понеделник, 14 септември, 2026
Meta.mk

Ознака: сообраќајнанесреќа | 46 резултати

Обвинителството ги испитува причините за излетувањето на автобусот кај Демир Хисар

мај 19, 2015

Десет лица биле повредени во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи во близина на Демир Хисар, кога автобус со скопски регистарски таблички излета од патот. Од Обвинтелството денеска соопштија дека кај возачот на автобусот лекарите констатирале тешки телесни повреди, а девет патници поминале со полесни повреди. Увид на местото на несреќата извршил надлежен обвинител […]

Автобус излетал на патот Битола – Кичево, неколкумина повредени

мај 18, 2015

Неколку патници се повредени во сообраќајна несреќа, која денеска околу 16 часот се случи на магистралниот пат Битола – Кичево, кога автобус излетал од патот во близина на демирхисарското село Лопатица. Според портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, станува збор за автобус кој сообраќал на редовната линија Битола – Кичево. И увидот на полицијата покажал […]

Поднесени обвиненија за трикратното убиство во Кавадарци и за сообраќајката кај Католичка црква

мај 6, 2015

Јавното обвинителство вчера информираше дека бил поднесен обвинителен акт против осомничениот за трикраткото убиство, што во ноември минатата година се случи во Кавадарци, а обвинение било покренато и за сообраќајната незгода, која на 15 истиот месец се случи во близина на Католичката црква во Скопје, во која загина пешак. Осомничениот за убиството во Кавадарци, според […]

Автобус на ЈСП усмртил пешак на булеварот Борис Трајковски

мај 3, 2015

Фазли Е. (63) од кумановското село Романовце го загубил животот во сообраќајна незгода што вчеравечер се случила на булеварот Борис Трајковски во Скопје, информира полицијата. Сообраќајната незгода се случила околу 19.30 часот, кога градски автобус на ЈСП удрил во Фазли Е., кој се движел пеш. Од сериозноста на повредите тој починал на самото место. Јавен […]

Поднесен обвинителен предлог за сообраќајката во која загина Петар Милошевски

април 29, 2015

Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен предлог за сообраќајната несреќа во која животот го загуби спортскиот директор на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски, која се случи на 13 март минатата година, на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, соопшти обвинителството. Како што информираат оттаму, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во […]

76-годишен пешак прегазен на улица во Скопје

април 6, 2015

Седумдесет и шестгодишниот Милутин К. вчера попладне го загубил животот во сообраќајна несреќа, кога движејќи се пеш на улицата „Бутелска“, на него налетал автомобил, марка „шкода фаворит“, кој го управувал А.Т. (74), информираат од полицијата. Сообраќајната несреќа се случила околу 17.40 часот. Пешакот, кој од ударот добил тешки телесни повреди, бил пренесен во Ургентниот центар, […]

Битолчанец загинал во тешка сообраќајна несреќа

февруари 26, 2015

Четириесет и седумгодишeн битолчанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што синоќа, околу 19.40 часот, се случила на магистралниот пат Битола – Ресен, кај местото Чешмите, пренесуваат медиумите. Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил, марка „бе-ем-ве“ со битолски регистарски таблички, и камион со албански ознаки. Возачот на патничкото возило, Б.К. (47), починал на местото на несреќата. Засега […]

Гевгеличанец загина во сообраќајка на автопатот Богородица – Гевгелија

јануари 28, 2015

Четириесетгодишниот Михаил Ј. од Гевгелија го загубил животот во сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатото Богородица – Гевгелија. Според полицијата, несреќата се случила околу 4 часот, кога гевгеличанецот изгубил контрола над автомобилот, марка „фолксваген буба“, и излетал од патот. Тој починал на самото место.

Ахмети повреден во сообраќајна несреќа додека итал накај Мета

јануари 21, 2015

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, утрово бил повреден во сообраќајна несреќа кога автомбилот со кој патувал, удрил во бетонски столб на патарината Тетово-Гостивар. Артан Груби, портпаролот на ДУИ, за „Мета“ изјави дека Ахмети не бил сериозно повреден во несреќата и во текот на денот ќе биде пуштен на домашно лекувaње од […]

Дванаесет повредени во сообраќајна несреќа кај Штип

јануари 18, 2015

Во директен судир меѓу минубус на автопревозникот „Струмица експрес“ и автомобил, марка „опел астра“, вчеравечер биле повредени 12 патници, кои веднаш се пренесени во Клиничката болница во Штип. Според првичните информации, две лица биле потешко повредени и се префрлени во болниците во Скопје, а тројца, кај кои биле констатирани полесни повреди, по укажаната лекарска помош, […]

