fbpx
Таг: совет

таг: совет

Во МАНУ ќе се формира совет за евроинтеграции

Во Македонската академија на науките и на уметностите (МАНУ) денеска ќе се формира совет за евроинтеграции. Како што соопштија од МАНУ, на конститутивната седница ќе присуствува и заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими. Предвидено е по фомирањето на советот за евроинтеграции, да биде потпишан меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и МАНУ во интерес...

Туск утре на средба со Иванов во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, утре доаѓа на средба со претседателот Ѓорге Иванов, со кој ќе разговара за бегалската криза. Посетата е дел од минитурнејата на Туск, во чии рамки, од 1 до 3 март, тој ќе ги посети Виена, Љубљана, Загреб, Скопје и Атина, за да се продолжи со градење на европски консензус за справување со мигрантската криза, но...

Новиот каменолом отвори жестока расправа во битолскиот општински Совет

Новиот рудник за експлоатација на минерали, каменоломот покрај Битола, денеска предизвика жестока расправа во битолскиот општински Совет, особено на темата како тој ќе влијае врз животната средина  во градот и во регионот. Опозицијата пред две недели откри дека во местото Билбил Камен, во близина на Битола, веднаш над населбата Довлеџик, се отвара нов каменолом, за што побара од власта анализа...

Годинава во Тетово ќе почне да функционира јавно претпријатие за јавен превоз

Тетовските советници на денешната 35. седница на Советот на Општина Тетово го изгласаа управниот и надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавен превоз „Тетово транспорт“. Претседавачот на Советот, Исен Џемаили, очекува јавното претпријатие да почне да функционира годинава, кога се очекува Министерството за транспорт и врски да му одобри неколку автобуси, со кои ќе стопанисува. - Со одлуката за избор...

Вонреден состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за вечерва свика вонредна седница за ситуацијата во Сирија. Состанокот бил свикан на барање на руското министерство за надворешни работи, за да се разговара за повикот на Турција во Сирија да бидат испретени копнени сили, пренесува агенцијата АФП. Турција предложи заедничка копнена операција во Сирија со своите меѓународни сојузници, тврдејќи дека таквата интервенција е...

Утре напладне, протест против ДУП-от во Карпош

Утре жителите на општина Карпош ќе излезат на граѓански протест против деталниот урбанистички план, за кој организаторите на протестот велат дека донесен сомнително и нетранспарентно. Протестот ќе почне во 12 часот, на раскрсницата кај „Сити мол“ на булеварот Партизански одреди. „Ги повикуваме сите сограѓани од Карпош да ни се придружат на граѓанскиот протест, на получасовната блокада. Да излеземе и да се спротиставиме на...

Весковски: ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ на Бадник незаконски носеа урбанистички планови за Карпош

Советничката група на СДСМ во Општина Карпош поднела две иницијативи за покренување постапки пред надлежните органи, поради, како што велат, незаконското и неделовничко носење на два урбанистички планови, кои советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на ГРОМ ги усвоиле на 6 јануари, на празникот Бадник. - На седницата на Советот на општина Карпош, одржана на големиот христијански празник Бадник, скришно, на нетранспарентен...

Советот на странски инвеститори ќе ги претстави проекциите за економија

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ќе ги презентира последните извештаи за економските резултати и проекции за развој на македонската економија од претставниците од странските институции во земјава. Ќе зборуваат претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, претставникот на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје, Патрик Житон, и претставникот од канцеларијата на Светската банка во Скопје, Бојан Шимбов.

Тимот на Јанева комплетиран, со работа ќе почне в понеделник

Дванаесеттемина избрани обвинители од тимот на Катица Јанева денеска во Советот на јавни обвинители дадоа свечена заклетва, со што и официјално од понеделник ќе почнат со работа по наводите што произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори. На свечената седница, обвинителите се заколнаа дека ќе работат одговорно и чесно, во согласност со Уставот, законите и со ратификуваните меѓународни договори, а претседателот на Советот на...

Советот на јавни обвинители избра уште петмина помошници на Јанева

Тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе брои 12 обвинители. Советот на јавни обвинители на денешната итна седница избра уште петмина кои, како што изјави претседателот на Советот, Петар Аневски, специјалната обвинителка, Катица Јанева, ги предложила денеска. - Денеска во 12 часот обвинителката, Катица Јанева достави предлог-барање за избор на пет обвинители. Покрај лицата наведени во списокот, таа достави и...

