fbpx
Таг: сообраќајка

таг: сообраќајка

Двокатен автобус удри во продавница во Лондон

Двокатен автобус удри во излог на продавница во Лондон, при што се повредени неколку лица, а две се заробени во горниот кат на автобусот. „Возачот на автобусот е пренесен во болница на југот на Лондон, а мал број од патниците добиле лекарска помош на самото место. Двајца патници останале заробени на горниот кат на автобусот, а противпожарните и спасувачките екипи се обидуваат...

Старица прегазена на пат кај Крива Паланка

Во сообраќајна несреќа вчера претпладнето била усмртена 87-годишна жителка на Крива Паланка, извести СВР Куманово. Според полицискиот билтен, вчера околу 10.30 часот на магистралниот пат А-2 во Крива Паланка, во близина Осички мост, автомобил „сеат кордоба“ со кривопаланечки регистерски ознаки удрил во 87-годишната С.В., која починала веднаш. Со автомобилот управувал Б.В. (53) од Крива Паланка. Увид извршиле јавен обвинител и екипа...

Комби влета во ресторан во Лос Анџелес, девет лица се повредени

Девет лица се повредени во Лос Анџелес откако комби се судрило со камионет и влетало во ресторан, јавуваат локалните медиуми. По несреќата на булеварот Пико, во болница се пренесени осум лица, соопшти противпожарната служба на Лос Анџелес на „Твитер“ и додаде дека деветтото повредено лице е пожарникар, кому не му било потребно хоспитализирање. Американските медиуми наведуваат дека несреќата ги имала карактеристиките на нападите...

Автомобил покоси група луѓе во Хелсинки, еден загина, четворица се повредени

Во тешка несреќа што се случи во центарот на Хелсинки, главниот град на Финска, попладнево еден човек го загуби животот, а четири лица се пренесени во болница со повреди. Другите повредени добиле прва помош на местото на несреќата. Инцидентот се случил на раскрсница во центарот на градот кога автомобил управуван од маж кој бил под дејство на алкохол или дрога...

Мотоциклист загинал во сообраќајка во Битола

Во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во Битола, загинал 40-годишен маж од битолското село Горно Оризари, соопшти СВР Битола. Несреќата се случила во 20.35 часот, на крстосницата на улиците 8 Септември и  Арон Ароести. Дошло до судир на автомобил „голф 3“ со битолски регистарски таблички, управуван од А.К. (29) од Битола, и мотоцикл „хонда“ со битолски таблички, управуван од...

Возач загинал кај Стоби

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 19 часот, на регионалниот пат Градско - Неготино кај локалитетот Стоби, животот го загубил С.П. (47) од неготинското село Црвени Брегови. Како што соопшти МВР, автомобилот „киа“ со кој управувал сега загинатиот, излетало од коловозот и се превртело. Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, на телото...

Тешка сообраќајна несреќа во Германија – 31 повреден и 17 исчезнати

Триесет и едно лице се повредени, а 17 се видат за исчезнати откако автобус се запали по судир со камион, соопшти германската полиција. Во соопштението се наведува дека несреќата се случила на југот на Германија. Портпаролката на полицијата, Ана Хофер, соопшти дека не се знае каде се 17 патници. - Можно е некои од патниците да успеале да излезат од автобусот кога...

Тинејџер загинал во сообраќајка во Струмичко

Момче од Струмичко го загубило животот во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во близина на село Дабиле, извести СВР Струмица. На регионалниот пат Струмица - Берово, околу 3.15 часот, на излезот од Дабиле кон Петралинци, автомобил „голф“ со струмички таблички излетал од коловозот и паднал во коритото на реката Струмешница. Од повредите починал Ѓ.А. (19) од Турново, додека неговиот...

Две жртви во сообраќајки во Арачиново и на автопатот Градско – Велес

Две лица ги загубиле животите во сообраќајни незгоди што се случиле вчера, соопшти МВР. Првата сообраќајка се случила околу 17.30 часот, на улицата 1 во селото Арачиново. А.С. (29) од Арачиново, кој управувал со џип „мерцедес“, удрил во С.Ш. (60), кој починал веднаш, и во едно шестгодишно дете, кое било пренесено во Ургентен центар Скопје. Откако  удрил во пешаците, А.С. избегал,...

Мотоциклист во Тетово излетал од патот и го загубил животот

Мотоциклист го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што вечерва околу 19 часот се случила на булеварот Маршал Тито во близина на железничкиот надвозник на излезот од Тетово. Тетовецот Е.А. (26) од засега неутврдени причини загубил контрола на мотоциклот што го управувал, по што удрил во заштитната метална ограда. Притоа добил тешки телесни повреди, поради кои бил префрлен во тетовската...

