петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: сообраќајна несреќа | 206 резултати

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Струмица – Радовиш

февруари 27, 2016

Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што се случи изутринава во 6.10 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш меѓу селата Владевци и Радичево. Според информациите од струмичката брза помош, двете лица животот го загубиле на местото на несреќата. Уште едно лице е потешко повредено и е префрлено на хируршкото одделение во болницата во Струмица. […]

Започна судењето против возачот кој ја прегази студентката кај Универзална сала

февруари 24, 2016

Денеска во Основниот суд Скопје 1 започна судењето на Љ.В. осомничен за сообраќајната несреќа на булеварот Партизански одреди кај Универзална сала, во која животот го загуби студентката Фросина Цековска од Крива Паланка. Љ.В. се товари дека сторил две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице […]

Се преврте автобус со бугарски туристи, петмина тешко повредени

февруари 3, 2016

Пет лица се потешко повредени, а 21 лице се со полесни повреди откако синоќа, околу 22 часот, се превртел бугарски автобус на магистралниот пат Крива Паланка – Ранковце. Засега не се познати причините за сообраќајната несреќа, која се случила во близина на село Опила. Сите повредени патници се надвор од животна опасност и се пренесени […]

Моторџија загина во сообраќајна несреќа во Битола

февруари 2, 2016

Триесет и осумгодишен моторџија го загуби животот во сообраќајна несреќа, што вчера попладне се случила во индустрискиот дел на Битола. Мотоџијата настрадал во директен судир со товарно моторно возило. Сообраќајката се случила вчера, околу 18 часот, во индрустрискиот дел на Битола, на крстосницата од улиците Новачки пат, кој води кон селото Долно Оризари и улицата […]

Прилепчанец со „југо“ удрил во куќа

јануари 25, 2016

Триесет и четиригодишен прилепчанец вчера, околу 18.10 часот, со автомобил, марка „југо“, удрил во куќа на улицата Сремски фронт, информираат од полицијата. Во несреќата, прилепчанецот добил тешки телесни повреди и бил задржан во прилепската општа болница за понатамошно лекување. Според полицијата, тој не поседувал возачка дозвола за управување со моторни возила, а и сообраќајната дозвола […]

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

јануари 22, 2016

Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје – Велес, на 2 километри по наплатната станица кај Сопот, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, автомобил марка „фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот од десната страна и слетал во провалија. Поради непристапноста на теренот, припадниците на […]

Во тешка сообраќајка загинаа двајца штипјани

јануари 4, 2016

На пат за штипскиот затвор, одејќи на работа во ноќна смена, двајца затворски чувари ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа, што се случила на излезот од Штип. Според засега непотврдени инфорации, возилото во кое се возеле се излизгало од коловозот и влетало во реката Брегалница. Веднаш притрчале на помош колегите, кои се возеле во […]

Поради несреќа, во прекин е сообраќајот на автопатот Скопје – Велес

јануари 4, 2016

Поради сообраќајна незгода со повеќе возила на автопатот А1, делница Каласлари – Велес, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, информираат од АМСМ. Пренасочување на сообраќајот по спореден пат има само за патничките возила. Сообраќајот на другите патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На коловозите има остатоци од кашест снег […]

Откриени тројца мигранти од Палестина по сообраќајка на патот Гевгелија – Негорци

јануари 4, 2016

Тројца економски мигранти од Палестина биле повредени во сообраќајна незгода што вчера, околу 10.30 часот, се случила на регионалниот пат Гевгелија – Негорци, кога автомобилот, со кој нелегално биле превезувани, излетал од патот. Како што информираат од МВР, возачот на автомобилот „опел тигра“, И.Ѓ.(25) од Гевгелија, не бил пронајден на местото на несреќата. Мигрантите, пак, […]

Деветгодишно дете загинало во сообраќајка во Сопот, Кумановско

ноември 25, 2015

Деветгодишно момче го загубило животот во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила во кумановското село Сопот, кога движејќи се пеш било прегазено од камион, соопшти полицијата. Во несреќата било повредено уште едно лице, кое по укажната помош е пуштено на домашно лекување. Според полициските информации, сообраќајната незгода се случила околу 17.45 часот, на локалниот […]

