понеделник, 15 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: СПЦ | 34 резултати

Поглаварите на СПЦ и на БПЦ утре во Москва на средба кај рускиот поглавар

30 ноември 2017

Рускиот патријарх Кирил утре во Москва ќе се сретне со бугарскиот патријарх Неофит и со српскиот патријарх Иринеј, во рамки на Серускиот православен собор. Со бугарскиот патријарх ќе патуваат и дел од владиците што се во составот на комисијата што Бугарската православна црква ја оформи за да разговара со другите помесни православни цркви за статусот на Македонската […]

СПЦ: Не ја одобривме посетата на „Прохор Пчињски“ од добро познати причини

31 јули 2017

Српската православна црква денеска соопшти дека на македонска државна делегација нема да и биде одобрена посета на манастирот „Прохор Пчињски“, „поради веќе добро познати причини“, информираше српската агенција „Танјуг“. „По повод барањето официјална државна делегација на Република Македонија на празникот Свети пророк Илија да го посети манастирот Свети Прохор Пчињски со своја програма и пораки, […]

СПЦ донесе условна одлука за продолжување на дијалогот со МПЦ

27 мај 2015

Светиот архиерејски собор на Српската православна црква (СПЦ) денеска донел одлука со која начелно го одобрува продолжувањето на дијалогот со Македонската православна црква (МПЦ). „За наоѓање на канонски исправно и во духот на црковното предание прифатливо решение за статусот на т.н. македонска православна црква, начелно да се одобри продолжување на дијалогот меѓу претставниците на Српската православна […]

СПЦ и РПЦ ја поздравија одлуката за ослободување на Вранишковски

3 февруари 2015

Пуштањето на слобода на Јован Вранишковски го поздравија Руската и Српската православна црква, во заедничко соопштение на Московската патријаршија и на СПЦ. Во него е наведено дека епископот Вранишковски треба наредните денови да замине за Русија на лекување. Јован Вранишковски вчера излезе од затворот „Идризово“ бидејќи Апелацискиот суд ја одби жалбата на Обвинителството за неговиот условен […]

Вранишковски ќе излезе, што за возврат ќе добие МПЦ?

13 јануари 2015

Повикот на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) до надлежните власти во државата за милост кон расчинетиот владика Јован Вранишковски, во име на „повисоки цели“, за краток период го најде своето откровение. По одлежани три години и два месеци или повеќе од половина од пет и полгодишната затворска казна, Вранишковски за една […]

Руската црква нуди посредништво во спорот меѓу МПЦ и СПЦ

5 јануари 2015

Вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион Алфеев, изјавил дека Москва сака да посредува помеѓу Белград и Скопје околу црковниот спор, јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на Верската информативна агенција (ВИА). „Руската православна црква не може еднострано да ја признае Македонската православна црква(МПЦ). Тоа треба да се направи на основа на сеправославно решение, а […]

ВМРО-НП: За СПЦ македонските христијани се „крстени души во БЈРМ“

27 декември 2014

Српската православна црква (СПЦ) најбрутално ги навреди Македонците со последното соопштение, во кое наместо македонски христијани го употребува терминот „крстени души во БЈРМ“, реагираше денеска ВМРО-Народна партија, пренесе „Нова тв“. – Крајно сме огорчени од негаторските и непријателски ставови кон сè што претставува идентитет на македонскиот народ, содржани во соопштението на СПЦ. Во него доминираат […]

СПЦ ја замени БЈРМ со Р. Македонија во новото соопштение

26 декември 2014

Во новото, дополнето соопштение на Српската православна црква за посетата на рускиот митрополит Иларион на Скопје, БЈРМ е заменето со Р.Македонија, но за Македонската православна црква-Охридска архиепископија сè уште се користат термините „самопрогласена“ и „неканонска“. Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија по посетата на митропилитот Иларион, соопшти дека ја прифаќа иницијативата на Руската […]

ВМРО-НП: МПЦ и провладините медиуми молчат за пораката на г.г. Кирил во Србија

19 ноември 2014

ВМРО – Народна партија изразува длабоко жалење од целосниот медиумски мрак на провладините медиуми за посетата на московскиот и патријархот на цела Русија, г.г. Кирил на Србија, премолчувајќи ги кристално чистите и јасни негови пораки за статусот на МПЦ, се вели во реакцијата од партијата. „Имено, рускиот патријарх на средбата со српскиот патријарх, недвосмислено порача […]

Рускиот патријарх Кирил пристигна во Србија

14 ноември 2014

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, денеска ја почна тридневната посета на Србија. На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, патријархот Кирил беше пречекан од министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, српскиот патријарх Иринеј и од амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин. Во попладневните часови ќе биде организирана средба на патријархот со претседателот на […]

Страна 2 од 2