Жена почина од повреди од сообраќајка кај Кадрифаково

Од тешките повреди стекнати при превртување на автомобилот во кој се возела, вчера починала 75-годишната С.Д., соопшти МВР. Сообраќајката се случила на патот Штип - Велес, кај селото Кадрифаково. Автомобил „дачија логан“ со скопски регистерски таблички, управуван од 51-годишниот скопанец Д.Д., во еден момент излетал од коловозот, при што и возачот и жената добиле тешки телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Клиничкиот...

Во сообраќајка кај Групчин, загина 40-годишен тетовец

Во тешка сообраќајна несреќа, која се случила околу 8 часот утрово близу патарината Групчин, загина еден тетовец. Како што потоа извести навивачката група „Војводи“ на својата fејсбук-страница, станува збор за Александар Димчевски - Трска, еден од нивните истакнати членови. Според полицијата, од засега непознати причини автомобил „бe-eм-вe“, управуван од возачот А.Д. (40), на автопатот Тетово - Скопје излетал од патот,...

Во судар на минибус и на камион во Јужна Африка, загинаа 20 деца

Најмалку 20 ученици загина откако минибус со кој се возеле удрил во камион и се запалил во провинцијата Мипмаланга, северно од јужноафриканската престолнина Преторија. Спасувачките екипи пронашле тринаесет заглавени деца во возилото, но откако бил изгаснат пожарот, биле прогласени за мртви. Неколку ученици успеале да се спасат благодарение на очевидците, кои успеале да ги извлечат од опожареното возило. Децата веднаш се...

Седум повредени откако возило влета во продавница во Скопје

Еден пешак и уште шест лица вработени во продавница се повредени вчера откако возило влетало во продавницата, на булеварот Македонско-косовска бригада во Скопје. Како што информира МВР во дневниот билтен, настанот се случил вчера изутрина, во 7.40 часот, кога Ќ.О. (42) од Скопје управувајќи возило „опел астра“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото и удрил во пешакот Х.Р. (29)...

Гостиварец загина во сообраќајка

Педесетгодишен гостиварец загина во сообраќајна несреќа, откако вчера десетина минути по полноќ со своето возило излетал од локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Куново и Беловиште и паднал во бездна. Како што соопшти полицијата, гостиварецот од излетувањето добил тешки телесни повреди, на кои подоцна им подлегнал. Телото на починатиот го пронашле случајни минувачи вчера, околу 13 часот. Јавен обвинител и...

Загина 26-годишен охриѓанец во сообраќајка во Охрид

Во тешка сообраќајна несреќа на  улицата Питу Гули во Охрид, денеска околу 6 часот животот го загуби 26-годишен охриѓанец. Од засега непознати причини, загубил контрола над автомобилот „форд“ со кој управувал и удрил во дрво, по што веднаш починал. Во автомобилот бил сам. Полицијата изврши увид, а точните причини за собораќајката ќе се утврдуваат дополнително.

Загина скопјанец во сообраќајка кај Лозово

Во возило што излетало од коловозот кај Лозово на патот Велес – Штип, загина 63-годишен скопјенец, кој бил сопатник во автомобил „шкода“ со скопски регистерски ознаки. Возачот е повреден и со возило на итната помош на Свети Николе е пренесен во болница. Несреќата се случила денеска околу 15 часот, потврди портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова. Увид на местото на...

Противпожарно возило влета во автобуска станица во Москва

Едно лице загина, а четири се потешко повредени во сообраќајна несреќа во Москва. Несреќата се случила кога противпожарно возило влетало во автобуска станица во близина на аеродромот „Домедово“, соопшти Рускиот истражен комитет. Во тешка здравствена состојба е возачот, кого брзата помош одвај го спасила, наведува „РИА Новости“. Веднаш е поведена истрага во која управата на аеродромот соработува со полицијата. „Домедово“ е еден од...

Битолчанец повреден во сообраќајка на Водно

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладнето на патот од населбата Козле кон манастирот „Свети Пантелејмон“ во селото Горно Нерези на Водно, тешки повреди задобил 25-годишен битолчанец. Како што извести СВР Скопје, во 16.30 часот вчера се судриле автомобилите „опел корса“ управуван од повредениот млад битолчанец и автомобил „опел астра“, управуван од 41-годишниот скопјанец С.Т. Полицијата извршила увид, а повредениот...

Три жртви во сообраќајка на патот Гевгелија – Богданци

Во сообраќајна несреќа која се случила денеска, околу 14.30 часот, на патот Гевгелија - Богданци, животите ги загубија тројца млади жители на Богданци, а еден е повреден, дознаваме од одделот за односи со јавноста на МВР и од Општа болница - Гевгелија. Се судриле автомобили „ауди-3“, управуван од 20-годишниот Б.Џ. од Богданци, и „форд фиеста“, управуван од 40-годишниот Љ.П. од...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...