fbpx
Таг: средни училишта

таг: средни училишта

Шеста дојава за бомба во четири средни училишта

Во СВР Скопје денеска околу 09.30 часот, е пријавено дека на електронските адреси на две средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, а подоцна околу 10 часот е пријавено дека иста пријава стасала и до уште две други училишта, информира преку соопштение Министерството за внатрешно работи. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки...

Повторно упатени закани за поставени бомби, овојпат до четири училишта

Денеска околу 14 часот на електронските адреси на четири училишта во Скопје била упатена закана за поставена бомба, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). По добиената пријава полициски службеници преземале мерки, а училиштата се безбедно евакуирани. Од МВР додаваат дека во тек се антитерористички проверки и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е петта по ред закана за...

Средните училишта до 28 октомври можат да се пријават за размена со училишта од регионот

Повикот за проектот Суперучилишта, програма на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) за размена на ученици меѓу средните училишта од Западен Балкан, е отворен до 28 октомври за сите средни училишта во земјава, информираат од RYCO. Повикот претставува можност за училиштата, учениците и наставниците, и има за цел да го поддржи процесот за помирување и градење мир како и учење...

Истражување на „Аналитика“: Епидемија на насилство во средните училишта

Високи 70 отсто од учениците биле сведоци на насилно однесување во нивните училишта. Сепак, тие насилството не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои незнаењето кому или како да се пријави, а да останат анонимни, покажа истражувањето на тинк тенк организацијата „Аналитика“ кое беше спроведено во три средни училишта на територијата на Град Скопје – СУГС „Здравко Цветковски“, СУГС...

Четири средни училишта добија награда за „Најдобар бизнис концепт 2022 година“

Центарот за извонредност на стручно образование и обука на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје“ награди четири средни училишта со наградата за „Најдобар бизнис концепт 2022 година“. Првото место го освои тимот на СУГС „Никола Карев“ од Скопје со концептот „Нов иновативен систем за наводнување“, кој доби и парична награда од 110.000 денари. На второто...

Подготвени но под стрес, матурантите денес полагаа мајчин јазик

Матурантите во државата денес полагаат мајчин јазик, задолжителниот предмет од државната матура, која пак, е услов за упис на факултет. Процесот утрово започна на време и без значителен број на отсуства на ученици. Директорите на училишта со кои поразговаравме, велат дека учениците дошле подготвени за испитот на зрелоста. „Малку се под стрес, но нашите ученици секогаш доаѓаат подготвени за државната...

И онлајн и на училиште, матурантите се подготвуваат за испитот на зрелоста

Учениците во завршна година во училиштата за средно образование, периодов се подготвуваат за полагање на екстерните испити кои се дел од државната матура. Впечатокот кој се добива од разговорот со неколкумина професори и директори на училишта, е дека штрајкот кој неодамна беше ставен во мирување, ретко каде оневозможил да се одржува подготвителна настава за испитот на зрелоста. Некои професори,...

Владиниот Кризен штаб прифати делумно укинување на маските, на потег е Владата

Главниот координативен кризен штаб прифати неколку одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести кои ги проследи до Владата. Најголемата работа за која ќе треба да се произнесе Владата е заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица. Помеѓу усвоените заклучоци за кои...

МОН: Училиштата ќе продолжат да работат и ќе примаат ученици и од понеделник

И од понеделник, за кога е најавен штрајкот од страна на рaководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно-образовен процес, извести Министерството за образование и наука (МОН). „Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и...

Од септември учениците ќе можат електронски да се запишуваат во средните училишта

Министерството за образование и наука (МОН) има за цел од септември годинава деветоодделенците да можат по електронски пат да се запишат во средно училиште во земјава. Ова ќе се овозможи со дигиталната услуга „Електронски уписи на ученици во средни училишта“. За ова денеска информираше министерот за образование и наука Јетон Шаќири на презентацијата на новата услуга што се реализира во...

Речиси 63 отсто од учениците потврдуваат дека насилството е често присутно во училиштата

Високи 70 проценти од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи. Висок процент на ученици, односно 82,3 проценти, одговориле дека наставниот кадар посветува најмногу време на ваква едукација, покажа истражувањето на Тинк-тенк организацијата...

