среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: спор со името | 80 резултати

Ципрас е оптимист за спорот со името, но смета дека се потребни дела, а не зборови

јануари 2, 2018

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за грчкото радио „Real FM“ вели дека е оптимист за прашањето за името, но очекува и конкретни чекори од македонска страна. – Оптимист сум дека можеме ефикасно и одговорно да управуваме со прашањето кое го наследивме од претходните влади. Сѐ додека од другата страна навистина постои желба да се […]

Гарет: За спорот со името потребни се тешки одлуки и вистинска политичка храброст

декември 24, 2017

Македонија има многу висок рид кој треба да го искачи за да добие датум за преговори до средината на следната година, претстои тешка задача но правилно е да се биде оптимист, вели амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Тој вели дека јасно е дека Владата е […]

Мицотакис бара оставки од Ципрас и Каменос поради спорот со името

декември 23, 2017

Најголемата грчка опозициона партија Нова демократија бара од Владата на Ципрас да излезе со единствена и јасна позиција за името на северниот сосед. „Ако премиерот и неговиот министер за одбрана Каменос не можат да изградат заеднички став за важно национално прашање како што е името, тогаш нека си поднесат оставка“, рече претседателот на партијата Кириакос […]

Хојт Ји: Скопје и Атина имаат одлична можност за решавање на спорот со името во 2018

декември 23, 2017

Скопје и Атина имаат одлична можност за решавање на спорот со името во 2018, вели американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји за грчката новинска агенција „АМНА“. Тој смета дека по локалните избори премиерот Зоран Заев има чист мандат од народот да продолжи со основните реформи. -Верувам дека Атина и Скопје имаат одлична можност […]

Бакојани: Каменос два пати прифати сложено име со географска одреденица

декември 20, 2017

Поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани на својот „Твитер“ профил напиша дека грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, два пати прифатил сложено име со географска одредница за спорот за името. Бакојани напиша дека Каменос прифатил сложено име со географска одредница за спорот за името во времето на владеењето на Костас Караманлис, кој беше […]

Османи: Македонија не смее да си дозволи да го пропушти овој бран на европски оптимизам

ноември 14, 2017

Не е возможно да има кредибилност на процесот на проширување, без Македонија да биде дел од Стратегијата на Европската Комисија за проширувањето на Унијата, изјавил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини. Според Османи, создадени се соодветни услови за 2018 година да биде историска […]

Димитров: Наскоро ќе се сретнат преговарачките тимови на Македонија и на Грција

ноември 8, 2017

Овој месец ќе има средба на ниво на преговарачките тимови и во оваа прва фаза нема да има посета на посредникот Метју Нимиц на регионот, изјави денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров. На прашањето како ја коментира изјавата на заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Хојт Ји, кој оцени дека расположението за решавање на спорот за името […]

Османи се поправи и на „Фејсбук“ напиша дека ќе има референдум за спорот за името

ноември 3, 2017

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“ дообјасни дека без референдум нема да биде донесено заедничко прифатливо решение за спорот за името, откако вчера во интервју на телевизија „Алсат М“ изјави дека Македонија може да избегне референдум по ова прашање. „Во жестината на дебатата, некои работи не ги објаснив доволно прецизно, па дозволете да […]

Хан: Ги цениме напорите новата влада да допре до Грција и до Бугарија

јули 8, 2017

Важно е да се пронајде согласно решение за спорот околу името и патот кој што ќе води напред и ЕУ е подготвена да го помогне овој процес кој се води во Обединетите нации и да ги олесни контактите ако е тоа потребно, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. Еврокомесарот Хан во интервју за […]

По реакциите во Атина, Тајани на грчки преку „Твитер“ рече дека Александар Велики е Грк

јануари 27, 2017

Грчката политичка и дипломатска јавност се крена на нозе поради стари изјави на новиот претседател на Европарламентот, Антонио Тајани, во кои тој ја именува Македонија под уставното име и вели дека Александар Велики е предок на македонскиот народ. Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, го обвини Тајани за извртување на историјата, Грција испрати протестна […]

Коѕиас и Попоски се фокусираа на мерките за градење доверба

јули 9, 2016

Мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција беа во фокус на денешната средба меѓу Никола Попоски и Никос Коѕиас. Шефовите на македонската и на грчката дипломатија се сретнаа на маргините на  Самитот на НАТО во Варшава. Средбата поминала во позитивна клима и се оценува како позитивна за напредокот на односите меѓу двете страни. Според […]

И Папандреу и Самарас и Ципрас го прифатиле предлогот за „Нова Македонија“?

мај 23, 2016

Среде дискусијата за новите даночни поскапувања во Грција дел од грчките партии се обидоа да фатат поени кај граѓаните и околу спорот за името. Искрата ја фрли лидерот на Унија на центристи, Василис Левентис кој побара министерот за одбрана и прв човек на ултрадесничарската Независни Грци да објасни дали и тој прифаќа терминот „Македонија“ да […]

Аманатидис: Спорот за името не може да се реши со иредентизам и со фалсификување на историјата

април 15, 2016

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Аманатидис, испрати јасна порака до Македонија дека Грција нема да го прифати само уставното име како решение за спорот за името. Одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот на Златна зора, Илијас Панајотарос, кој ја обвинува грчката влада дека сака да го предаде и да го отстапи името Македонија […]

Коѕиас на средба со Нимиц на 17 април

април 9, 2016

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, следната недела ќе се сретне со посредникот Метју Нимиц. Средбата е закажана за 17 април и ќе се одржи надвор од Грција, веројатно во Брисел или Луксембург, каде Коѕиас ќе биде на работна посета идната недела. Главната тема ќе бидат преговорите околу името, ќе се претстават грчките иницијативи, напредокот, ситуацијата […]

Грчкиот претседател остро ја нападна Македонија за бегалската криза

март 19, 2016

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, упати остра критика и обвинување до македонските политичари дека се обидуваат да го искористат моментот на бегалската криза за поентирање околу спорот за името. Говорејќи на настан во Солун, Павлопулос истакна дека Грција покажува солидарност со бегалците како држава, благодарение на античкиот грчки дух и култура. Истото тоа побара да го […]

Ахмети во Атина видел добра волја за компромисно решение за името

јануари 8, 2016

Спорот за името и односите меѓу Македонија и Грција биле двете главни теми на разговорите меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, на денешната средба во грчкото министерство за надворешни работи. Ахмети, кој беше придружуван од двајцата вицепремиери Фатмир Бесими и Муса Џафери и од пратеникот Артан Груби, истакна дека воочил […]

Страна 4 од 4