fbpx
Таг: средба

таг: средба

Нова средба Меркел – Ципрас вечерва во Брисел

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска одново ќе седне зад затворени врати со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговара за грчкиот долг и за новиот договор меѓи ЕУ и Грција. Средбата ќе се одржи на маргините на вонредниот Самит на Европската унија во Брисел, кој ќе се фокусира на новонастанатата ситуација со имигрантите во ЕУ. Грчката јавност е резервирана во однос на...

Османи: За ДУИ состанокот кај Иванов е непостоечки зашто тој е нелегитимен претседател

„Тоа е непостоечки состанок затоа што Иванов е нелегитимен претседател.“ Вака, Бујар Османи, портпаролот на Демократската унија за интеграција, ни одговори на прашањето зошто ниту еден претставник од ДУИ не присуствуваше на вчерашната итна средба кај претседателот Ѓорге Иванов. На вчерашниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов не присуствуваа претставници на албанскиот блок од владината коалиција. На состанокот присуствуваа претседателот на Собранието, Трајко...

Манчевски и Милевски се сретнаа со Кадик

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, денеска се сретнаа со Даниел Кадик, директор на Фондацијата „Фридрих Ноиман“ за Југоисточна Европа. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација. Било заклучено дека во земјата се нарушени демократските процеси и човековите права од недемократското владеење на власта, а доказ за тоа бил процесот што го води СДСМ, „Вистината за...

Коце Трајановски се сретна со Кадир Топбаш, градоначалникот на Истанбул

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска се сретна со градоначалникот на Град Истанбул, Кадир Топбаш. Топбаш на средбата истакнал дека овие средби ќе придонесат за подобрување на односите меѓу нас во економската, трговската и во културната сфера. - На средбата со градоначалникот Топбаш, договоривме неколку значајни работи, пред сè, во областа на размената на искуствата, каде што ќе биде направена...

Груевски со ОБСЕ: Реформите, ЕУ и НАТО – темелни заложби на Владата

Реформскиот процес, европската и евроатлантската интеграција на земјата се темелна заложба на македонската влада, истакнал премиерот Никола Груевски на денешната средба со делегацијата на постојните претставници на земји на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти владината прес-служба. На средбата станало збор и за актуелната политичка состојба во земјата, за која соговорниците истакнале дека е потребно одговорно однесување и...

СДСМ се сретна со амбасадори на ОБСЕ

Раководството на СДСМ денеска се сретна со висока делегација амбасадори на ОБСЕ. „Сето она што мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го наведе во последниот извештај за изборите во Република Македонија, за нарушените слободи и права на граѓаните, узурпацијата на правосудниот систем на државата, партизираноста на институциите и за загрозената слобода на медиумите, се потврди со доказите и со аргументите што ги обелодени...

Јолевски се сретна со Хојт Ји

Зоран Јолевски, министерот за одбрана, денеска се сретна со Хојт Ји, заменик помошник државен секретар за Европа и за Азија во американскиот Стејт департмент. Главна тема на разговорот биле евроатлантските интеграции на Македонија. „Армијата на Македонија е целосно интероперабилна со армиите на земјите-членки на НАТО“, пишува во соопштението од Министерство за одбрана. На средбата Ји истакнал дека Македонија ја има поддршката на САД...

Коѕиас идната недела на средби со Кери, Нимиц и со Ки-мун

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, в недела заминува на еднонеделна посета на САД, каде ќе има бројни средби поврзани и со македонско-грчките односи и со спорот за името. Првата станица на Коѕиас ќе биде Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот државен секретар, Џон Кери, со кој се очекува да разговара за сите прашања од билатерален и меѓународен интерес,...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ в среда повторно во Брисел

Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНE в среда, вторпат ќе се сретнат во Европскиот парламент со посредство на тројката европратеници Вајгл - Кукан – Ховит, дознава телевизија „Телма“. Тактиката и преговарачките стратегии се држат во тајност и во двете партии, како и при првата средба, од која единствениот исход беше расположението на двете партии повторно да се сретнат. Нов републички...

Заев се сретна со холандскиот амбасадор Јоп Хеферс

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Јоп Хеферс, со кој разговарал за можниот излез од политичката криза, за причините за сложената ситуација во земјата и за последиците на економски план и врз европерспективите. На средбата Заев му објаснил на Хеферс за злоупотребите на власта обелоденети преку проектот „Вистината за Македонија“ и дека СДСМ ги...

