fbpx
Таг: специјално судско одделение

таг: специјално судско одделение

Вангеловски најавува дека на новата влада ќе ѝ поднесе пакет барања за реформи во судството

Врховниот суд до новата влада ќе поднесе пакет барања за измени на дел од законите што се однесуваат на судството, рекол денеска новиот претседател на највисокиот суд во земјава, Јово Вангеловски, на брифинг со новинарите, пренесува „Телма“. Како што најавил Вангеловски, ќе бидат иницирани измени на Законот за судовите, Законот за одмерување на казните, Законот за судски совет, за парична постапка,...

Коалицијата за промени и правда бара нов договор за специјално судско одделение

Ако сакаме да имаме процес на стабилизација на состојбата во Македонија, Специјалното јавно обвинителство мора да продолжи да работи професионално, одговорно, транспарентно и со полна пареа, а по изборите да биде направен нов договор за формирање специјално одделение во Кривичниот суд, кој ќе ги процесира предметите на СЈО. Ова денеска на прес-конференција пред СЈО го истакна претседателот на Демократскиот...

Пендаровски вети продолжување на мандатот на СЈО и специјални судски одделенија

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во првата изборна единица, Стево Пендаровски, денеска, на првиот ден од изборната кампања, најави дека ако ја добијат довербата од граѓаните, ќе биде продолжен мандатот на Специјалното јавно обвинителство, а ќе бидат формирани и специјални судски одделенија за процесирање на предметите на СЈО. Според Пендаровски, законот овозможува формирање на посебни судски одделенија, специјализирани за...

Граѓанските организации до Хан: Да се формира нов судски совет и независно судско одделение

Граѓанските организации на средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, ги изложиле своите ставови во однос на тоа како треба да се реши политичката криза. Претставниците на невладиниот сектор соопштија дека е неопходно да се формира независно судско одделение што ќе работи на процесирање на случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но за тоа да биде изводливо,...

ДС: Договорот е фрлање прашина во очите на јавноста

Постигнатиот договор меѓу четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, за одржување избори во декември оваа година, е само фрлање прашина во очите на јавноста, велат од Демократскиот сојуз и додаваат дека договорот не гарантира создавање услови за фер, демократски и веродостојни избори. „Од круцијално значење беа предлозите за реформите во судскиот систем, безбедноста, деполитизација на државните институции, реформите во...

ЛДП: Договорот има нелогичности, загрижуваат „опстанокот“ на СЈО и реформите во медиумите

Либерално-демократската партија (ЛДП) е загрижена од недореченостите и од нелогичностите во новиот договор што вчера го постигнаа преговарачите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Оттаму велат дека особено загрижува делот од договорот за функционирањето или „опстанокот“ на Специјалното јавно обвинителство и за реформите во медиумите. „Изненадува фактот што со договорот не е предвидено формирање на специјално одделение во...

Нема правни пречки за формирање посебно судско одделение

Откако се разгоре повторно темата за формирање на специјални одделенија во судовите и во полицијата за водење на предметите што ќе ги истражува или ги процесуира Специјалното јавно обвинителство, се разгореа и контраизјавите, пишува „Вистиномер“. Една таква, по вторпат во две недели, дава претседателот на Судскиот совет на РМ, Зоран Караџовски, кој смета дека ваквото одделение во судот или...

ССО и СПО не се најсреќни, но се единствени решенија за помош на СЈО, сметаат експертите

Формирање на специјално судско одделение и специјален оддел во Министерството за внатрешни работи (МВР), кои би биле надлежни за процесуирање на случаи на СЈО, е предлогот кој, според засега неофицијалните информации, бил ставен на маса на разговорите меѓу претставниците на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино. Неофицијално, ова прашање било ставено на маса уште пред еден месец, но...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...