fbpx
Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Судењето за „Титаник 3“ никако да почне

И третиот обид да почне судењето за случајот на СЈО „Титаник 3“ заврши полу успешно. Денешното рочиште на процесот за изборни нерегуларности во Чаир беше прекинато откако судијката Оља Ристова соопшти дека втората судијка Гордана Спировска добила итен повик од болница дека на нејзиниот сопруг, адвокатот Ефто Спировски од Скопје, му откажале сите витални органи, јави СДК. Претходните две рочишта -...

Адвокатите во „Тенк“ побараа изземање на обвинителите, Јанева ги одби

Обвинителот од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Стевчо Донев на попладневното продолжение на рочиштето за предметот „Тенк“ до Кривичниот суд достави известување од специјалната обвинителка Катица Јанева дека нема законска основа за барањето на одбраната за изземање за него и за обвинителката Ленче Ристоска. Обвинителот ваквото барање го оквалификува како чекор на адвокатите да се одложува јавната расправа и предложи судењето...

Одложено судењето за „Титаник“

Во Основен суд Скопје 1 денеска повторно се одложи рочиштето за предметот „Титаник“ и следното рочиште е закажано за 9 мај. Судијата Осман Шабани пред сите обвинети соопшти дека денешното рочиште се одлага затоа што Врховниот и Апелацискиот суд се уште не ги доставиле одговорите на барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелацискиот суд и неговиот заменик, како...

Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски на 18 мај

Во Врховниот суд во Атина зaврши рoчиштетo по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, кое се одвиваше зад затворени врати. Одлукaтa на судот ќе биде соопштена нa 18 мaј. За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, другиот е...

Јанкулоска е на боледување, „Титаник“ одложен за 2 мај

Судот денеска го одложи рочиштето за случајот „Титаник“ во кој се обвинети 21 лице за изборни измами, поради фактот што сè уште нема донесено одлука за изземање на судиите во овој предмет, јави Макфакс. На денешното судско рочиште во Основен суд Скопје 1 не се појави обвинетата екс-министерка Гордана Јанкулоска, нејзината адвокатка Сања Алексиќ рече дека Јанкулоска има отворено боледување...

Продолжува судењето на Јанакиески за „Сончев Град

Ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен  „Топлик“ во кој се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште, за комплексот „Сончев Град“ треба да се одржи денеска во Основен суд Скопје 1. Јанакиески, според обвинението од СЈО, како раководно лице во Министерството за...

Судење за „Тенк“ денеска, Јанкулоска поради ризичната бременост издвоена

Во Основен суд Скопје 1 за денеска е закажано ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“, во кој за малверзации околу набавката на близу до 600.000 евра скапиот блиндиран „мерцедес“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. На претходното рочиште, во средата,...

„Транспортер“: Одбраната на Талески побара иземање на судиите

На новото рочиште за случајот „Транспортер“ во Основен суд Скопје 1 денеска, на кое се присутни сите 21 обвинети лица, адвокатот на главниот обвинет, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, побара изземање на судечкиот совет. Со тоа, уште еднаш се повтори практиката бранителите на поранешните високи функционери од различни нивоа да бараат изземање на судиите кои ги судат случаите по...

Одложено судењето за „Тотал“, поради отсуство на Драган Павловиќ – Латас

Главната расправа за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наречен „Тотал“, во кој главниот обвинет е уредникот Драган Павловиќ-Латас, кој се товари за затајување данок, денеска беше одложена. На рочиштето во Основен суд Скопје 1, не се појави Латас, со оправдание дека има здравствени и семејни причини. Рочиштето е одложено за 14 мај. И претходните две рочишта не се одржаа поради...

Денеска во суд ќе се слушаат снимките за „она на М“

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржат судења за предметите „Труст“ и „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат слушани цедеата со снимките од прислушуваните разговори, како и да бидат сослушани тројца сведоци на обвинението, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник...