Судир меѓу камион-цистерна и автомобил кај Истибања

јануари 13, 2015

Едно лице било повредено во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на патот кај виничкото село Истибања, пренесуваат медиумите. Станува збор за судир на автомобил и на камион-цистерна, кој во незгодата се извртел и го блокирал патот. Според информациите, повредениот возач на авотмобилот по несреќата бил пренесен во кочанската болница и е надвор од […]

Шлепер со македонски ознаки се превртел кај Врање

декември 23, 2014

Камион шлепер со македонски регистерски ознаки утрово се превртел на магистралниот пат Врање – Владичин Хан, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации од полициската управа во Врање. Оттаму информираат дека во сообраќајната несреќа нема повредени и дека била причинета мала материјална штета. Први на помош на возачот на превртениот шлепер му пришле работниците на […]

Гостиварецот сместен на трауматологија

декември 22, 2014

Гостиварецот, кој утрово со автомобил влета во излог од продавница во зградата „Тифани“ во центарот на Скопје, по извршените испитувања е хоспитализиран на Клиниката за трауматологија и е надвор од животна опасност, изјавија за „Мета“ од Ургентиот центар. – Пациентот е сместен на Клиниката за трауматологија. Кај него се констатирани сериозни повреди, односно скршеници на […]

Автомобил излетал од патот кај Катланово

декември 15, 2014

Четири лица биле полесно повредени во сообраќајна незгода што денеска претпладне се случила пред тунелот Катланово, на автопатот Велес – Скопје, пренесува телевизијата „Канал 5“. Несреќата се случила околу 10 часот, кога автомобилот, марка „ауди“ со штипски регистарски ознаки, со кој патувале, удрил во заштитната ограда покрај коловозот и завршил во дрвја покрај патот. Лекарите […]

Повозрасен скопјанец загинал во сообраќајка на патот Кичево – Осломеј

декември 13, 2014

Осумдесет и тригодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на регионалниот пат Кичево – Осломеј, информираат од полицијата. Несреќата се случила околу 15.45 часот, на раскрсницата помеѓу селата Црвевци и Гарани, кога дошло до судир меѓу автомобилот, марка „опел кадет“, што го управувал сега починатиот Раим С. и „опел […]

Анџелина Џоли доживеала сообраќајна несреќа

декември 1, 2014

Актерката Анџелина Џоли доживеала сообраќајна несреќа кога се враќала од снимање на нејзиниот нов филм „Нескршен“ во Беверли Хилс, објави „Х17 Онлајн“. Автомобилот на Џоли се лизнал на влажниот пат, предизвикувајќи две од гумите да пукнат, по што удрил во работ на патот. Актерката поминала без посериозни повреди.

Обвинителството покрена истрага за сообраќајката кај Католичка црква

ноември 26, 2014

Во надлежното јавно обвинителство во Скопје пристигнала кривичната пријава, поднесена од МВР, за сообраќајната несреќа во која загина малолетник, на раскрсницата од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и 9 Мај, во близина на Католичката црква, информираат од јавното обвинителство. За несреќата е осомничено 20-годишното момче што управуваше со џипот, марка „фолксваген туарег“. – Надлежниот јавен обвинител […]

Џип на граничната полиција се превртел на автопатот Тетово – Гостивар

ноември 26, 2014

Џип на граничната полиција вчера се превртел на автопатото Тетово – Гостивар. Во сообраќајната несреќа биле повредени четворица полицијаци, кои се надвор од животна опасност. Според првичните неофицијални информации, несреќата се случила кога возачот, обидувајќи се да се избегне пешак кој претрчувал на автопатот, ја изгубил контролата врз џипот.

Обвинителството тврди дека за спогодбата по сообраќајката кај Демир Капија согласност дал претставник на оштетените

ноември 5, 2014

Јавното обвинителство како неосновани ги отрфла реакциите на роднините на загинатите во сообраќајката кај Демир Капија и смета дека изречената казна е соодветна за кривичното дело што обвинетиот го признал. – По собирање на сите материјални докази и преземање на потребните мерки и активности за расчистување на случајот, надлежниот јавен обвинител ги повика претставниците на […]

Деца загинаа во автобуска несреќа во Египет

ноември 5, 2014

Најмалку 16 лица загинаа, од кои повеќето деца, а 18 се повредени, откако школски автобус се судри со три возила на пустинскиот пат во делтата на Нил, 160 километри северно од Каиро. Фотографиите што ги објави една приватна новинска куќа, сугерираат дека жртвите изгореле. Претставник на египетското министерство за здравство, соопшти дека повредените се хоспитализирани во најблиската […]

Страна 2 од 3