fbpx
Таг: средба

таг: средба

Жерновски на средба со Бејли: Политичката криза да се реши со независен јавен обвинител

Првиот чекор за да се разреши политичката криза би можел да биде именување на лице кое што ќе биде независен јавен обвинител во Македонија, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по средбата со амбасадорот на САД, Џес Бејли. - Влегуваме сите, и домашниот и надворешниот фактор, во една чуствителна фаза во која ќе мора да се најдат решенија за...

Шекеринска разговараше со државниот секретар за европски прашања на Португалија

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска се сретнала со Бруно Мачес, државен секретар за европски прашања на Португалија. Како што информираат од опозицискиот СДСМ, тема на средбата била сериозната политичка криза во Македонија и можните излезни решенија и последиците од недемократските состојби во земјава врз евроинтеграциите. Шекеринска рекла дека доказите што ги презентира СДСМ на јавноста само ги потврдуваат критичните точки...

Груевски утре во Брисел ќе се сретне со првиот човек на НАТО, Столтенберг

Премиерот Никола Груевски, утре во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.ж До средбата доаѓа на барање македонскиот премиер, поднесено пред два месеци. Груевски и Столтенберг во 13.30 часот заедно ќе дадат изјава за медиумите. Изјавите ќе се пренесуваат директно на интернет-страницата на НАТО.

МОН попушти пред студентите: Ќе има нов закон без државен испит

Нов закон за високо образование, без државен испит, договорија „Студентски пленум“ со преставници од Министерството за образование и од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на денешната двочасовна средба, потврди за новинската агенција „Мета“, Стефан Видиков, претставник на студентите. - Задоволни сме од средбата. Од наредната недела почнуваат со работа работните групи. Вечерва имаме генерален пленум, на кој треба да одлучиме за...

„Студентски пленум“: Се договоривме да се договориме, окупацијата продолжува

Вчерашната средба на „Студентскиот пленум“ и на УКИМ со претставнците на Министерството за образование и наука не била од одлучувачки карактер и единствениот договор што го постигнале бил да се одржи уште една средба во наредните неколку дена. Во меѓувреме, студентите ќе продолжат со окупација на факултетите. - Средбата не беше од одлучувачки карактер. Ние го изнесовме нашето клучно барање, а...

Груевски и Вељаноски се сретнаа со амбасадорот Бејли

Премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска се сретнаа со новоименуваниот американски амбасадор, Џес Бејли. На средбите се разговарало за успешната соработка меѓу двете држави. Амбасадорот Бејли истакнал дека САД искрено ќе продолжат да ги поддржуваат демократските процеси и членството на Македонија во НАТО и во Европска Унија. Тој подвлекол дека е важно да се преземаат мерки за подобрување на...

Груевски и Попоски се сретнаа со Дачиќ

Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој е во посета на Македонија како претседавач на ОБСЕ. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, a се разговарало за главните приоритети на ОБСЕ за време на српското претседателство. - ОБСЕ е организација која се занимава со три...

МОН и УКИМ ќе дебатираат во Ректоратот?

Средбата помеѓу работните групи на Министерството за образование и наука и преставници на УКИМ, меѓу кои и студентите, која требаше да се одржи пред два ден, најверојатно ќе се одржи утре, во Ректоратот на Универзитетот. Студентите побараа средбата да се одржи на академско тло и не прифатија да се сретнат во Владата или во Министерството за образование. - Посочуваме дека од...

Хан: Барам решение за доброто на вашата држава

Јоханес Хан, еврокомесарот за соседска политика и за преговори за проширување на ЕУ, се сретна со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. По средбата немаше изјави за новинарите, Хан само кусо кажа дека не може ништо да коментира додека не се сретне и со претставници на власта и на опозицијата. - Се обидувам да најдам решение за доброто на вашата држава, не...

Средба меѓу македонски и бугарски бизнисмени

Работна средба помеѓу претставници на македонските бизнис-асоцијации и Бугарската стопанска комора денеска организира Македонско-бугарската стопанска комора. На средбата ќе се разговара за потенцијалите за зголемување на трговската и на економската размена меѓу двете земји, како и за организацијата, темите и за формите на бизнис-форумот што треба да се одржи во Софија.