ДУИ: Ниту едно решение за Македонија, не е одржливо без Албанците

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, денеска во амбасадата на САД во Скопје се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли. Ахмети и Бејли разговарале околу актуелната политичка ситуација во земјава, тематскиот конгрес на ДУИ, евроатлантската интеграција на земјата, како и за потребата за решавање на прашањето за името, соопштија од ДУИ. Ахмети на средбата рекол дека ДУИ треба да стане дел од...

Коѕиас и Попоски разговарале за мерките за градење доверба

Мерките за градење доверба, енергетската и меѓуграничната соработка биле главна тема на разговор меѓу македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас. Коѕиас и Попоски се сретнаа денеска на маргините на состанокот за енергетска соработка на државите од Југоисточна и од Централна Европа. Според соопштението од грчкото Министерство за надворешни работи, двајцата министри имале прв разговор...

Заев се сретна со белгискиот министер Рејндерс и со турскиот амбасадор Солендил

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во две одделни средби се сретна со министерот за надворешни работи и за европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, и со амбасадорот на Турција во Македонија, Омур Солендил. На средбата со белгискиот министер Рејндерс разговарале за нарушените слободи и права на граѓаните, узурпацијата на правосудството, на медиумите и на државниот систем од власта и за...

Средба Коѕиас – Попоски во вторник во Будимпешта

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на маргините на состанокот за енергетска сигурност, идната недела во Будимпешта. Како што информираат од грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕиас, покрај со Попоски, ќе има средби со премиерот на Унгарија, министерот за надворешни работи на Србија и со министерот за европски прашања на...

Почна средбатa помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел

Во Брисел почна првата директна средба на претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за надминување на политичката криза во земјава, со посредство на Европскиот парламент. Според најавите, средбата се одвива зад затворени врати, пренесе МТВ. Состанокот на претставниците на ВМРО-ДМПНЕ и на СДСМ е со европаратанците Кукан, Вајгел и Ховит, за решавање на политичката криза во нашата држава. Во улога...

„Новинарски пленум“ бара средба со уредничкиот тим на МРТВ

Претставници на „Новинарски пленум“ денеска испратиле СМС-пораки до новинарите кои се дел од уредничкиот тим на МРТВ, Горан Петрески, Билјана Василева-Трендафилова, Стојан Трпчевски и Душко Арсовски, со барање за средба, информираа преку соопштение од пленумот. „Поради загриженоста за состојбите во кои е западната нашата професија, ве покануваме на средба на која отворено би дискутирале за сите предизвици со кои се...

СДСМ нема тим за Брисел, ВМРО-ДПМНЕ нема телефон!

СДСМ сè уште нема избрано тим од претставници кои треба да се појават на преговори со ВМРО-ДПМНЕ во Брисел, во вторник (31 март 2015 година). Од владејачката партија, пак, не успеавме да добиеме одговор за тоа дали имаат направено тим што ќе ги пегла разликите со опонентите и ќе ја извлече Македонија од политичката криза. Никој од ВМРО-ДПМНЕ со денови не одговара на телефонските повици...

Заев се сретна со Масимо Бели, амбасадорот на Италија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со Масимо Бели, амбасадорот на Италија во Македонија. Како што соопштуваат од опозициската партија, тема на разговор на средбата биле актуелната политичка криза во Македонија, нефункционалноста на државниот систем, урнисаниот правен поредок и рефлексијата на овие состојби. - Обелоденетите докази ги потврдија сите загрижености нотирани во домашните и меѓународните извештаи, на ЕУ,...

Радмила Шеркеринска се сретна со делегација на ЕУ

Радмила Шекеринска, заменик-претседателката на СДСМ, денеска се сретна со делегација на ЕУ, предводена од Јоханес Виерек, од одделот за Западен Балкан на Европската унија, одговорен за Македонија. Како што пишува во соопштението на СДСМ, на средбата се разговарало за политичката криза во земјава, прислушувањето од власта на повеќе од 20.000 граѓани во Република Македонија, контролата на Никола Груевски и на неколкумина...

Нова средба на пленумите со МОН за законот за високо образование

Нова средба меѓу двата пленума, претставници од Сенатот и од Министерството за образование и наука, денеска ќе се одржи во ректоратот на УКИМ. Тие на заедничка маса треба да го договорат концептот на работа за креирање сосема нов закон за високо образование. Од студентскиот и од професорскиот пленум велат дека интензивно се работи на прибирање на ставовите од сите интерни пленуми, а...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...