fbpx
Таг: социјални мрежи

таг: социјални мрежи

„Мета“ се закани дека ќе ги отстрани вестите на Фејсбук во САД доколку помине новиот закон

Компанијата „Мета“ на Марк Закерберг се закани дека ќе ги отстрани вестите од Фејсбук во САД, противејќи се на новиот закон кој треба да им даде поголема моќ на новинските организации да преговараат за надоместоците за содржината што се споделува на оваа социјална мрежа, јавува Би-Би-Си. Сличен закон во Австралија неодамна доведе до тоа вестите на Фејсбук во оваа земја...

Твитер под раководство на Маск ја прекина политиката за дезинформации за ковид-19

Твитер соопшти дека повеќе нема да ја спроведува својата политика против дезинформации поврзани со ковид-19, предизвикувајќи загриженост меѓу здравствените експерти дека промената би можела да има сериозни последици доколку ја обесхрабри вакцинацијата и другите напори за борба против вирусот кој сè уште се шири. Според интернет-страницата на компанијата, Твитер престанала да презема мерки против твитовите кои ги прекршуваат нејзините ковид-правила...

Компанијата „Мета“ казнета со 265 милиони евра

Компанијата „Мета“, во чија сопственост е Фејсбук, доби казна од 265 милиони евра од страна на Комисијата за заштита на податоците на Ирска. Изречената казна се однесува на протекувањето на лични податоци на стотици милиони корисници на социјалната мрежа Фејсбук. За случајот во кој телефонските броеви и електронските адреси на речиси 533 милиони корисници се најдоа на онлајн хакерски...

Најбогатиот човек против највредната компанија: Илон Маск започна вербална војна со „Епл“

Во серија твитови, сопственикот на Твитер, Илон Маск, ја обвини компанијата „Епл“ дека се заканува оти ќе го отстрани Твитер од својата продавница за апликации, што би ги ограничило новите корисници да ја преземат апликацијата од „Еп Стор“. Ваквата акција би била еднаква на цензура, напиша Маск, без објаснување зошто Твитер би бил блокиран. Маск додаде и дека „Епл“ ги...

Стотици вработени во Твитер дале отказ, компанијата ги затвори канцелариите

Твитер им соопштил на вработените дека деловните згради на компанијата ќе бидат привремено затворени сè до понеделник, 21 ноември, кога повторно ќе ги отворат своите врати за вработените, без да ја наведе причината за овој потег. Би-би-си пишува дека најавата доаѓа во време на извештаите дека голем број на вработени дале отказ откако новиот сопственик Илон Маск ги повикал да...

Паузирана платената верификација на Твитер по појавата на бројни измамнички профили

Премиум услугата на Твитер наречена „Blue“, со која се доделуваа сини беџови за потврда на идентитетот на секој што е спремен да плати 8 долари месечно, стана недостапна во петокот откако платформата беше преплавена од голем број измамнички профили одобрени од Твитер. Гардијан пишува дека последниот потег претставува хаотичен почеток за новата претплатничка услуга, која беше една од првите големи...

Илон Маск не ја исклучува можноста Твитер да банкротира

Федералната трговска комисија на САД вели дека ги следи настаните во Твитер со „длабока загриженост“, откако највисоките службеници за приватност и усогласеност на платформата дале отказ. „Гардијан“ пишува дека заминувањата на директорите се случија истиот ден кога Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, во своето прво обраќање до вработените рече дека не е исклучена можноста од банкрот. Компанијата за социјални мрежи...

Компанијата „Мета“ укинува повеќе од 11.000 работни места

Компанијата „Мета“ на Марк Закерберг соопшти дека ќе отпушти 13 отсто од својата работна сила, што претставува повеќе од 11.000 вработени. Ова претставува најголемо отпуштање годинава, откако матичната компанија на Фејсбук почна да се бори со зголемени трошоци и слаб рекламен пазар, јавуваат светските новински агенции. Масовните отпуштања, пишува „Ројтерс“, кои се први од ваков вид во 18-годишното постоење на...

Озлогласениот Инстаграм инфлуенсер од Нигерија осуден на 11 години затворска казна во САД

Озлогласениот инфлуенсер на Инстаграм од Нигерија, „Hushpuppi“, чие вистинско име е Рамон Абас, доби затворска казна од повеќе од 11 години во САД поради неговата улога во меѓународна измамничка шема, пренесе Би-Би-Си. Покрај затворската казна, инфлуенсерот треба да плати и над 1,7 милиони американски долари како надомест на две жртви на измамата. Абас минатата година се изјасни како виновен по обвинението...

Твитер ќе ги забрани имитаторите, вели Илон Маск откако корисниците почнаа да го имитираат него

Новиот извршен директор на Твитер, Илон Маск изјави дека секој кој во своето име на оваа социјална мрежа ќе вклучува имитација на друго лице без јасно да наведе дека станува збор за пародија, ќе биде трајно суспендиран. Ова предупредување милијардерот го упати откако некои познати личности ги сменија нивните имиња на платформата, претставувајќи се како „Илон Маск“, пишува „Гардијан“. „Претходно...

