fbpx
Таг: социјална мрежа

таг: социјална мрежа

Дезинформација е дека Фејсбук ќе наплаќа 4,99 долари месечно за да го користите

Во објавата се споделува невистинита информација дека Фејсбук воведува тарифа од 4,99 долари месечно за да може да го користите. Центарот за поддршка на Фејсбук наведува дека не им се наплаќа на корисниците за да го користат, туку им се наплаќа на огласувачите да прикажуваат реклами на Фејсбук и на другите социјални мрежи на компанијата Мета. Што се однесува...

Илон Маск го презема Твитер, зделката е вредна 44 милијарди долари

Elon Musk
Одборот на директори на Твитер најпосле се согласи - Илон Маск е новиот сопственик на една од најпопуларните и активни социјални мрежи во светот, Твитер, што ја откупи со склопување на договор вреден 44 милијарди долари. Ваквиот потег може да значи големи промени во начинот на кој што функционира оваа мрежа и да има несогледливи последици поради чекори преземени...

Со новиот редизајн, Фејсбук ја отстранува опцијата за лајк на страниците

Социјалната мрежа „Фејсбук“ со новиот редизајн ја отстранува опцијата „лајк“ од страниците на брендови, јавни личности и уметници, се вели во соопштението објавено на блогот на компанијата. Отсега па натаму, фокусот ќе биде само на следбениците. „Ги отстрануваме лајковите и се фокусираме на следбениците за да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, информираат од...

По повод 10 години постоење Инстаграм додаде нова опција за менување на логото

Една од најпопуларни социјални мрежи, Инстаграм слави 10 години постоење откако за првпат се појави на Ејпл маркетот на 6 октомври во 2010 година. „Како што еволуираше Инстаграм, покажавте дека постојат бесконечни можности како да се сподели светот околу нас. Вашата креативност, љубопитност и хумор нè туркаат напред, создавајќи ја иднината. Ајде да продолжиме!“, велат од Инстаграм. По повод роденденот, од...

Фејсбук отстранил седум милиони постови поради дезинформации за корона вирусот

Во вториот квартал на годинава, односно од почетокот на април до крајот на јуни, Фејсбук отстранил вкупно седум милиони постови, поради ширење дезинформации за корона вирусот, вклучително и оние со препораки за неправилни мерки за заштита или за некои лекарства или начини за лекување. Во соопштението од најголемата социјална мрежа на светот се појаснува и дека во истиот период, односно...

Twitter ќе брише објави со дезинформации за 5Г технологијата

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека ќе ги отстранува непотврдените тврдења и дезинформациите кои предизвиквуваат паника и содржина која ги охрабрува луѓето да дејствуваат поради теориите на заговор околу 5Г технологијата. „Ги проширивме нашите правила за непроверени тврдења кои ги поттикнуваат луѓето да се впуштат во активности кои може да доведат до оштетување или уништување на 5Г инфраструктурата или да доведат...

Судот во Русија ја забрани социјалната мрежа „Линкдин“

Судот во Русија денеска донел одлука со која ја забранил социјално-деловната мрежа „Линкдин“ (LinkedIn), поради кршење на законот за чување на податоците на корисниците. Како што јавуваат светските агенции, градскиот суд во Москва ја одбил жалбата на компанијата на пресудата на окружниот суд, во која било наведено дека мрежата го прекршила законот кој предвидува дека податоците на државјаните на Русија...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...