fbpx
Таг: СОНК

таг: СОНК

Во Охрид се учи, во Струга се штрајкува

Во Охрид наставата се одвива нормално и вообичаено, додека во соседна Струга повеќе се штрајкува отколку што се учи. - На ниво на општина, во Струга и во сите села, со исклучок на Вевчани, според нашите согледувања, 70 проценти од наставниците и од професорите не извршуваат настава и ја почитуваат одлуката на СОНК - вели Сурија Рашиди, началник за образование...

Наставата почна, штрајкувачите во малцинство

Денеска почна второто полугодие за околу 280.000 основци и средношколци по тринеделниот зимски распуст. СОНК најави штрајк поради неуспешните преговори со Министерството за образование и наука. Штрајкот требаше да биде со присуство на работните места, но без извршување на работните задачи. Од обиколката што ја направивме во скопските училишта и градинки и според она што го јавија нашите дописници, генералната...

Штрајкот ги подели битолските наставници

Најавениот штрајк на СОНК ги подели вработените во битолското образование. Едни штрајкуваат, други држат настава. Во дел од основните и од средните училишта во градот наставата почна, во други - децата останаа сами во училниците, а во неколку училишта штрајкуваа само синдикалците на СОНК. - Утрово, кога отидовме на работа, од една страна нè пречека директорката, а од друга синдикалецот. Едната страна...

СОНК: Се разубедуваат наставниците од Битола да не штрајкуваат

Со јавувања по телефон или средби во четири очи, се разубедуваат членовите на СОНК во Битола за утре да не штрајкуваат, тврди регионалната претседателка на СОНК во Битола, Фанче Јошевска. Според неа, во последниве денови просветни работници од Битола постојано се јавувале во регионалната канцеларија на СОНК да се пожалат дека имаат притисоци од своите надлежни или од други личности...

Трајановски: Скопските училишта нема да штрајкуваат

Во вторник ќе почне второто полугодие од учебната година и наставата ќе се одвива нормално во сите средни и основни училишта во Скопје, а ќе работат и сите градинки, соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а во врска со најавениот штрајк на Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК). Трајановски рече дека изминатава недела биле контактирани сите образовни...

И СОНК доби „контра-СОНК“

По најавите на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за штрајк на просветните работници денеска се појави и „контра-СОНК“, група наставници, членови на синдикатот кои бараат да биде откажан закажаниот штрајк. Тие сметаат дека барањата на СОНК се нереални и велат дека немаат доверба во актуелниот претседател Јаким Неделков. - Ако штрајкот се одржи, најголемиот дел од наставниците нема да...

Професорите ќе штрајкуваат по зимскиот распуст

Синдикатот за образование, наука и култура соопшти дека по завршувањето на зимскиот распуст, 30.000 професори од Македонија ќе почнат штрајк. Како што јавува телевизијата „Телма“, професорите ќе одат на работа, но нема да предаваат. СОНК за време на преговорите со надлежните министерства побара платите на вработените во училиштата, градинките и во културните институции да се зголемат, да се укинат казните...

СОНК: Ако до крајот на годината не се најде решение, ќе штрајкуваме

СОНК ќе ја активира одлуката за генерален штрајк во образованието и во културата ако до крајот на оваа календарска година не се најдат конкретни решенија, рече на денешната прес-конференција претседателот Јаким Неделков. - Од 1 до 18 јануари, кога е период на зимски распуст на учениците, уште во првата недела Советот на СОНК ќе има седница, на која детално ќе разговара...

Педесет наставници од Штип реагираат на казните

Педесетина наставници од Штип до училишните одбори поднеле приговори поради пониските оценки од интерното оценување. Тие реагираат затоа што со тоа ќе добијат и плата пониска за 3.000 денари. Најмногу приговори, 34, се во ОУ „Ванчо Прке“, каде повеќе од половината наставници, на внатрешното оценување добиле оценки со кои е предвидена и казна. Тие тврдт дека членовите на  училишната комисија, поради непознавање...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...