Поранешни вработени го тужат Твитер поради масовните отпуштања на Илон Маск

Поранешни вработени во Твитер поднеле колективна тужба против компанијата поради масовните отпуштања поттикнати од новиот сопственик на платформата, Илон Маск, јави „Врџ“. Во тужбата се наведува дека на работниците не им биле дадени доволно информации околу нивното отпуштање, повикувајќи се на федералниот Закон за известување за прилагодување и преквалификација на работниците, во САД познат и како „WARN“. Овој закон бара...

Брисел со предупредување до Маск: Твитер птицата ќе лета според правилата на ЕУ

Европската комисија го потсети Илон Маск дека мора да ги следи правилата на Европската унија, по информацијата дека тој ја презема контролата врз Твитер, пренесе „Јуроњуз“. „Во Европа, птицата ќе лета според нашите правила“, напиша на Твитер еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, откако неколку часа претходно Маск објави дека „птицата е ослободена“, алудирајќи на логото на Твитер. https://twitter.com/ThierryBreton/status/1585902196864045056?s=20&t=YxW6n--dcuJhOcaY16LWQQ Бретон на објавата...

Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди американски долари

Elon Musk
Илон Маск, најбогатиот човек на светот, го купи Твитер и ја додаде компанијата во својата деловна империја по неколкумесечни правни препукувања, пренесе „Врџ“. Според медиумот, преземањето на Твитер Маск го прославил со отпуштање на директорите. Тој ги отпуштил Параг Агравал, кој го наследи Џек Дорси на местото извршен директор на Твитер, како и главниот финансиски директор Нед Сегал. Сменет бил...

Со мијалник во рацете, Илон Маск влезе во седиштето на Твитер

Elon Musk
Американскиот милијардер Илон Маск објави видео на кое се гледа како влегува во седиштето на Твитер носејќи мијалник во рацете, со што ги зголеми шпекулациите за судбината на плановите за преземање на компанијата, пренесува Би-Би-Си. Крајниот рок за извршување на договорот за преземање на Твитер, вреден 44 милијарди американски долари, истекува утре. Маск пред неколку месеци најави дека ќе ја...

Пресврт во договорот меѓу Маск и Твитер – милијардерот сепак ја купува социјалната мрежа?

Милијардерот Илон Маск се предомисли и сега е подготвен да продолжи со преземањето на Твитер, објави „Би-би-си“. Во писмото до компанијата, Маск се согласил да ја плати цената што ја понуди пред неколку месеци пред да се обиде да се повлече од договорот. Изненадувачкиот пресврт доаѓа само неколку недели пред двете страни да излезат на суд. Се сметаше дека Твитер,...

Акционерите на Твитер гласаа за одобрување на купопродажниот договор со Маск

Акционерите на Твитер изгласаа одобрување на договорот со Илон Маск за купување на компанијата за 44 милијарди долари. Тоа значи дека Твитер сега ќе се обиде на суд да го принуди Маск да ја купи компанијата, пишува „Би-би-си“. Средбата на инвеститорите на Твитер следеше по експлозивното сведочење на поранешниот шеф на безбедност во компанијата, Питер Затко пред американскиот Сенат, кој...

Инстаграм доби казна од над 400 милиони евра поради нарушување на приватноста на децата

Ирската Комисија за заштита на податоци го казни Инстаграм со 405 милиони евра поради прекршување на приватноста на децата. Долготрајната жалба, конкретно, се однесува на објавување на податоците на децата, а особено на нивните телефонски броеви и електронски адреси, пренесе „Би-би-си“. Некои од децата своите профили на оваа социјална мрежа ги надградиле како бизнис профили за да пристапат до алатките...

Социјалната мрежа на Доналд Трамп останува забранета на „Гугл Плеј Стор“

Платформата за социјални мрежи „Truth Social“ на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и понатаму е недостапна на „Гугл Плеј“ – онлајн продавницата на „Гугл“, каде е забранета поради тоа што ги прекршува нејзините политики за модерирање и забрана на содржини кои вклучуваат физички закани и поттикнување насилство, пренесе „Би-би-си“. Ова значи дека корисниците со телефони со оперативен систем Андроид, кои...

ТикТок ќе ги подучува инфлуенсерите во САД за правилата околу претстојните избори

ТикТок презема дополнителни мерки за ограничување на дезинформациите и прекршување на неговите политики пред делумните парламентарни избори среде мандатот на претседателот во САД што треба да се одржат во ноември, јавува „Би-би-си“. Платформата за видеа најави нови чекори за да се осигура дека инфлуенсерите ќе разберат оти платените политички реклами се забранети на оваа социјална мрежа. Делумните парламентарни избори среде мандатот...

За неполни два месеца „Снепчет Плус“ надминала еден милион претплатници

Апликацијата Снепчет соопшти дека стигнала до бројка од еден милион претплатени корисници од лансирањето на „Снепчет Плус“ (Snapchat Plus), својата платена верзија, од крајот на јуни годинава, пишува „The Verge“. Претплатата на „Снепчет Плус“ им овозможува на корисниците ран и ексклузивен пристап до функциите, за 4 американски долари месечно. Во јули, компанијата ја претстави и десктоп верзијата на Снепчет, која...

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...