fbpx
Таг: спорот со Бугарија

таг: спорот со Бугарија

Бугарскиот митрополит Гавриил до Пендаровски: Нема ништо политичко во одлуката за македонската црква

Решението на Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ) да го признае канонскиот статус на Македонската црква е донесено според предлогот на српската црква, коментира бугарскиот Ловчански митрополит Гавриил, инаку еден од повлијателните во БПЦ, по исказот на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој порача дека има координирана државна политика меѓу бугарските власти и БПЦ. „Денеска ја видов одлуката на БПЦ...

Францускиот предлог за кревање на ветото за Северна Македонија попладнево ќе се разгледува во бугарскиот парламент

Во 15 часот по бугарско време (14 часот по македонско), треба да почне седницата на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент на која што ќе се разгледуваат протоколите договорени меѓу Бугарија и Северна Македонија, што е еден од последните чекори пред најавеното кревање на бугарското вето. Потоа на пленарна седница тие треба да се одобрат, односно ќе се направи...

ГЕРБ на Бојко Борисов ќе го поддржи кревањето на ветото за Северна Македонија

Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов денеска објави дека неговата партија ќе го поддржи кревањето на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ, откако претходно неговата партија заедно со другите опозициски партии не се појавија на продолжението на парламентарната седница, па немаше кворум, известува mediapool.bg. „Со овој став Борисов истовремено сака...

Бугарскиот парламент расправа за гласањето доверба на владата на Кирил Петков, во Софија протести

Во бугарскиот парламент денеска се расправаше за гласањето доверба на владиниот кабинет предводен од Кирил Петков. Расправата веројатно ќе продолжи до утре, а гласањето доверба би се случило в четврток. Ова е прво барање да се изгласа недоверба на владата предводена од Кирил Петков, известува mediapool.bg. Расправата течеше со многу обвинувања и кон владата и кон партиите на владејачката коалиција,...

Медиапул: Теодора Генчовска ги крие од граѓаните на Бугарија документите за преговорите со Северна Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија (во оставка) Теодора Генчовска (од партијата „Има таков народ“) продолжува да го одолговлекува процесот за излегување од кризата со Северна Македонија. Таа го доставила двостраниот протокол помеѓу Северна Македонија и Бугарија до бугарскиот парламент, но му дала статус „доверливо“ и сега тој не може јавно да се разгледува, пишува бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Од...

Дебата на ИДСЦС и ЕПИ: Македонија да се воздржи од отпочнување преговори со ЕУ по секоја цена

Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска во Јавна соба го презентираа документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“ Документот го презентираа претседателот на ИДСЦС, Марко Трошановски и директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска. Трошановски истакна дека целта на документот е да го изостри фокусот во јавноста дека зад флоскулата „за идентитетот не...

Прекинување на ветото или бугаризација до недоглед?

Најчесто се воздржувам од коментари на непотврдени документи. Меѓутоа, во случајов се работи за објавени предлози на документи (од страна на 360 степени) кои се многу значајни за Македонија. Тоа се делови од предложените заклучоци на Советот за општи работи на ЕУ кои се однесуваат на Македонија, кои би требало да се најдат на масата на Советот за општи...

Францускиот предлог пристигнал во Бугарија, бугарските политичари засега одбиваат да го кренат ветото

Предлогот на Француското претседателство со ЕУ за надминување на бугарското вето за почетокот на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ стасал до Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент и вчера се дискутирало за него во парламентарната Група за пријателство со Франција, јави Бугарското национално радио (БНР), повикувајќи се на два независни извора од парламентот. БНР поседува примероци...

Гласањето доверба на бугарската влада ќе се одржи в среда

Бугарскиот парламент ќе го разгледува гласањето за доверба на владата на премиерот Кирил Петков во вторник од 11 часот, а гласањето би требало да се одржи следниот ден, в среда. Одлуката за свикување на вонредната седница во вторник е потпишано од заменик-претседателот на парламентот Мирослав Иванов, пишува mediapool.bg. Во средата ГЕРБ поднесе барање за гласање доверба на актуелниот владин кабинет, од...

Вархеји: Преговорите со Софија за кревање на бугарското вето се во ќорсокак

Еврокомесарот за проширувае Оливер Вархеји порача дека преговорите за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите со Северна Македонија се во ќорсокак, пренесува Бугарското национално радио (БНР) од Брисел. „Тоа за што сум на јасно е дека во однос на Софија сме целосно влезени во ќорсокак. Тоа не ме прави многу среќен бидејќи го минував секој втор четврток во...