Стипе Месиќ стана почесен граѓанин на Гостивар

Денеска во Гостивар, поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ,  го доби признанието почесен граѓанин. На свечената седница на Советот на Општината, клучот на градот му го врачи градоначалникот, Невзат Бејта. Месиќ се заблагодари на честа што му ја укажана. – Имам многу признанија, но ова ми е особено драго, бидејќи е донесено со едногласна одлука во Советот и преставува голема чест за...

Власта во Битола откри зошто се иселувале младите во странство

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Соња Трпезановска, јавно, на седница на Советот на Општина Битола, откри зошто се исeлувале младите од држaвата. Расправајќи за состојбите во битолското образование и за сè помалиот број ученици во училиштата, Трпeзановска призна  дека политиките на власта придонеле младите да си заминат од држaвата, но тоа треба да се подразбере во позитивен контекст. - Со укинување на...

Советот на јавни обвинители и денеска не го избра целиот тим на Јанева

Расправата за изборот на тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, не се најде на дневен ред на денешната седница на Советот на јавни обвинители, соопшти претседателот на Советот, Петар Аневски. На седницата, еден од членовите на Советот предложил да се расправа по барањето на Јанева, меѓутоа претседателот Аневски дал образложение дека во својот допис, специјалната обвинителка ги навела истите имиња на...

Советот на јавни обвинители ја одложи седницата за утре

Седницата на Советот на јавни обвинители, која беше закажана за денеска во 10 часот, е одложена за утре во истото време. Од службите на Советот соопштија дека изјави ќе нема, без да кажат дали на утрешната седница точка на дневен ред ќе биде и изборот на тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева. Специјалната обвинителка, Катица Јанева, доставила допис до Советот...

Штефан Питер е нов претседател на Советот за странски инвестиции

Претседателот на управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Питер, е нов претседател на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на Македонија. Питер доаѓа на местото на Хуан Педро Хименез Наваро, кој беше извршен директор на „Арчелор Митал“, а си заминува од државата од деловни причини. Одлуката за смената на претседателот на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на Македонија...

Власта бара да се ограничи времето на зборување во битолскиот Совет

ВМРО-ДПМНЕ ќе го ограничува времето на зборување од советничката говорница во Битола. Ваквиот предлог предизвика бурна реакција кај опозицијата, која го квалификува чинот како вовед во тоталитаризам. Претседателот на Советот на Општина Битола, Силвана Ангелевска, најави ограничување на зборувањето од советничката говорница со измени на деловникот за работа. Според неа, секое излегување на говорница мора да биде ограничено со време,...

Грција без конечен одговор за признавањето на Косово

Бегалската криза, грчката надворешна политика и одбрана се најдоа високо на агендата на грчкиот премиер Алексис Ципрас. Тој вчера го свика владиниот совет за надворешна политика и одбрана за да се дискутираат и да донесат одлуки за клучни прашања што се очекува да бидат под лупа на меѓународната јавност, како бегалската криза, за која се очекува утре да расправа ЕУ. Советот одлучи да...

Кредитот од 2,5 милиони евра повлечен од буџетот на Oпштина Битола

Советот на Општина Битола денеска расправа за ребалансот на буџетот за 2015 година, а во него ги нема парите од кредитот тежок 2,5 милиони евра, задолжување кое Oпштината го направи за изградба на инфраструктура во поранешната касарна. Повлекувањето на парите од кредитот ја изненади битолската опозицијата, дотолку повеќе што задолжувањето од самиот почеток крена многу прав во Битола. Александар Каспов, советник...

СДСМ во Кичево ќе настапува самостојно

Советниците на СДСМ ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево. Ова денеска на прес-конференција го изјави Слободан Аврамоски, претседател на општинската организација на СДСМ во Кичево. - СДСМ во Советот на Општина Кичево ќе настапува самостојно, како посебна советничка група. Работата со советниците на ВМРО-ДПМНЕ е невозможна. СДСМ не може да функционира со советници кои не се оградуваат од политиките...

Конституиран Советот на општина Пустец, раководен од МАЕИ

Во Пустец, на конститутивна седница, и официјално е потврден составот на Советот на Општината, кој брои 15 членови, од кои 12 се претставници на победничката коалиција на последните локални избори, предводена од партијата на Македонците – МАЕИ. Советот го верификува мандатот на петнаесетте советници, пред кои заклетва за совесно и одговорно работење даде градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...