недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: сообраќаен хаос | 42 резултати

Метежот на улиците ни е секојдневие, а сме на дното во Европа по број на автомобили по глава на жител (инфографик)

јуни 11, 2020

Северна Македонија е една од земјите во Европа со најниска стапка на моторизација на населението. Позади нас се единствено Албанија, Косово и Турција, покажуваат податоците на „Евростат“. И покрај ова, сообраќајниот метеж во нашите градови е секојдневна појава, додека проблемот со паркирањето расте секојдневно, особено во главниот град. Во 2018 година во нашата земја биле […]

Во меѓуградскиот превоз десет пати повеќе се патува со такси отколку со воз (инфографик)

мај 11, 2020

Наместо со возови и автобуси како што се патува низ цела Европа, нашата земја е меѓу ретките во која такси-превозот пополека постанува главно средство за превоз во меѓуградскиот превоз. Податоците на Државниот завод за статистика за 2019 година покажуваат дека возовите и автобусите се сè помалку атрактивни за патниците, па така таксистите го земаат приматот […]

Уриваме рекорди – лани сме увезле 41.479 половни возила (инфографик)

април 4, 2020

Дури 41.479 половни возила биле увезени лани во нашата земја, покажуваат податоците на Царинската управа. Станува збор за втора рекордна година по бројот на увезени стари возила откако во 2009 година беше дозволен увозот на половни возила под поволни услови. Најголем дел од она што пристигнува од странство се патничките автомобили, и тоа вкупно 38.580 […]

Не се знае колку точно возила секојдневно влегуваат во Скопје од другите општини

март 18, 2020

Скопските градски власти немаат прецизен податок за бројот на возила кои дневно влегуваат во Скопје, а се од другите градови. Последен документ што ја определил оваа бројка е Студијата на ИДОМ изработена во 2012 година, во која се вели дека во македонскиот главен град дневно влегуваат околу 30.000 автомобили од другите општини. Ваквите податоци можат […]

Со пари од ЕБОР ќе се изработува Студија за реструктурирање на автобускиот превоз во Скопје

март 13, 2020

По одлуката на македонската влада за поддршка на проектот за воведување на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека ќе го поддржи Градот Скопје во овој проект преку издвојување на средства од подигнатиот кредит за изработка на Студија за реструктурирање на јавниот автобуски превоз во Скопје. „Целта […]

Скратени термините за платено паркирање во Тетово во саботите и во зимскиот период

февруари 28, 2020

По веста на „Порталб.мк“ дека плаќањето за зонското паркирање во Тетово е подолго од повеќето други општини како Гостивар, Куманово и Скопје, Советот на општина Тетово донесе одлука за намалување на времетраењето на работата на паркингот во саботите и зимската сезона, пишува „Порталб.мк“. На 29-тата седница на општинскиот совет, на дневен ред беше и промената […]

Брзиот скопски „трамвај на тркала“ запре на бавната реакција за финансирање на проектот

февруари 7, 2020

„Трамвајот на тркала“ (брз автобуски систем – БРТ) во Скопје на почетокот од декември помпезно се најави дека ќе добие владина поддршка за пронаоѓање средства, но засега нема информации кои чекори досега се преземени за неговата реализација. Министерството за финансии повеќе од три недели не одговара на прашањата на „Мета.мк“ за тоа до каде е […]

Во Тетово два километра со автомобил се возат половина час (ВИДЕО)

јануари 8, 2020

Растојанието од два и пол километри за новогодишните празници за тетовци се претвори во 20 до 30 минути минати во автомобил, а завршувањето на овој потфат значи нови главоболки, бидејќи кога ќе стаса, започнува „борбата“ за наоѓање место за паркирање. Преоптоварениот сообраќај во Тетово го зголемува загадувањето на воздухот, бидејќи повеќето од возилата се од […]

Зонското паркирање во Тетово се наплаќа подолго во споредба со другите градови

декември 12, 2019

После 21 часот во Гостивар, Куманово и Скопје можете бесплатно да го паркирате возилото на местата за зонско паркирање. Но, во Тетово, ситуацијата е поинаква. Во овој град зонското паркирање важи до 23 часот. Во Тетово, исто така, нема олеснувања за сабота, споредено со споменатите градови, каде што во сабота се плаќа до 15 часот, […]