Студентите денеска ќе решат дали ќе преговараат со Адеми

Трет ден трае окупацијата на факултетите и студентите се во автономната зона, а од Министерството за образование и наука вчера предложија прва средба на работните групи за унапредување на пакетот реформи во високото образование, односно носење нов закон за високо образование да се одржи в понеделник. Студентите велат дека сè уште не знаат дали и кој од нив ќе...

Утре средба Коѕиас – Ангелов

Македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, утре ќе се сретне со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас. Ангелов е еден од првите амбасадори со кои се среќава Коѕиас по преземањето на функцијата од претходниот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос. Средбата Ангелов-Коѕиас ќе биде можност за запознавање на амбасадорот со новиот министер, а доаѓа на барање од македонска страна....

МОН: Наскоро работна средба за нов закон за високо образование

Дискусијата за нов закон за високо образование на ниво на работни групи со сите засегнати страни ќе се случи во следните неколку денови, велат од Министерството за образование и наука. Сенатот на УКИМ треба да номинира претставници на академската заедница, на професорите и на студентите, кои ќе учествуваат во целосното заокружување на процесот и во реализација на договорот од...

Ахмети: ДУИ дејствува без емоции и со студена глава

„ДУИ  дејствува без емоции, без лажење и работи со студена глава, го анализира и проучува секое дејство и нема да направи ништо што би им наштетило на граѓаните на Македонија, на Албанците, Македонците и на другите заедници што живеат во оваа земја. Нема да се раководиме од емоции, туку од разумот и од рационалноста. ДУИ нема да тужи ниедна институција....

„Студентски пленум“: Премиерот попушти, но ние не сме наивни

По долги часови полемика и здрава расправа по денешната средба во Владата на РМ, пленумци се сложни во ставот дека нивните очигледни аргументи го убедиле премиерот Никола Груевски во апсурдноста на сопствениот закон. Денеска тој попушти, но пленумци не се наивни, велат од „Студентски пленум“. „Сосема е позната законската процедура: прв чекор кон укинување на закон е мораториум односно одложување...

Владата ќе ја одложи примената на измените на Законот за високо образование

За една година ќе се одложи примената на последните измени на Законот за високо образование, меѓу кои спроведувањето на државниот испит, соопштуваат од Владата. „На средбата и двете страни изразија подготвеност за одложување на примената на последните измени на Законот за високо образование за една година, меѓу кои и одложување на спроведувањето на државниот испит за една година и за...

Пленумците на итна средба во кабинетот на Груевски

Премиерот Никола Груевски ги повикал студентите и професорите на вонредна средба, која почна во 12.30. Од „Студентски пленум“ велат дека инцијативата на премиерот Груевски им била соопштена на работната група на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, која имаше средба утринава во 9 часот и на која присуствувале преставници од „Студентски пленум“ и од „Професорски пленум“. - Не е коректно вакви средби да...

Европските социјалисти на „кризна средба“ со Шекеринска во Брисел

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел се сретна со претставници на сестринската партија во Европскиот парламент (ЕП), групата на социјалдемократите, и со нивниот координатор за надворешни работи, Ричард Ховит. Европските социјалисти денеска одржаа „кризна средба“ за случајот „Пуч“ во присуство на Шекеринска. - Тешко да се има доверба во тоа дека на случајот се работи непристрасно кога најавата дојде...

УКИМ ја прифати средбата со МОН на 10 февруари

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја прифати поканата за средба со Министерството за образвание и наука на 10 февруари. „Ве известуваме дека го прифаќаме предлогот средбата да се одржи на 10 февруари. Местото и терминот за средбата ќе бидат дополнително договорени“, пишува во дописот од ректорот Велимир Стојковски до министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. МОН вчера предложи средба на 10...

Обама и Меркел ќе се сретнат на 9 февруари

Германската канцеларка Ангела Меркел на 9 февруари ќе го посети претседателот на САД, Барак Обама, соопшти Белата куќа. На средбата, Обама и Меркел ќе разговараат за Украина, борбата против тероризмот и против Исламската држава и за ситуацијата со Авганистан и со Иран. Освен тоа, тие ќе разговараат и за глобалниот економски пораст, климатските промени, како и за Самитот Г7 во јуни, на...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...