Сојузот на средношколци и здружението ЛЕАД со награда за средношколско учество „најГЛАСни“

Сојузот на средношколци, заедно со здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) со поддршка на фондациајта „Конрад Аденауер“, воведуваат награда за средношколско учество, како признание за активноста и работата на овие ученички тела во насока на унапредување на положбата на учениците во своите училишта и вклучување во училишните процеси. Заинтересираните учесници треба да ја раскажат приказната за нивната средношколска...

Средношколци од пет училишта за прв пат ќе учат преку VR технологија

Учениците од пет средни електротехнички училишта ќе можат да се транспортираат во дигитален фабрички погон и да стекнуваат вештини за заштита при работа, движење во простории каде има опасен напон, работа со алати и инструменти, идентификување дефекти во електропростор и нивно отстранување преку апликација за виртуелна реалност во наставата. „Лабораторија за стекнување на вештини преку Виртуелна Реалност“ е проект кој...

Младите против насилство: За успешна превенција од радикализација неопходен е поттик на талентите на младите

Во светот сè уште се соочуваме со безбедносни предизвици. Подрачјето на Балканот, поготово на Западен Балкан е подрачје кое традиционално се соочува со одредени безбедносни проблеми. Не може да збруваме само со верски екстремизам, туку и со етнички екстремизам, а во некои случаи и со десничарски екстремизам. Значи мора да работиме на превенција, а за тоа да го постигнеме...

„Младите против насилство“ за општество отпорно на радикални наративи и говор на омраза

Обезбедување подобри услови за живот и развој на младите, креирање стабилно општество отпорно на радикални наративи и говор на омраза, како и промоција на позитивните вредности за изградба на психофизички здрава младина, беше повод за потпишување Меморандум за реализација на заеднички активности во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование за млади за борба против радикализација - Младите против...

Скринингот досега не откри позитивни средношколци на ковид-19 во Скопје

Во средното училише „Зеф Љуш Марку“ како и во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ не е регистриран ниеден позитивен асимптоматски случај на ковид-19 меѓу учениците. Со скринингот за ковид-19, беа опфатени 68 ученици од „Зеф Љуш Марку“ и 95 ученици од средното медицинско училиште. На тестирањето му претходеше обезбедување писмени согласности од родителите, чии деца беа тестирани. Скрининг на...

Царовска: Наставниците се подготвени да применуваат нови концепти за едукација на учениците

Во поново време наставниците во основните и средните училишта во државава се мотивирани да учествуваат во креирање и во имплементација на новини во образовниот систем и тоа е основен услов за подигнување на квалитетот на образованието кое им се нуди на младите, истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска на денешната промоција на учебникот „Играта и учењето- нови...

Избрани и наградени најдобрите средношколци на натпреварот на средните училишта во Скопје

Во Градскиот парк на Школка денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов им ги врачи наградите и благодарниците на највисоко рангираните средношколци и на нивните ментори, а беа доделени и благодарници за здруженијата, сојузите, друштвата и асоцијациите за успешно реализирани скопски регионални натпревари, информира Град Скопје. „Денеска ги наградуваме регионалните скопски шампиони, сакам да ја искажам мојата благодарност до менторите, до акредитираните...

Порталб: Во две од четирите средни училишта е докажано дека се земале пари за издавање свидетелства

Веста на Порталб.мк во врска со училиштата кои прават „пазар“ со свидетелствата што законски се бесплатни за учениците, денеска официјално беше потврдена од Просветниот инспекторат, по завршувањето на неколкудневната инспекција во четири средни училишта. Имено, во две од четирите училишта, кои беа предмет на инспекција, беше потврдена продажбата на свидетелства. Сепак, и покрај ова, против училиштата не се преземени конкретни...

Средношколците ги бараат и свидетелствата и парите за свидетелствата што биле наплатени од четири училишта

Сојузот на средношколците бара да им се издадат свидетелствата на средношколците, додека четирите средни училишта кои им зедоа пари на учениците за свидетелства под итно да им ги вратат назад. Новиот лидер на Сојузот на средношколците, Лука Павиќевиќ денеска одржа прес-конференција пред Министерството за образование и наука во врска со проблемите околу издавањето свидетелства. „Некои училишта прават бизнис од јавното...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...