Пешак загина на улица во Тетово

ноември 24, 2015

Пешак на возраст од 57 години претпладнево почина откако во него удри товарно возило, марка „мерцедес“, додека ја преминувал улицата Видое Смилевски – Бато во Тетово. Сообраќајката се случила надвор од обележан пешачки премин. Пешакот, кој од ударот имал тешки повреди по телото, од возачот на камионот, со друго возило, веднаш бил пренесен во тетовската […]

Едно лице загина во сообраќајка кај клучката Хиподром

ноември 24, 2015

Едно лице го загуби животот, а четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје – Куманово, кај клучката во Хиподром. Сообраќајката се случила помеѓу автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управуван од скопјанец, и автомобил „пасат“ со кумановски регистарски таблички, управуван од кратовец. Повредените биле пренесни во Ургентниот центар […]

Мотоциклист се бори за живот по сообраќајна несреќа на Илинденска

ноември 20, 2015

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 20 часот на булеварот Илинден, во која учествувале два автомобили и мотор. Мотоциклистот бил потешко повреден и се наоѓа на Ургентен центар, каде што се бори за живот. Истрагата е во тек.

Сообраќајна несреќа во Куманово, двајца повредени

ноември 15, 2015

Две лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случи утрово во 5.45 часот, на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во близина на населбата Карпош. Во сообраќајната несреќа учествувале две возила со кумановски регистарски таблички. Според СВР Куманово, до несреќата дошло откако автомобилот „опел астра“, управуван од кумановецот Д.Т. (1989), […]

На Водно ќе се гради парк во спомен на жртвите на сообраќајни несреќи

ноември 15, 2015

По повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, денеска на Средно Водно со засдување дрвца ќе биде промовиран парк во спомен на лицата што оваа година го загубија животот во сообраќајки во Република Македонија. На настанот што го организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), ќе присуствуваат претседателот на РСБСП, […]

67-годишен пешак прегазен на улица во Чаир

ноември 12, 2015

Шеесет и седумгодишен жител на велешкото село Кочилари го загубил животот во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на улицата Кемал Сејфула во скопската населба Чаир, сооошти денеска полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната несреќа се случила околу 6.50 часот, кога автомобил, марка „опел астра“, што го управувал 34-годишниот Ќ.К., удрил во Иса К. (67), […]

Возач загинал во сообраќајка на патот Македонски Брод – Самоков

ноември 11, 2015

Седумдесет и тригодишен жител на селото Ропотово го загубил животот, а уште три лица биле повредени во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Македонски Брод – Самоков, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната незгода се случила околу 16 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „лада рива“, што го управувал […]

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Пчиња

септември 19, 2015

Во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Куманово – Пчиња, загина едно лице, а уште едно е потешко повредено. Сообраќајната несреќа се случи вчера, а како што соопшти МВР, џип „санг јонг“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Н. (20) од селото Пчиња, од засега непознати причини, излетало од патот. Од повредите при несреќата, сопатникот […]

Почина фудбалерот Александар Пандовски

август 8, 2015

Фудбалерот Александар Пандовски, кој пред неколку дена имаше тешка сообраќајна несреќа, утрово им подлегнал на повредите. Пандовски беше младински репрезентативец на Македонија, фудбалер на „Вардар“, „Работнички“ и на „Турново“, а последно настапуваше за „Еуромилк“. Тој доживеа тешка сообраќајна несреќа откако неговиот автомобил излета од патот на излезот од Скопје и удри во столб на бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Тешка сообраќајна несреќа кај Тетово

јули 24, 2015

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Тетово-село Пирок, а според неофицијалните информации две лица се загинати, но има и повредени. Од МВР ја потврдуваат сообраќајната несреќа, но детали за бројот на загинати и повредени лица ќе бидат соопштени по завршување на увидот.

Страна 10 од 11