fbpx
Таг: соопштение

таг: соопштение

101 нов случај на ковид-19 од 776 тестирања, починати пет лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19, и во: Скопје (57), Куманово (13), Дебар (1), Штип (3), Тетово (19), Струга (1), Велес (1), Битола (2), Охрид (1), Гостивар (1) и Ресен (2). До праќање на извештајот, не се стигнати податоци од лабораторијата на Систина. Доколку...

805 граѓани фатени без маски, 8 лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација

Министерството за внатрешни работи (МВР) во изминатото деноноќие регистрирало 805 прекршоци за неносење лична заштита на лице кај несовесни граѓани. Од страна на полициски службеници, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и четири лица не ја почитувале мерката за самоизолација, се наведува во...

Нови 156 заразени пациенти од ковид-19, од кои дури 100 се во главниот град

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на ковид-19, при што најголем од новозаразените пациенти се од Скопје. Освен тоа, Институтот за јавно здравје регистрира и 27 оздравени пациенти, како и шестмина починати лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се две лица од Скопје,...

Нови 182 позитивни на ковид-19 од 1.348 тестирања, починаа 6 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19, од кои во: Скопје 107, Куманово 14, Штип 4, Тетово 23, Струга 5, Битола 2, Охрид 6, Гостивар 4, во Струмица, Кочани, Берово и Кочани по еден и во Ресен 13. Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти,...

Лани немало дивоградби во Сарај, Гази Баба и Арачиново, а за Центар, Карпош и Аеродром нема податоци

Годишниот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС) за бројот на бесправно изградени објекти за 2019 година полн со нејаснотии. Статистичарите информираат дека не добиле податоци за бројот на дивоградби за поголемите скопски општини Центар, Аеродром и Карпош. Во овие општини има интензивни градежни активности, додека во скопскиот регион со години наназад најмногу се инвестира во нови објекти. Покрај тоа...

НБРМ: Растат девизните резерви, основната каматна стапка останува на нивото од 1,5 отсто

Најновите економски показатели во домашната економија покажуваат дека растот на економската активност значително забавил во првиот квартал од годинава и изнесувал 0,2 отсто на годишна основа, наспроти раст од 3,4 отсто во претходниот квартал. Случувањата поврзани со појавата на ковид-19 во глобални рамки, како и мерките кои беа преземени за спречување ширење на вирусот, во текот на март доведоа...

Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 8 дена

По поднесениот предлог од страна на Владата, Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер донесе нова одлука за вонредна состојба на територијата на целата држава. Одлуката е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот на Република Северна Македонија, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година, информираат од претседателскиот кабинет. „Политичките партии постигнаа договор предвремените...

Потврдени 103 нови случаи на ковид-19, изминатово деноноќие починаа пет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 841 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје-46, Тетово-17, Струга-9, Куманово-6, Штип-6, Ресен-6, Велес-3, Охрид-3, Прилеп-2, Битола-1, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Свети Николе-1 случај. Од направените тестирања во изминатото деноноќие, 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид каде...

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат во просек од 3,23 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на „еуродизел“, се зголемуваат за еден денар по литар и ќе изнесуваат 58, односно 50 денари. Цените на бензинот „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,5 денари по литар и...

Бројката на заболени од ковид-19 надмина 3.000, пикот беше предвиден до 2.500

Министерството за здравство информира дека во изминатово деноноќие се направени 854 тестирања, а притоа се регистрирани 111 нови случаи на Ковид-19. По градови, најмногу случаи има во Скопје - 63, а по главниот град следуваат Штип со 12, Куманово со 11, Кочани со 9, Тетово со 8, Гостивар и Велес со по 3, и Охрид и Крива Паланка со...

Денеска 125 новозаболени од Ковид-19, бројот на активни случаи се искачи на 1.124

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје (46), Kуманово (19), Штип (17), Тетово (16), Струга (7), Гостивар (6), Охрид (5), Велес (3), Неготино (2), и во Прилеп, Битола, Кочани и Делчево по 1 новорегистриран заболен од корона вирус. Во изминатото деноноќие починаа...

