите автомобили. Речиси сите возачи од двете колони на улицата свират и ги охрабруваат средношколците да бидат истрајни во оставарување на нивните...

Бојкотот продолжува, се бараат посредници за преговорите со МОН

Без договор заврши и третата средба меѓу „Средношколски пленум“ и Министерството за обрзование и наука. Ниту средношколците ниту министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и по три остварени средби не отстапуваат од своите барања. Средношколците за наредните средби бараат присуство од Народниот правобранител, Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Хелсиншки комитет бидејќи, како што велат, не сакаат да...

Денеска трета средба меѓу МОН и „Средношколски пленум“

По 17 дена бојкот на наставата, „Средношколски пленум“ денеска има трета средба со претставници на Министерството за образование и наука. Вчера преговорите завршија без конкретен договор меѓу двете страни, но средношколците се оптимисти и веруваат дека ќе наидат на разбирање од Министерството за образование и наука. Во меѓувреме, тие велат дека бојкотот на наставата и „Средношколски фронт“ во Паркот на...

Средношколците собираат потписи за поддршка

Во „Средношколски фронт“ во Паркот на новинари во тек е потпишување петиција за поддршка на нивните барања. Како што велат средношколците, собирањето потписи е за нивните барања уште повеќе да добијат тежина и да бидат сериозно сфатени од надлежните. - Апелираме до секој совесен граѓанин да дојде и да ја искаже својата поддршка во паркот спроти Министерство за образование и наука...

Барањата на средношколците ќе се дискутираат на владина седница

Преговорите помеѓу „Средношколски пленум“ и Министерстовото за обрзование и наука ќе продолжат, а барањата на средношколците ќе се разгледаат на денешната седница на Влада. По денешната средба, средношколците велат дека не добиле конкретно ветување, но се оптимисти и веруваат дека ќе наидат на разбирање од Министерството за образование и наука. Тие на средбата ги изложиле своите ставови и барања...

Денеска втора средба меѓу МОН и „Средношколски пленум“

„Средношколски пленум“ денеска ќе одржи втора средба со претставници на Министерството за образование и наука. Средношколците вчера ја поминаа ноќта во шаторите поставени пред МОН, во паркот на новинари. По поставувањето на шаторите, тие беа повикани на средба со министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристовски и со вицепремиерот Владимир Пешевски, која заврши без компромис. - На...

Средбата меѓу „Средношколски пленум“ и МОН заврши без договор

Средбата меѓу претставниците на „Средношколски пленум“ и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристовски и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, завршила без постигнат компромис, но со договор преговорите и средбите меѓу засегнатите страни да продолжат. Во меѓувреме, бојкотот на наставата ќе продолжи, а средношколците ноќта ќе ја поминат во шатори пред МОН во паркот...

„Средношколски пленум“ повикан на разговор во МОН

Тројца претставници на „Средношколски пленум“ се поканети на средба во МОН, само еден час откако почнаа со поставување на кампот пред зградата во која е сместено ресорното министерство, објави „Радио МОФ“. Како што изјави Александар Милевски од „Средношколски пленум“ за „Радио МОФ“, телефонски биле повикани од кабинетот на заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Среношколците велат дека со оглед на...

Средношколците најавија протестен камп пред МОН

„Средношколски пленум“ денеска соопшти дека продолжуваат со протестот поради лошите реформи во образованието, а од утре почнуваат да кампуваат пред Министерството за образование и наука. „На денешниот генерален пленум, едногласно се одлучи најавениот фронт на бојкотот пред МОН (во паркот на новинари) да се постави в понеделник, каде ние 24 часа дневно ќе го чекаме министерот да нè прими на...

Исчезна Борко, кучето-демонстрант, го нема во Вардариште, ниту на улица!

Протестите на студентите, на хонорарците, на новинарите, „Критична маса“ и речиси сите други протести изминативе месеци имаа поддршка од Борко, во јавноста познато како „кучето што протестира“. Но, последниот протест на средношколците и на студентите помина без Борко, исто како и собирот на новинарите пред Владата што се одржа во вторникот. Побаравме по фејсбук-страниците на здруженијата за заштита на животни дали некој има...

„Средношколски пленум“: Од училиштата бојкотот ќе се префрли пред МОН

Средношколците и студентите денеска заедно маршиира против лошите реформи во образованието и игнорантскиот однос на Министерството за образование и наука кон нивните барања. Средношколците маршот го почнаа во Градски парк, од каде се упатија кон Владата и таму се сретнаа со студентите, кои, пак, маршот го почнаа од платото на УКИМ. Паралелно извикувајќи „Заедно сме посилни“, „Доста беше молк“ и...

Средношколците и студентите во 12 часот на марш против лошите реформи

Средношколците денеска третпат ќе излезат на протестен марш против лошите реформи во образованието. Средношколскиот марш ќе почне во 12 часот во Градски парк и ќе продолжи кон Владата и Министерството за образование. Пред Владата ќе им се придружи и „Студентски пленум“, кој маршот ќе го почне во 12 пред платото на УКИМ. Двете групи заедно ќе продолжат кон МОН. „Ве повикуваме...

Детската амбасада „Меѓаши“ целосно го поддржа „Средношколски пленум“

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска ја изрази својата целосна поддршка за „Средношколски пленум“ и за нивната јасно искажана и покажана потреба да бидат активни носители на општествените промени што нив ги засегаат. „Го повикуваме министерот за образование конечно да го препознае потенцијалот што го носат младите и да ја испочитува нивната одлучност активно да придонесат во создавањето подобар систем на...

„Студентски пленум“: В четврток студените ќе маршираат заедно со средношколците

„Студентски пленум“ го поддржува маршот на средношколците и в четврток истовремено ќе одржи студентски марш, кој ќе почне во 12 часот на платото на УКИМ, а потоа ќе се упатат кон Владата. Таму ќе се сретнат со средношколците и заедно ќе маршираат кон Министерството за образование и наука. - Ѝ порачуваме на власта конечно да ја напушти позицијата на сила...

Средношколците Македонци и Албанци заедно на протестен марш

Учениците Албанци и Македонци попладнево излегоа на протест, кој се одржа на тетовскиот плоштад, и на марш по булеварот Илинденска. Тие побараа да се укине екстерното тестирање и новиот начин на полагање државна матура. - Не може неколку тестови да ни го оценат целото знаење што сме го стекнале во текот на целата година. Ние не се откажуваме така лесно од...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...