fbpx
Таг: средни училишта

таг: средни училишта

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно на Уставот и Законите

Откако Сојузот на средношколци утринава реагираше дека некои средни училишта во земјава им наплаќаат на средношколците такса за издавање свидетелства, од Министерството за образование и наука (МОН) беше испратена реакција дека училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, за што од страна на Министерството за образование и наука им било укажано со...

Сојуз на средношколци: Некои средни училишта бараат пари од учениците за издавање свидетелства

Сојузот на средношколци испрати известување до Државниот просветен инспекторат, во кое ги информира дека во изминативе неколку денови добиле поплаки од средношколци од повеќе градови низ земјава дека некои средни училишта наплаќаат такси за издавањето свидетелства. Тие тврдат дека средното медицинско училиште во Тетово наплаќа меѓу 150 и 200 денари за свидетелство, додека средното економско училиште во Тетово бара износ...

Царовска: Договорена е соработка за средно стручно образование со училишта од Истанбул

Министерката за образование и наука Мила Царовска и другите претставници на делегацијата како дел од официјалната посета на Турција денеска посетија неколку средни стручни училишта во Истанбул, како и природно математичката гимназија која е една од најдобрите училишта во државата. При посетата, договорена е соработка во делот на јакнење на средното стручно образование преку обука на наставен кадар, размена на...

Прилепските средни училишта ги промовираа можностите што ги нуди стручното образование

Прилепските средни стручни училишта денеска ги отворија вратите за идните средношколци, со цел нивно запознавање со придобивките и можностите кои ги нуди стручното образование, информираат од Министерството за образование и наука. Активностите се дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука, која се спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје. Средните училишта „Ѓорче Петров“,...

МОН: Промена која носи квалитет на образованието, не смее да биде причина за бојкот на настава од учениците

Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали е современо решение базирано на глобални образовни стандарди и значително ќе ја унапреди наставата, интеракцијата помеѓу наставниците и учениците, ќе го намали обемот на домашните задачи и работата на родителите и старателите со учениците и ќе донесе подобрување на севкупниот квалитет на националниот образовен систем. Оваа промена не смее...

Царовска ги повика средните училишта да ги исполнат договорените активности за државната матура

Од Министерството за образование и наука (МОН) информираат дека средните училишта постапуваат согласно заедничкото решение на Владата и Сојузот на средношколци за спроведувањето на завршниот испит за државната матура. „Најголем дел од училиштата веќе ги објавиле интерните испити. Уште еднаш повикав да се исполнат сите договорени елементи од матурата, затоа што тоа е во интерес на нашите ученици“, вели министерката за образование и...

Сојузот на средношколци тврди дека во дел од средните училишта не се почитува постигнатиот договор за државна матура

Сојузот на средношколци испрати предупредување до премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука, Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Наумовска, за како што велат, загриженоста околу непочитувањето на веќе постигнатиот договор за државната матура од страна на дел од средните училишта во земјава. Како што информираат од Сојузот, прекршена била точката од договорот која се однесува на...

За 23 отсто опаднал бројот на ученици во средно образование во последните осум години (инфографик)

За 23 отсто или 20.309 ученици се намалил бројот на ученици во средно образование во последните осум години. Ако се земе просечен број на еден клас од 30 ученици, овој број на ученици би оформиле 676 класови. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека на крајот на учебната 2012/2013 биле регистрирани вкупно 88.582 додека пак, минатата 2019/2020 година биле...

Објавен конкурсот за упис во средните училишта, има 30.053 слободни места

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година. Согласно конкурсот, во 109 средни училишта има вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки, од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралелки, 9.261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование,...

Во една просторија државна матура ќе полагаат 15 ученици, пред влез во училиштата ќе се мери температура

Министерството за образование и наука (МОН) го објави протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура која ќе се одржи на 5 јуни. Со него е предвидено при влегување во училиштето да се врши мерење на температурата на секој ученик и секој инволвиран во реализација на државната матура, како и дезинфекција на рацете. Задолжително...

