fbpx
Таг: спор за името

таг: спор за името

Јеронимос: Спорот не се решава со викање и протести

Грчкиот архиепископ Јеронимос смета дека прашањата, како што е она со спорот со името, не се решаваат со протести, јавува дописничката на МИА од Атина. За разлика од протестот во Атина пред четири месеци кога Грчката православна црква го поддржа и учествуваше со три претставници, сега грчкиот архиепископ вели дека неговиот став е дека ваквите прашања не се решаваат со...

Мицотакис: НД не прифаќа македонска националност и македонски јазик

Уставни измени, отстранување на иредентизмот, заемно прифатливо име ерга омнес, без македонска националност и македонски јазик, се условите за решение на прашањето за името, според лидерот на грчката партија опозициска Нова демократија (НД), Кирјакос Мицотакис. Говорејќи пред одговорните на секторите во партијата, Мицотакис рече дека договорот што нема да ги задоволува националните интереси, нема да биде прифатен од Нова демократија. –...

Протести во 13 градови во Грција, МНР апелира македонските граѓани да бидат претпазливи

Паралелно во 13 градови во Северна Грција ќе се одржат протести на кои граѓаните ќе испратат порака дека Македонија е една и грчка. Организаторите ги повикуваат Грците, без партиски, но со грчки знамиња масовно да учествуваат во демонстрациите. Вечер, во 19.30 часот, „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организира протести во Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден,...

Димитров: За решение е потребно лидерство и одговорност од сите политички фактори

За да се реши спорот со името потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по денешната средба со претседателот на државата Ѓоргe Иванов кого го информираше за содржината на последните разговори со МНР на Грција, Никос Коѕиас, во Њујорк и во Брисел. - За ова исклучително значајно прашање за разликата...

„Нон-пејперот“ е работен документ и нема официјална важност, рече Дариесек

Државната секретарка во Министерството за вооружени сили на Франција, Женевиев Дариесек, рече дека „нон-пејперот“ што проциркулира низ државите членки на ЕУ, е работен документ кој нема никаква официјална важност. - Тоа е еден работен документ што нема никаква официјална важност, а знам дека во последно време се пишуваше низ медиумите за него. Треба кон крајот на месец јуни да размислиме...

Заев: Не преговараме веќе за Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија беше одбиен и од грчката страна, и од македонската опозиција, и поради тоа не можеше да се продолжат преговорите со тоа име, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието поставено од ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за името. - Блиску сме до можно решение во спорот за името со Грција. Треба да бидеме внимателни да...

Заев од ЦО на СДСМ доби целосна поддршка за решавање на спорот за името

Членовите на Централниот одбор на СДСМ синоќа му дадоа целосна поддршка на претседателот партијата, Зоран Заев, за преговорите со Грција околу уставното име на Македонија. -Преговорите со Владата на Република Грција продолжуваат. Никогаш досега не сме биле толку блиску до решение, но и никогаш претходно немало толку големо пријателство меѓу Македонија и Грција од ова денес. Очекувам тоа да придонесе...

Иванов не прифаќа решение за името ерга омнес

За претседателот Ѓорге Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Република Македонија. „Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес“, се...

На референдум, 61,5 отсто од граѓаните би гласале против Илинденска Македонија

Мнозинството граѓани - 61,5 отсто - би гласале против на референдум за името Република Илинденска Македонија, покажа анкетата спроведена од „М-проспект“ во соработка со МЦМС. Со „не” би гласале мнозинството од етничките Македонци односно 70,5 отсто. Големо мнозинство од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ исто така не би го подржале овој предлог односно со „не“ би гласале 92,7 проценти. Етничките Албанци во...

Заев: Името и идентитетот се заштитени, ќе има референдум

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по повод една година од новата Влада, крај Споменикот на ослободителите од НОБ, истакна Македонија чекори кон Европската Унија и НАТО, дека се решаваат спорови, но и дека се зајакнува идентитетот. - Никогаш не сме биле поблиску до решение, никогаш не било поголемо пријателството на земјите. Македонскиот јазик е потврден, идентитетот на Македонците е...