Потврдени 40 новозаболени од Ковид-19, оздравени 11 пациенти, почина едно лице

Министерството за здравство информира дека во изминатово деноноќие биле регистрирани 40 нови случаи на Ковид-19 во земјава, и тоа во: Скопје-26, Тетово-10, Куманово-1, Прилеп-1, Велес-1 и Битола-1. Во изминативе 24 часа биле направени 549 тестирања, од кои 209 теста се во рамките на скринингот на вработените во градинките. Притоа, денеска е потврден еден позитивен случај на Ковид-19 кај вработен...

Бројот на разводи лани пораснал за 22,8 отсто, тој на склучени бракови поголем за 2,4 отсто

Бројот на разводи во нашата земја расте со позасилено темпо од склучените бракови. Државниот завод за статистика во 2019 година регистрирал 1.990 разведени бракови, што претставува зголемување од 22,8 отсто во однос на претходната година. Лани пак биле склучени 13.814 бракови, односно за 2,4 отсто повеќе во однос на 2018 година. Податоците покажуваат дека најатрактивен месец за склучување бракови бил...

УНДП: Стапката на човековиот развој годинава ќе почне да опаѓа за прв пат од 1990 година

Стапката на глобалниот човеков развој, која може да се измери како комбинација од стандардите на образование, здравство и живеење низ светот, годинава може за прв пат да опадне, откако концептот беше воведен во 1990 година, предупреди Програмата за развој на обединетите нации (УНДП). „Светот се има соочено со многу кризи во изминатите 30 години, како што беше глобалната финансиска криза...

УЈП ги потсетува граѓаните до 31 мај да ги проверат нивните годишни даночни пријави

На 31 мај истекува рокот за потврдување или коригирање на годишните даночни пријави. Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните дека треба да извршат проверка во овој рок на нивната даночнa пријавa. Ако не го направат ова, на 1 јуни годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус - потврдена или коригирана. „На 01.06.2020 година...

Нови 19 случаи на Ковид-19, оздравени се 16 пациенти, четворица починати

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 16 оздравени пациенти од кои во Скопје 7, Куманово 1, Тетово 3, Велес 1, Кочани 1 и Неготино 3. Во ГОБ „8 септември“ почина 65-годишна пациентка од Скопје примена на 11 мај, 71-годишен пациент од Скопје, хоспитализиран на 16 мај и 73-годишен пациент од Тетово, кој бил во...

ЗНМ бара Али Ахмети како претседател на владејачката ДУИ да престане со етикетирање на новинари

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува етикетирањето на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети кон новинарот на онлајн медиумот „In7.tv“, Албрим Хоџа. По вчерашната лидерска средба, Ахмети даде изјава за медиумите и по новинарското прашање на Хоџа, тој го обвини новинарот дека бил „зачинет“. „Сметаме дека јавните функционери, а особено лидерите на политичките партии, треба...

Вработен во обезбедувањето на претседателот Пендаровски позитивен на Ковид-19

Вработен во обезбедувањето на Претседателот Стево Пендаровски вчера бил тестиран позитивен на корона вирусот, информираат од претседателскиот Кабинет. „Во попладневните часови во неделата, на 17 мај, извршено е тестирање за Ковид-19 на едно лице од тимот на обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски, вработен во Министерството за внатрешни работи, при што е утврден позитивен резултат“, се наведува во нивното соопштение. Тој минатата...

МВР им ги продолжи дозволите и визите за престој на странците до 31 август

Владата донесе нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба. „Наведениот пропис претставува дополнување на Уредбата со законска сила донесена на 20 март и со истата се продолжува периодот на престој на странци на кои за време на вонредната состојба, им истекол краткорочен...

30 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 26 пациенти, а починаа 3 лица

Министерството за здравство информира дека регистрирале 30 нови случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие во нашата земја, и тоа во: Скопје-11, Тетово-6, Велес-5, Прилеп-3, Куманово-2, Штип-1, Битола-1 и Охрид-1. Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, од кои 184 теста се направени во рамките на скринингот од градинките и сите се негативни. Истовремено, Институтот за јавно здравје денеска регистрирал...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...