недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: солзавец | 44 резултати

Петнаесет полицајци се повредени во судирот со мигрантите на границата

април 10, 2016

Вкупно 15 полицајци се повредени, од кои четири посериозно, по судирот на полицијата со бегалците на македонско-грчката граница. Од МВР информираат дека нападите биле повремени, а мигрантите што се обидувале нелегално да ја поминат границата, употребувале сила. Кон полицијата фрлале камења и тврди предмети. Материјалните штети сè уште се пребројуваат, а во неколкуте напади кон […]

Тројца полицајци повредени во судирот со мигрантите

април 10, 2016

Тројца припадници на полицијата се повредени во судирот што попладнево се случи на македонско-грчката граница, меѓу припадниците на МВР и група мигранти кои насилно се обиделе да ја преминат границата, потврдија за „Мета“ од МВР. Полицајците биле итно префрлени во медицинскиот центар во Гевгелија. Претходно, полицијата фрли солзавец за да ја расчисти групата бегалци што протестираа на оградата […]

Солзавец и протести на македонско-грчката граница

април 10, 2016

Македонската полиција фрли солзавец за да ја расчисти групата бегалци што протестираа на оградата кај Идомени. Грчките медиуми јавуваат дека дел од бегалците се онесвестени и имаат проблеми со дишење поради инцидентите. Бегалците од изутринава повторно протестираат на оградата со барање да се отвори границата. Во кампот вчера се проширил леток на арапски јазик, преку кој бегалците се […]

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на протестите во Франција

април 10, 2016

Десетици илјади лица излегоа на улиците во повеќе француски градови на протести против реформите во областа на трудот и социјалната политика. Граѓаните што протестираа сметаат дека со реформите на компаниите ќе им биде олеснето да отпуштаат вработени, со што се загрозуваат правата на работниците. Протести беа организирани во десетици градови. За да ги разбие демонстрантите, полицијата употребила солзавец […]

Косовската опозиција повторно фрли солзавец во собранието

март 10, 2016

Косовската опозиција со солзавец прекина уште една редовна седница на собранието на Косово. Откако Аљи Бериша положи заклетва за нов пратеник, на местото на лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, кој претходно поднесе оставка, опозиционерите почнаа со раце да удираат по маса, а потоа активираа солзавец. Прогласена е 10-минутна пауза.

Солзавец и водени топови врз работниците на турскиот медиум „Заман“

март 5, 2016

Полицијата подигна ограда и стражари пред најтиражниот турски весник „Заман“ во Истанбул, по што употребила солзавец и водени топови за да влезе во просториите и на сила да го спроведе судскиот налог за именување на нови администратори кои ќе го уредуваат весникот. На овој начин турските власти сакаат да ја преземат контролата врз овој медиум кој […]

Инцидентот на границата ја врати Македонија во светските медиуми

март 1, 2016

Вчерашниот инцидент на македонско-грчката граница, кога илјадници мигранти се обидоа да ја урнат жичената ограда и да влезат во земјава, на што полицијата реагираше со солзавец за да ги одврати од намерата, повторно ја врати Македонија во фокусот на светските медиуми и новински агенции. Поголемиот дел од нив известуваат прилично објективно, но имаше и такви кои сакаа […]

Еден полицаец и девет мигранти повредени во инцидентите на границата – ситуацијата под контрола

февруари 29, 2016

По инцидентот во кој бегалците во знак на револт почнаа да фрлаат со камења и урнаа дел од жичената ограда на грчко-македонската граница, илјадници мажи, жени и деца седнати на железничката линија попладнево продолжија со протестот и со барањата македонската полиција да ги пропушти за да го продолжат патот кон Западна Европа. Во инцидентите, за чие […]

На изборот на претседател на Косово, опозицијата фрли солзавец во Собранието

февруари 26, 2016

Седницата на косовскиот парламент на која се избираше претседател на Косово, бргу беше прекината бидејќи опозицијата активира солзавец. Истовремено, пред зградата на владата и пред собранието на Косово, повеќе од десетина припадници на косовската полиција формирале кордон, настојувајќи да го спречат судирот на демонстрантите со поддржувачите на лидерот на Демократската партија на Косово на Хашим […]

Полицијата во Париз со солзавец ги растеруваше курдските демонстранти

февруари 8, 2016

Повеќе од стотина курдски демонстранти се судрија денеска со полицијата пред амбасадата на Турција во Париз. Нередите настанале откако полициските сили се обиделе да ги растераат курдските политички активисти собрани околу амбасадата. Демонстрантите ги гаѓале полициските автомобили со камења и со други предмети, а полицијата употребила солзавец за да ги растера. Демонстрантите протестирале поради воените […]