Ципрас: Во тешките преговори за името се наѕира перспективата за решение

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во говор на годишното генерално собрание на Федерацијата на претпријатија на Грција изјави дека се наѕира перспектива за решение за името, но неопходни се натамошни преговори. - Преговори со кои управувавме и продолжуваме да управуваме со чувство на одговорност и патриотизам. Но, и со решителност и верба во потребата за изнаоѓање решение - рече Ципрас. Тој додаде...

Коѕиас: Решението на спорот за името е во интерес на Грција

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, по средбите во Берлин изјави дека постигнувањето договор за името со Македонија е прашање коешто е од национален интерес на Грција. - Договор ќе биде постигнат бидејќи земјата сака да се приклучи кон ЕУ и НАТО, што ние го поддржуваме и е во наш интерес - изјави Коѕиас. За време на прес-конференцијата тој не...

Нова демократија ја предупредува грчката влада да не го предаде преговарачкото оружје

Владата да не даде однапред зелено светло за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати, ѝ порачуваат на грчката Влада од опозициската Нова демократија. Портпаролката на партијата, Марија Спираки, коментирајќи ги последните натписи во грчките медиуми, според кои, предвидена е етапна имплементација на евентуалниот договор, вели дека „грчкиот премиер е...

Претседателот Иванов бара да биде информиран за процесот на преговори за името

До претседателот Ѓорге Иванов нема стигнато информација за договорената рамка за надминување на спорот за името, на која вчера се повика министерот за надворешни работи Никола Димитров, соопштуваат од Кабинетот на претседателот на Република Македонија. „До Кабинетот на Претседателот на Република Македонија нема доставено информација за договорената рамка за можно решение на разликата околу името, ниту информации за последните две...

Коѕиас: Останува премиерите на двете земји да постигнат конечен договор

Министрите за надворешни работи завршија со нивниот дел, преговорите продолжуваат на експертско ниво, а кога ќе завршат и тие, текстовите подготвени од министрите ќе бидат во рацете на премиерите за конечен договор, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во врска со преговорите за името. – Двајцата министри за надворешни работи завршивме со она што го презедовме од премиерите на...

Хан: Сите од се срце ги поддржуваме преговорите за името

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан по појадокот помеѓу министрите за надворешни работи на ЕУ и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, изјави дека сите изразиле силна поддршка за преговорите за името помеѓу Македонија и Грција. „Плодна дискусија помеѓу пријателите на Македонија на појадокот. Благодарност до Никос Коѕиас и Никола Димитров за нивната конструктивна напорна работа. Сите,...

Могерини: Многу сме охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името

Високата претставничка за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, утринава по појадокот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во Брисел излезе со изјава за поддршка на процесот за изнаоѓање решение на спорот со името. – Сите сме многу охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името, сите ќе работиме да поддржиме позитивен исход - изјави Могерини. Димитров...

Коѕиас: САД многу се интересираат за решение околу спорот со името

Американската администрација не врши притисок, туку се интересира за решение кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас на брифинг со грчките дописници во САД. Министерот за надворешни работи на Грција, вчера се сретна со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, а состанокот траел двојно повеќе од...

Каменос: Нема да има решение за името, не прифаќам име со терминот Македонија

Грчкиот министер за одбрана и коалициски партнер во владата, Панос Каменос, вели дека решение за името нема да се најде. Лидерот на Независни Грци во интервју за радиото „Алфа989“ уште еднаш ја повтори позицијата дека неговата партија нема да гласа за сложено име со терминот Македонија, без разлика дали, како што рече, ќе се вика „Илинден, Свети Илија, дали...

Ангела Меркел телефонски разговарала со Заев и со Ципрас

Германската канцеларка вчера телефонски разговарала со македонскиот и со грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, потврдиле за „Дојче Веле“ од прес-службата на германската канцеларка. Од Берлин доаѓа само потврда дека канцеларката Ангела Меркел телефонски разговарала и со македонскиот и со грчкиот премиер. Темите и други детали не се соопштуваат, но разговорите се реализираат само два дена откако македонскиот премиер...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...