fbpx
Таг: совет

таг: совет

Брисел побара целосна и навремена примена на договореното на 15 јули

Потребна е целосна  и навремена примена на Договорот од Пржино, порачаа вечерва од Брисел еврокомесарот Јоханес Хан и словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, кој претседаваше со Советот за стабилизација и асоцијација. Лајчак рече дека македонските претставници - министерот Никола Попоски и министерот за евроинтеграција Фатмир Бесими - ветиле дека европската порака во Скопје и во Владата е разбрана. -...

Судот ќе го оценува и обвинителниот акт против Заев за случајот „Поткуп“

Совет за оцена на обвинителен акт, на скопскиот кривичен суд, на седница закажана за 1 јули, ќе го оценува обвинението за случајот „Поткуп“, во кој осомничен е лидерот на опозицијата, Зоран Заев. „Советот за оцена на обвинителен акт, кој постапува по поднесениот обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за организиран киминал и корупција против осомничениот З.З., за кривичното...

Могерини: Бараме спроведување на договорот од 2 јуни

Денеска во Луксембург министрите за надворешни работи на Европската унија одржаа дебата за Македонија и за политичката криза. По состанокот, шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, повтори дека треба да се почитува договорот од 2 јуни. - Министрите ги поддржаа заклучоците што ќе бидат усвоени на утрешниот состанок, охрабрувајќи ги сите страни во Скопје да го имплементираат политичкиот договор што...

Совет на ЕУ: Сериозна загриженост за ситуацијата и за кризата во Македонија

Реафирмирајќи ги своите заклучоци во однос на поранешната југословенска Република Македонија од декември 2014 година и од април 2015 година, за посветеноста на ЕУ на Солунската агенда и за кандидатскиот статус на поранешната југословенска Република Македонија, Советот ја повторува својата загриженост за ситуацијата во земјата, особено за тековната политичка криза, се вели во нацрт-заклучоците за Македонија кои треба да бидат...

Се сеќава ли некој на случајот „Пуч“?

Советот на Кривичниот суд за оцена на обвинителниот акт за случајот „Пуч“ нема законски определен рок до кога треба да се произнесе по обвинението и да одлучи дали ќе го пушти во понатамошна постапка и ќе се закаже судење или, пак, ќе му го врати на Обвинителството, како што побара одбраната. Иако дел од медиумите на 1 јуни, по седницата...

Битола ќе гради споменици за револуционерот Турунџев и алпинистот Мурато

Битола годинава ќе гради споменици за војводата Александар Турунџев и за алпинистот кој никогаш не се врати од Монт Еверест, Димитар Илиевски-Мурато. Локалната власт најавува дека наскоро ќе ја почне постапката за изградба на овие две спомен-обележја, потврдува претседателката на Советот на Општина Битола, Силвана Ангелевска. Според неа, Советот има изгласано петгодишна програма за изградба на спомен-обележја, но за почеток ќе...

Говорницата во битолскиот Совет како во судница

Битолските советници од власта и од опозицијата од седница во седница влегуваат во сè пожестоки дискусии кои не ретко ги надминуваат и границите на пристојно однесување. Додека еден зборува на говорница, други од спротивниот табор дофрлуваат и ја попречуваат дискусијата, а не се штедат и навреди, лични дисквалификации и исмејувања. Советничката на ВМРО-НП, Габриела Илиевска, на последната седница на Советот, пред...

Советот за етика во медиумите утре ќе одржи годишно собрание

Утре ќе се одржи редовното годишно собрание на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со почеток во 11 часот, во хотелот „Квинс“ во трговскиот центар „Зебра“ во Скопје. СЕММ е саморегулаторно тело за унапредување и за заштита на професионалните стандарди и на етиката во медиумите во Република Македонија, преку примена на морални санкции кон тие што не ги почитуваат...

Иванов: Одговорност мора да има и за сето она што е сторено и за сето она што не е сторено

Советот за безбедност изрази најостра осуда за нарушувањето на безбедноста на земјата, чија цел е дестабилизација на Македонија, изјави претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по завршувањето на седницата. По средбата на која учествуваа и претставници на ДУИ, СДСМ и на ДПА, Иванов рече дека за заклучоците јавноста ќе биде наскоро информирана. - Ова група нема поддршка ниту во Македонија, ниту во регионот, знаевме...

Иванов го свика Советот за безбедност, повикани и Заев, Ахмети и Тачи

За денеска во 17 часот, претседателот Ѓорге Иванов свика седница на Советот за безбедност, во проширен состав. Тој на седницата ги повика и лидерите на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Поради сериозноста на полициската акција во Куманово, Иванов ја прекина посетата на Москва, каде присуствуваше на прославата на 70-годишнината од победата над фашизмот.  