Продолжуваат судењата за насилството во Центар и за „Триста“

Во Основен суд Скопје 1 за денеска се закажани две рочишта за судските случаи што се водат по обвиненија од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 9.30 часот би требало да почне рочиштето за „Насилство во општина Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште...

Во Кривичен суд денеска судења за „Насилство во Општина Центар“, „Тврдина“ и „Таргет“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат две судски рочишта за три случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 10 часот ќе почне судењето за случаите „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет. Во случаите за нелегалното преслушување, „Таргет“ и за уништување на опремата на прислушувањето, „Тврдина“, обвинети се 12 лица. Први се екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков...

СЈО почна истрага против Ахмети и Груевски за пропаднатиот попис

Специјалното јавно обвинителство денеска објави дека отвора три нови истраги, и тоа „Попис“, „Моќник“ и „Актор“, во кои се сомничат Никола Груевски, Али Ахмети, Антонио Милошоски и повеќе лица од „Актор“ - компанијата која го градеше автопатот Демир Капија - Смоквица. Како што објави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, во случајот „Попис“ се почнува истрага против тогашниот премиер и претседател на...

СЈО го презеде случајот „Монструм“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во одговорите на новинарски прашања на прес-конференцијата на која беа објавени три нови случаи, рече дека Специјалното јавно обвинителство воспоставило надлежност за предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година. - Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме спремни за презентирање пред судот. Продолжува постапката во фазата во која се...

СЈО денеска на пладне со прва прес-конференција по три месеци

Повеќе од три месеци по последната прес-конференција, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите - Специјалното јавно обвинителство (СЈО), денеска во 12 часот ќе одржи прес-конференција. На прес-конференцијата на 19 декември минатата година, СЈО отвори седум нови истраги против 17 лица осомничени за злоупотреба на службената должност измами и други...

Обвинителите Катица Јанева и Бранко Јовески разговарале за правосудните реформи

Актуелната состојба во обвинителствата, идната редовна комуникација, потребата од размена на искуства, заедничката определба и подготвеност за соработка со цел поефикасно гонење на сторителите на кривичните дела, биле точките за кои на својата прва средба денеска говореле Љубомир Јовески, Јавниот обвинител на Република Македонија и Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка. Како што соопштија обвинителствата, средбата се одржала вчера во Јавното...

Судењето за „Шамари“ одложено за следната година, судијката Михајлова прераспределена

Поради прераспределувањето на судијката Татјана Михајлова, судењето за случајот нсилство во Општина Центар во јуни 2013 година покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска беше одложено во Основен суд Скопје 1. Миихајлова е прераспределена во друг оддел на судот, според новиот годишен распоред на судиите, што го подготви новиот претседател на Кривичичниот суд, Иван Џолев. Во случајот „Шамари“ обвинети се 14...

Груевски: Власта продолжува со политичките хајки и притисоците врз судиите

Поранешниот премиер, сегашен почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Траекоторија“ на кое задоцни, повторно обвини за политичка хајка врз ВМРО-ДПМНЕ и притисоци врз судството околу случаите на СЈО. Тој алудираше на двојни стандарди на судот во однос на судењата што се водат против поранешни и актуелни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ наспроти случајот „Поткуп“...

Коле Штериев избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители денеска со мнозинство гласови за нов претседател го избра Коле Штериев, откако во вторникот оваа недела, претходниот претседател, Петар Аневски, си поднесе оставка од функцијата. Штериев, кој беше избран за член на Советот пред една година, а претходно беше дел од Вишото јавно обвинителство и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по изборот рече...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО нема легитимитет да отвора нови истраги

Мандатот на Специјалното јавно обвинителство за отворање и спроведување на истраги заврши и тоа нема легитимитет да отвора нови постапки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во контекст на приведувањето на скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски - Палчо по налог на СЈО. Од опозициската партија велат дека доколку Палевски го прекршил законот, тој за тоа треба да одговара пред Основното јавно обвинителство. - Согласно закон...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...