Зголeмени сомнителните и спорни побарувања во вкупните кредити
март 24, 2016
Во текот на јануари е забележено зголемување од 10,9 отсто на учеството на сомнителните и спорни побарувања во вкупните кредити во однос на претходниот месец, кога тие изнесувале 10,6 отсто, објави Народна банка. Од НБРМ велат дека овој тренд е резултат на зголемувањето на сомнителните и спорни побарувања кај фирмите и умереното зголемување на тие побарувања кај граѓаните.