За анализа, проект и финансирање на „автобуско метро“ ќе треба најмалку три години

декември 6, 2019

Изработката на физибилити студијата за изводливоста од воведување на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје, како и изготвувањето на целокупната проектна документација, ќе бара подолг временски период пред реалното воведување на новото средство за јавен превоз во главниот град. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката за прибирање средства за изработка на […]

Наместо трамвај, Скопје допрва ќе работи на проект за „автобуско метро“

декември 4, 2019

По многуте недоумици во јавноста, владата пресече дека ќе го поддржи воведувањето на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје. На вчерашната владина седница се разгледала и усвоила информацијата за воведување на т.н. „автобуско метро“ со превозни средства што ќе се движат на електричен или хибриден погон. Инаку, терминот „автобуско метро“, кој го има и во […]

Бројот на возила расте 10 пати побрзо од бројот на паркинг места (инфографик)

ноември 11, 2019

Наместо со засилено темпо да го решаваат проблемот со паркирањето, општинските власти и одговорните државни институции со текот на годините го намалуваат бројот на објекти за паркирање со кои тие директно управуваат. Сето ова се случува во период кога бројот на регистрирани патнички возила во земјава значително расте од година во година. Во последниве пет […]

Македонија на европското дно според бројот на автомобили „по глава на жител“ (инфографик)

октомври 21, 2019

Сообраќајните гужви се секојдневие во Скопје и во останатите градови од земјава, но дел од статистичките податоци покажуваат дека бројката на автомобили што се движат во нашите градови допрва ќе расте. Нашата земја се наоѓа на самото европско дно со едвај 195 патнички автомобили на секои 1.000 жители изброени во 2017 година. Наспроти пресметката на […]

Скопје, трамвај ти ќе видиш – можеби (видео + инфографик)

мај 20, 2019

Доколку не се вложи во побрз јавен превоз во најскоро време, македонскиот главен град во наредната деценија ќе прерасне во неподносливо место за живеење со уште поголемо загадување на воздухот и сообраќаен метеж на улиците, хроничен недостиг на паркинг места и уништено зеленило од непрописно паркираните возила. Експертите предупредуваат дека веднаш на Скопје му е […]

Зголемени контроли во Тетово поради сообраќајниот хаос

ноември 8, 2018

Погрешно паркираните возила во Тетово се секојдневие, особено во централното градско подрачје. Од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Тетово, во изминатиот период активно работат на подобрување на ваквата состојба. Велат дека контролните активности се засилени, а погрешно паркираните возила се дислоцираат и санкционираат. Тие упатија апел и до сите оние кои возат […]

Заев: Уште размислуваме дали новиот Клинички центар да се гради во Бардовци

јануари 31, 2018

Сè уште немаме донесено одлука, и чекаме во наредните денови сите надлежни институции да ги достават побараните информации, па ќе решиме дали новиот Клинички центар во Скопје ќе се гради на сегашната локација или пак во Бардовци или во Индустриската зона Визбегово, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничкото прашање на Павле Богоевски, дали изборот […]

Градоначалничките кандидати за Тетово ветуваат решавање на сите проблеми

октомври 3, 2017

Ветувајќи целосна транспарентност и посветеност на доброто на граѓаните, кандидадите Албанци за градоначалници на општина Тетово во вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и телевизијата „Арт“, порачаа дека ако го освојат мандатот, конечно ќе прекине легализирањето дивоградби, урбаниот и сообраќајниот хаос и дека ќе го надминат проблемот […]

Дебармаалци порачаа дека тротоарите се за пешаци, а не паркинг-простор за заработка

август 21, 2017

Жителите на Дебар Маало попладнево излегоа на протест, на кој ги повикаа Општината Центар, Градот Скопје, МВР и полицијата да преземат мерки за да ги заштитат пешаците, а особено децата од опасносностите кои демнат од тротоарите окупирани со возила, од неорганизираниот сообраќај и од неконтролираното градење. Протестот, организиран од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар […]

Страна 2 од 2