Ковачевски: За јазикот и идентитетот не преговараме, решението да содржи гаранција дека нема да има други барања од Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во рамки на Преспа форумот во Охрид, рече дека нашите позиции во спорот со Бугарија се многу јасно дефинирани и нема да се разговара за македонскиот јазик и идентитетот. Исто така, тој посочи дека решението на спорот треба да содржи гаранции дека нема има други барања од страна на Бугарија. „Јас ги кажав...

Уште еден пратеник ја напушти партијата на Слави Трифонов, премиерот Петков убеден дека ќе има и други

Партијата „Има таков народ“ (ИТН), на бугарскиот шоумен Слави Трифонов денеска изгуби уште еден пратеник - тоа е шестиот што ја напушти партијата откако таа излезе од владејачката коалиција. Пратеникот Кирил Симеонов од Варна денеска во емоционален говор во парламентот рече оти му е срам што вчера гласал заедно со ГЕРБ и ДПС за разрешувањето на претседателот на бугарскиот парламент,...

Канцеларска посета и регионален самит

На крајот на француското претседателство, германскиот премиер одбра да го посети Балканот. И тоа не само „Западниот“ Балкан, туку и Бугарија, но и да присуствува на Самитот на државите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Солун - Грција. Да се потсетиме – овој процес е најстарата регионална иницијатива (од 1996 година), чија институционална поддршка е подоцна...

Бугарскиот премиер Петков ги повтори трите барања, Вархеји се надева на решение до крајот на месецов

На заедничка прес-конференција во Софија со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, бугарскиот премиер Кирил Петков денеска се „спротивстави на лажните вести“ дека сака самостојно да го крене ветото за Северна Македонија и рече дека Бугарија има три услови за Северна Македонија. Вархеји пак рече дека Европската Комисија е фрустрирана од тоа што сè уште нема решение за спорот и...

Партијата на Слави Трифонов излегува од бугарската влада поради „Македонија и банкротот“

По отприлика половина година на затегнати односи, се распадна владината коалиција во Бугарија. Шоуменот Слави Трифонов, претседател на „Има таков народ“ во видеообраќање соопшти дека ги повлекува министрите од партијата од владата и излегува од неа, јави Бугарското национално радио (БНР). Потегот на Трифонов уследи по долгите несогласувања во коалицијата, во која за разлика од партнерите, „Има таков народ“ постојано...

БГНЕС: Радев и Петков одат во Париз да го кренат ветото за почеток на преговорите на РС Македонија

Според бугарската приватна новинска агенција „БГНЕС“, во најкраток можен рок ќе се организира посета на претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Кирил Петков, на Париз, односно на францускиот претседател Емануел Макрон, на која Бугарија и официјално ќе го крене ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ. Со тоа Бугарија ќе го прифати...

Вархеји на средби во Скопје, Ковачевски и Османи порачуваат сега е момент за почеток на преговорите со ЕУ

По вчерашната посета на Бугарија, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска оствари посета на Северна Македонија. Вчера од Софија ја испрати пораката дека прашањето за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ треба да се реши до јуни годинава, а денеска Вархеји се сретна со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, со заменикот на претседателот на Владата за...

Генчовска го потврди разидувањето на ставовите за спорот со Македонија меѓу неа и Кирил Петков

Има сериозно несогласување за прашањето за Северна Македонија помеѓу Министерството за надворешни работи (МНР) и тимот за надворешна политика на премиерот Кирил Петков за евроинтеграциите и преговорите со Република Северна Македонија, изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, јавува БНТ. Шефицата на бугарската дипломатија порачува дека нема напредок од македонска страна, како и оти нема време Северна Македонија...

Османи: Имало повици од наши институции да не се решава спорот со Бугарија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот редовен брифинг со новинарите посочи дека имало континуирани обиди Западниот Балкан да не се движи кон ЕУ. „Сметам дека констатацијата е точна, дека имало континуирано обиди Западниот Балкан да не се движи кон ЕУ, преку играчи од регионот, а не исклучувам дека и во нашата земја, колку повеќе се зголемуваат изгледите за...

Пристигна првиот комерцијален лет Софија-Скопје-Софија

На Меѓународниот аеродром Скопје, утрово министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги пречека патниците кои пристигнаа со првиот комерцијален лет на релација Софија - Скопје. Со ова започнува да се реализира редовната авиолинија Софија-Скопје-Софија што произлезе од договорот меѓу мешовитите владини комисии на двете земји. Авиокомпанијата Гуливер ќе ги поврзува главните градови два пати во неделата, со идеја оваа линија...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...