На ВМРО-ДПМНЕ „му пукна“ мнозинството во Општина Охрид

Советот на Општина Охрид на вчерашната седница не ја усвои одлуката за поништување на постапката за концесија на јавното осветлување во Охрид, по пат на јавно партнерство со чешка фирма. ВМРО-ДПМНЕ, иако го има, не го обезбеди потребното мнозинство за оваа точка, за која гласаа само 11 советници. Од мнозинството, отсутни беа советниците Илјат Ибраими и Коста Трифуноски, додека опозициските беа...

Совет на Општина Тетово – 15 отсто поголем приход и 29 отсто поголем расход на комуналното претпријатие

Да се реши проблемот со сообраќајниот хаос во градот и да се работи на намалување на криминалот, побараа советниците од ДПА на денешната 23. седница на Советот на Општина Тетово, каде се избра нов командир на полициската станица во Тетово. Советниците од ДПА гласаа против финансискиот извештај на Јавното комунално претпријатие за 2014 година, во кој стои дека претпријатието остварило...

Министрите за надворешни на ЕУ подготвуваат заклучоци за Македонија

Во вторник, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе усвојат заклучок во кој ќе се изрази сериозна загриженост за политичката состојба во Македонија, стои во нацрт-заклучоците на Советот, дознава „Мета“. Министрите, исто така, ќе побараат одговорност од сите политички фактори во земјата, а се очекува да изразат став дека е неопходна истрага за содржината од „бомбите“ на опозицијата. Советот...

Следната недела нова посета на европски претставници во Македонија

На 22 април, во Македонија ќе допатуваат членовите на работната група на Советот на Европската унија, задолжена за Западен Балкан, потврдуваат службите во Брисел. Посетата на претставниците на Советот е дополнителен знак на загриженост на ЕУ за политичката криза во Македонија, бидејќи таа е на директен предлог на земјите-членки на ЕУ. Македонија, најверојатно, ќе се спомене и во заклучоците на следниот Совет...

Урбанизацијата на Студеничишко блато е геноцид врз живиот свет

„Несфатливо е охриѓани да бидат против своето природно богатство, со режија, со инструираност, со навреди. Дно! Тажен и срамен ден за Охрид во Советот. Единствена светла точка е што го ставивме заклучокот на Владата кој, без разлика на хектарите, покажува дека постои остатокот од блатото и дека треба да се стави под строга заштита.“ Со ваква, жестока оценка за работата...

Опозициските советници побарa расправа за Плаошник и за Студенчишко блато

Опозициските советници во градскиот Совет на Охрид доставија и официјално барање до претседавачот на Советот, Гордана Коњаноска, на 38. седница, на дневен ред да бидат ставени како посебни две точки, информација за реализација на ДУП кај локалитетот Плаошник и информација за урбанистичките планови за Студенчишко блато. Расправата за наведените точки беше иницирана и на последната седница на Советот, од советникот...

Судскиот совет на Република Македонија ќе избира претседател

Судскиот совет на Република Македонија денеска на седница ќе избира претседател. Двегодишниот мандат на претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска, истече на 20 декември 2014 година.

СДСМ бара пренамена на средства од градскиот буџет за поплавените

Советничката група на СДСМ и коалицијата бара ребаланс на буџетот на Град Скопје, со кој ќе се овозможи 6.960.000 евра да се пренаменат за санирање на штетите на граѓаните од поплавите во Македонија и за превенција од идни поплави. - Освен за санирање на штетите, парите предлагаме да се искористат и за: изградба на брана на реката Отиња, со што...

СДСМ поднесе две иницијативи во Град Скопје

Советничката група на СДСМ и на здружената опозиција, на денешната седница на Советот на Град Скопје, покрена две иницијативи. Првата иницијатива е „Универзална сала“ во Скопје да го носи името на Тоше Проески, а втората e за намалување на цената на водата за пиење во Скопје за 30 проценти. - Ликот и делото на Тоше Проески оставија длабоки траги во сеќавањата на сите наши...

Чија е камерата на „А1он“?

Советниците од владејачката партија во битолскиот Совет на денешната седница побарале да се отстрани камерата на „А1 он“ од салата, а од порталот да дадат потврда дали камерата е нивна, тврдат советници. Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и портпарол на локалниот разгранок на партијата, Благој Шаклевски, откако почнала седницата и расправата за првата точка од дневениот ред, побарал да...

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....