fbpx
Таг: советник

таг: советник

Владата ќе го разреши Џејсон Мико од почесен конзул

На предлог на Министерството за надворешни работи, се очекува Владата  да го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, САД, на која беше именуван во 2013 година, дознава БИРН. Неговиот ангажман за власта на ВМРО-ДПМНЕ вклучуваше консултантски услуги за кои бил платен од  буџетот. БИРН дошла до два договора со кои Министерството за одбрана го...

Левица му го замрзна членството на Бранимир Јовановиќ во партијата

Президиумот на политичката партија Левица, на седница одржана во петокот, оваа недела, донел одлука да му го замрзне членството во партијата на Бранимир Јовановиќ, актуелен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, соопшти денеска партијата. Јовановиќ минатата година поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во Левица (координатор на програмски сектор економија и член на Централниот комитет на партијата), и...

Живаљевиќ: Одобрение за да влезам во Собранието добив од советникот на Иванов

Советникот за безбедност во амбасадата на Србија во Македонија и припадник на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Горан Живаљевиќ вечерва изјави дека неговото присуство во Собранието на 27 април, не било ниту тајно, ниту скришно и дека за тоа добил одобрение од советник на претседателот Ѓорге Иванов, пренесува српската агенција „Танјуг“. - Мојата мисија не беше тајна, ниту недобронамерна, а згора не се,...

Уапсен советникот на турскиот премиер поради наводна поврзаност со Ѓулен

Турските власти го уапсиле Бирол Ердем, главен советник на премиерот Бинали Јилдирим, поради негова наводна поврзаност со движењето на имамот Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека го организирал минатогодишниот неуспешен воен удар, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Турските медиуми, на кои се повикува РСЕ, наведуваат дека Ердем бил приведен во Анкара заедно со неговата сопруга, Ѓулумсер Ердем. Медиумите, повикувајќи...

Витанов: Бев изманипулиран од ВМРО-НП, давам оставка и ќе соработувам со СДСМ

Еден ден откако беше објавено дека преминува во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, Методи Витанов, советник од ВМРО-НП, денеска соопшти дека бил изманипулиран од централното раководство на партијата поради одлуката да се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ и дека наместо тоа решил од денеска да дејствува како независен советник, а ќе ја поддржува советничката група на СДСМ....

Трамп го назначи Томас Босерт за советник за национална безбедност и за антитероризам

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти дека Томас Босерт ќе биде негов советник за безбедност за прашања поврзани со борбата против тероризмот на домашен и на меѓународен план. Трамп потврди дека Босерт, кој во администрацијата на Џорџ Буш Помладиот беше советник за национална безбедност, сега ќе биде советник за национална безбедност и за антитероризам. - Тој ја разбира сложеноста на...

Сешанс е новиот државен обвинител на САД, а Помпео – директор на ЦИА

Сенаторот од Алабама, Џеф Сешанс, ја прифати понудата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, да ја преземе функцијата државен обвинител на САД. Сешанс беше обвинител сè до 1996 година, кога беше избран за сенатор на Републиканската партија во сојузната држава Алабама. За време на годинешната претседателска изборна кампања, тој беше еден од најблиските соработници на Доналд Трамп. Претходно, пензионираниот генерал Мајкл Флин...

Анте Готовина назначен за советник на хрватскиот министер за одбрана

Поранешниот генерал на хрватската војска, Анте Готовина, е назначен за советник на министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Ваквата одлука ја донела Владата на Хрватска на седница одржана во Вуковар, а неа ја потврдил и министерот Крстичевиќ на својот фејсбук-профил. „Мило ми е што мојот голем пријател и наш херој го прифати...

Во Анталија уапсен воениот советник на Ердоган

Воениот советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, потполковникот Еркан Киврак, е приведен во хотел во округот Серик, во јужната провинција Анталија. Киврак бил приведен додека бил на одмор и веднаш бил префрлен во Анкара. Засега не позната причината за приведувањето, иако повеќе десетици високи воени претставници се уапсени поради наводна вмешаност во обидот за државен удар.

Општински службеник барал по 200 евра од угостители за фестивалот „Браќа Манаки“

Општински службеник барал од кафулиња во Битола по 200 евра спонзорство за фестивалот „Браќа Манаки“, обвини советникот Методија Илиевски од СДСМ. Тој покажа и фактура за уплатени 12.300 денари на сметка на 36. издание на фестивалот што се одржа во септември 2015 година. Илиевски, на последната седница на Советот, го праша и лично градоначалникот Талески, зошто собираат пари од угостители кога културните...

МВР: Киднапиран и малтретиран советник од Општина Центар

Советник од Општина Центар пријавил дека бил грабнат од две лица, информираaт од МВР. Оттаму велат дека тој пријавил грабнување во полициската станица во Центар. Како што навело лицето, на крстосницата на улицата Васил Ѓоргов и улицата Франклин Рузвелт, околу 2 часот по полноќ, додека се шетал со неколку другари, бил пресретнат од три машки лица со автомобил марка „форд фјужн“ со...

Опозициски советник заработил прекршочна казна за нива на дедо му!

Дејан Блажески, претседател на Општинската организација на ЛДП од Охрид, член на централното партиско раководство и актуелен советник во Општина Охрид, заработил прекршочна казна во износ од 33.000 денари за непријавен имот кој не бил негов ниту, пак, бил впишан во неговиот имотен лист. - Станува збор за земјоделско земјиште во атарот на селото Врбјани. Имотот за кој поведуваат постапка...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...