fbpx
Таг: спор за името

таг: спор за името

ОМД: Заев вети дека во 2019 година ќе има попис во Македонија

Премиерот Зоран Заев на средбата со Обединетата македонска дијаспора (ОМД) рекол дека во 2019 година ќе биде спроведен попис на населението во Македонија, тврди ОМД во соопштението за средбата што се одржа оваа недела во Њујорк, каде премиерот со владина делегација присуствува на 72. Генерално собрание на Обединетите нации. На средбата претседателот на ОМД, Методија Колоски, стои во соопштението, побарал...

Димитров и Коѕиас во Њујорк разговарале за мерките за доверба и за името

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров синоќа во Њујорк имал работа вечера со својот грчки колега, Никос Коѕиас, на која, како што соопшти МНР, било разговарано за мерките за градење доверба меѓу двете земји и за процесот за надминување на разликите околу името. Во соопштението на МНР не се наведуваат повеќе детали од средбата, која била последна од вчерашната „богата“...

ФАЦ: Можно е Владата по изборите да го смени името на скопскиот аеродром во „Мајка Тереза“

Македонската влада по локалните избори е можно да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики“ во „Мајка Тереза“, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во опширната анализа за Македонија под наслов „Не под ова име“, пренесува „Дојче веле“. Во анализата, весникот во добар дел посветува внимание на спорот за името меѓу Македонија и Грција. ФАЦ ја цитира изјавата на шефот на македонската...

Постои отворен прозорец за разговори за името, рекол Коѕиас по средбата со Гутереш

Македонија и спорот за името биле една од темите на кои вчера во Њујорк разговарале шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш. Како што соопшти грчкото МНР, во врска со спорот за името и разговорите со посредство на посредникот Метју Нимиц, Коѕиас рекол дека „постои отворен прозорец за можности“ да се разговара за...

Најголемата мерка на доверба е деблокада на интеграциите, му порача Иванов на Коѕиас

Најголемата мерка што ќе влијае на меѓусебната доверба и ќе создаде уште подобра атмосфера е Грција да ги деблокира евроатлантските процеси на Македонија и да овозможи да не ѝ се ускратува правото на просперитет, истакнал претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, кој денеска е во посета на земјава. Иванов и Коѕиас, како што...

Османи побарал од Рот вклучување на Берлин во решавањето на спорот за името

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска на државниот секретар на Mинистерството за надворешни работи на Германија за европски прашања, Михаел Рот му ја пренел иницијативата на македонската Влада за стратешко партнерство меѓу Германија и Македонија и побарал вклучување на Берлин во решавањето на спорот за името. Османи на средбата со Рот, стои во соопштението од неговиот кабинет, го истакнал...

Биљали: Очекувам брз прием на Македонија во НАТО, а потоа решавање на спорот за името

Меѓународната заедница ќе инсистира Македонија првин да добие покана за членство во НАТО, без да има промена на името, а потоа да се даде рок за преговори за изнаоѓање решение за спорот со Грција, вели универзитетскиот професор Мерсел Биљали во неделното интервју за македонскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. - Колку што јас имам информации, меѓународната заедница или главните креатори...

Ципрас, Вучиќ и Борисов: Стабилна Македонија со решено име е услов за целосна поддршка

Стабилизација во Македонија и суштински дијалог за наоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името се услов за целосна поддршка од Грција, Србија и од Бугарија за евроатлантските перспективи на Македонија. Ова е ставот околу кој се согласиле грчкиот премиер, Алексис Ципрас, неговиот бугарскиот колега, Бојко Борисов, и српскиот претседател, Александар Вучиќ, на денешната трилатерална средба во Солун. Заедничкиот став околу...

Коѕиас обвинува дека меѓународната заедница ја разгалила Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во интервју за грчката телевизија „Антена“, ја обвини Македонија за иредентизам, неподготвеност, но и за разгаленост од меѓународната заедница. - Бев, како што знаете, двапати во Скопје, разговаравме за прашањето, беа неподготвени. Дојдоа во Грција, пак неподготвени. Разгалени се од меѓународниот фактор. Овде си имаме работа со иредентизам кој не треба да го...