Со онлајн презентации, факултетите ќе ги промовираат студиските програми во средните училишта

Преку онлајн презентации почнувајќи од денеска, па сè до 26 март, матурантите од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да се запознаат со студиските програми на факултетите и на универзитетите, што ќе им помогне полесно да ја изберат својата идна професија и кариерна ориентација. За да се олесни комуникацијата меѓу учениците и факултетите на овие настани, секое училиште...

Во 10 средни училишта ќе се одржат бесплатни онлајн курсеви за албански, македонски и турски јазик

Град Скопје ја започна реализацијата на бесплатните тримесечни онлајн курсеви за изучување на албанскиот, македонскиот и турскиот јазик, кои беа прекинати во март минатата учебна година поради пандемијата со ковид-19, соопштија од Град Скопје. Оттаму информираат дека во оваа активност ќе бидат опфатени 257 ученици кои ќе следат курс за изучување на македонскиот јазик, 102 ученици и 56 наставници кои...

Со онлајн обуки за наставниците почнаа подготовките за пробно тестирање за ПИСА

Министерството за образование и наука соопшти дека со онлајн обуки на наставниците и директорите од средните училишта на ниво на целата држава, започнаa подготовките за престојното пробно тестирање за ПИСА предвидено за 2021 година. Инаку ПИСА (Programe for International Student Assessment) е меѓународна студија која ги проценува способностите, знаењата и вештините на учениците во примена на она што го научиле...

МОН: 42 ученика и 65 наставници активни случаи на ковид-19, дел од нив имале настава со физичко присуство

Откако започна учебната година согласно денешниот ден, има вкупно 42 активни случаи на ковид-19 кај учениците и 65 кај наставниците. Од нив 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование, информираат од Министерството за образование и наука. „Од активните случаи во основните училишта, 7 од учениците и...

Поради состојбата со ковид-19, Сојузот на средношколци одлучи засега да не ја бојкотира онлајн наставата

Викендов Сојузот на средношколци донесе одлука да не организира бојкот на онлајн настава во моментов. Иако уште од пред почетокот на учебната година Сојузот бараше настава со физичко присуство, овој пат го сменија својот став бидејќи како што велат тие, “сегашната ситуација со пандемијата тоа го направи невозможно, барем за овој момент“. Претходно, од Сојузот на средношколци најавија дека ќе...

Порталб: Стотици средношколци во Тетово протестираа против онлајн наставата, директорите негираат дека има бојкот

Стотици ученици од сите средни училишта на територијата на Општина Тетово се собраа денес на едно место, не за да го прослават почетокот на учебната година, туку за да протестираат против онлајн учењето, објави порталот на албански јазик, Порталб.мк. Директорите на средните училишта од Тетово велат дека протест скоро и да немало. Тие велат дека бројот на ученици кои...

Учениците ќе може да останат на продолжен престој во училиште, но без да се мешаат паралелките

Одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, односно учениците од иста паралелка и од исто одделение ќе може да останат на продолжен престој во училиштето, без притоа да се мешаат паралелките и одделенијата. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница. Оттаму информираат дека усвоен е и извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство...

Годинава настава со физичко присуство ќе се одвива во 169 основни и 4 средни училишта

Децата со посебни образовни потреби ќе може да следат настава со физичко присуство, под услов истата да се реализира со мал број на деца во различни смени, со целосно почитување на протоколите дадени од Министерството за образование и наука, одобри Владата на вчерашната седница. Од Владата посочуваат дека училиштата кои имаат интернатско сместување да ги опфатат само своите ученици,...

Наставата во училница е неопходна, се подготвуваат правила за работа на училиштата

Во едни училишта во државата има подобри просторни услови, во други полоши. Некаде има многу голем број на ученици, па ќе мора да се воведе учење во смени, а во други пак, има помали паралелки и нема да има потреба од смени. Затоа, наставата со физичко присуство ќе се одвива на различен начин во различни училишта, но важно е...

МОН објави прашалник со кој ги повикува родителите да го споделат искуството со далечинско учење

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави повикот за родители и старатели за учество во истражување, со цел сеопфатно истражување во основните и средните училишта, а е поврзано со здравствената криза со корона вирусот. „Основната цел на истражувањето е да ги сумира сите релевантни искуства и да го процени севкупното влијание на пандемијата ковид-19 врз образовниот процес во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...