Посредникот Нимиц се сретна со Груевски и со Ахмети

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретнаа со посредникот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц. На средбата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, покрај Груевски присуствувале и членовите на извршниот комитет на партијата, Антонијо Милошоски и Никола Тодоров. „Целта на посетата на Нимиц е запознавање со општата атмосфера во државата во однос на...

Треба дополнителен импулс од двете страни во спорот за името, му порачал Иванов на Нимиц

Неопходно е стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите за спорот за името - резолуциите на Советот за безбедност, Привремената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, истакнал македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, на средбата со Метју Нимиц, специјален пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името. Иванов порачал дека...

Нимиц денеска ќе се сретне со Иванов во Вила Водно

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе го прими специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името, Метју Нимиц, кој од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје. Средбата на Иванов и на Нимиц е закажана по 17 часот во претседателската резиденција на Водно. Инаку, Нимиц е во посета на земјава на покана...

Димитров: Не ни требаат стотици споменици за да бидеме горди Македонци

„Оваа Македонија која ја претставувам е позрела Македонија. Нам не ни требаат стотина споменици на плоштадот во Скопје за да бидеме горди Македонци. Оваа Македонија им пристапува на своите соседи без предрасуди и страв“, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во интервју за регионалната телевизија „Н1“. Во интервјуто дадено во Дубровник, за време на Самитот на земјите учеснички во Процесот...

Нимиц: Не носам нов предлог за името, доаѓам да ја тестирам подготвеноста за напредок

Овојпат не носам ново предлог-решение во Скопје, доаѓам да разговараме за напредокот во преговорите со Атина околу спорот за името, вели специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција во интервју за емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат М“. Нимиц, кој од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје, на покана на македонската Влада, вели дека...

Нимиц од денеска во Скопје, на разговори со државниот врв за спорот за името

Специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, од денеска до 4 јули ќе претстојува во Скопје на разговори со државниот врв околу можностите за решавање на спорот за името. Нимиц, како што соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН, доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада, за да се дискутира за начините...

Нимиц во Скопје од 1 до 4 јули, потоа заминува за Атина

Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името, Метју Нимиц, од 1 до 4 јули ќе го посети Скопје, соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН. Нимиц, како што се наведува, доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада, за да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство...

Груевски омекна за името, подготвен е за „фер решение“?

Членството во НАТО и во Европската Унија ќе остане приоритет, но и грижата за фер решение на спорот со јужниот сосед (Грција), изјави синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање пред гласањето за новата влада на премиерот Зоран Заев. Ставот за „фер решение“ за името, што го нагласи Груевски, отстапува од досегашните тврди позиции на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа...

Нова демократија бара објаснување од грчкото МНР за радикалните изјави на Каменос за Македонија

Грчката десничарска партија Нова демократија бара официјално објаснување од грчкото Министерство за надворешни работи околу позициите на грчката влада за Македонија и спорот за името по новите радикални изјави на министерот за одбрана, Панос Каменос. Каменос во интервју за телевизијата „Скај“ изјави дека тој никогаш нема да прифати име во кое ќе фигурира зборот Македонија, но и дека спорот за...

„Протагон“: Нестабилноста може да доведе до притисоци врз Грција за прием на Македонија во НАТО

Дополнителна нестабилност и граѓански конфликт во Македонија не ѝ оди во прилог на Грција, пишуваат грчките медиуми, кои деновиве будно ги следат случувањата во државата и на Балканот. Грчкиот информативен портал „Протагон“ коментира дека на Атина ѝ е потребна стабилна Македонија за да може во одреден момент да се најде соодветно решение за името, но и за да се...

Павлопулос: Нема влез на БЈРМ во ЕУ сè додека се инсистира на името „Македонија“

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос од Серес испрати нова порака дека Македонија е грчка и колку побргу тој факт го прифатат македонските политичари, толку побргу ќе се подобри политичката клима меѓу двете држави. Павлопулос отворено спомена дека рампата за влез во Европската Унија за Македонија ќе остане затворена сè додека се инсистира да се користи името „Македонија“ и се шири иредентизам. „Македонија...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...