Нереди и солзавец на антивладините протести во Приштина

јануари 9, 2016

Антивладини демонстранти се судриле со полицијата за време на денешниот протест во Приштина, на кој лидерите на косовските опозициски партии порачале дека не ја прифаќаат заедницата на српски општини, демаркацијата на граничната линија со Црна Гора и дека бараат оставка на косовската влада. Нередите, како што пренесуваат српските медиуми, настанале по завршувањето на обраќањата на […]

Косовската опозиција употреби солзавец во Собранието

декември 14, 2015

Косовската опозиција повторно активирала солзавец во салата на Собранието кога претседателот на институцијата, Карди Весељи, побара од опозицијата да се изјасни дали сака да присуствува на денешната пленарна седница. Кога солзавецот беше активиран, тој изјави дека опозицијата „повторно себеси се исклучува од работата на Собранието“, прогласи пауза и го повика претседателството на парламентот на состанок. […]

Протести во Истанбул по убиството на про-курдскиот адвокат Тахир Елчи

ноември 28, 2015

Над 2.000 луѓе попладнево се собрале во центарот на Истанбул на протестти поради убиството на истакнатиот про-курдски адвокат Тахир Елчи, кој беше застрелан денеска во градот Дијарбекир, на југоистокот на Турција, јавуваат светските медиуми. Бројот на демонстранти кои пристигаат во центарот на Истанбул, како што пренесува „Раша тудеј“ постојано се зголемува, а полицијата се обидува […]

Опозицијата повторно употреби солзавец во Собранието на Косово

октомври 15, 2015

Косовската опозиција повторно употреби солзавец во Собранието на Косово и така и денеска ја оневозможи редовната седница. Во моментот на почетокот на седницата на Собранието, пратениците на опозицијата излегле пред говорницата и потоа го активирале солзавецот. Претседателот на Собранието, Кадри Весељи, го оцени овој чин како срамен и најави пауза. Инцидентот се случи иако собраниското […]

Во Словенија илегално влегле 1.100 мигранти

септември 19, 2015

Словенечката полиција соопшти дека утрово, од Хрватска во Словенија илегално влегле повеќе од 1.100 бегалци. Тие биле сместени во прифатните центри, јавува словенечката агенција СТА. Според словенечките официјални лица, оваа бројка на бегалци не е конечна. Исто така, десетици бегалци се повредени синоќа, кога словенечката полиција фрлила солзавец врз групата бегалци кои се обиделе да го […]

Германија: Полицијата употреби солзавец на демонстрантите

август 22, 2015

Германската полиција испукала солзавец на неколку стотини демонстранти кои фрлале шишиња и камења на автобусти полни со азиланти, кои утринава пристигнаа гратчето Хајденау, на истокот на Германија. Синоќа неколку стотина лица одржаа мирен протетест во градот Хајденаи, во близина на Дрезден, во знак на протест поради очекуваното пристигнување на 250 бегалци кои треба да бидат […]

„Асошијетед прес“: Шок-бомби и повредени мигранти на границата

август 21, 2015

Најмалку осум лица се повредени откако македонската полицијата употреби шок-бомби и солзавец за да ги смири неколкуте илјади мигранти кои се заглавени во безграничниот простор меѓу Македонија и Грција, јавува новинската агенција „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на информации од грчката полиција. Странските агенции јавуваат дека толпата од околу 3.000 лица, кои ја минале ноќта под […]

Полицијата употребила солзавец против група мигранти на македонската граница

август 21, 2015

Припадници на македонската специјална полиција употребилe солзавец за да ги потиснaт мигрантите кои се обиделе да влезат од граничната зона во Македонија, јави новинската агенција Ројтерс, пренесува „Радио Слободна Европа“ Македонската влада вчера прогласи кризна состојба и ја затвори јужната граница за мигрантите, главно Сиријци кои доаѓаат од Грција. Тие ноќта ја минале на отворено на […]

Индиската полиција ќе користи дронови со солзавец на протести

април 9, 2015

Полицијата од Лукнау, град во северниот дел на Индија, користи ново оружје за справување со насилните демонстранти – дронови со солзавец. Јашави Јадав, шеф на полицијата во Лукнау, соопшти дека неговите полицајци извршиле усшено пробно летање на дроновите, кои се обезбедени за поефикасно да се контролира масата. – Резултатите се брилијантни. Успеавме да научиме како прецизно да […]

Масовни протести во Брисел поради мерките за штедење, полицијата употреби солзавец

ноември 6, 2014

Белгиската полиција употреби солзавец и водени топови во судирот со демонстрантите кои денеска протестираат во главниот град Брисел, пренесуваат светските медиуми. На улиците на Брисел, на протести излегоа најмалку сто илјади луѓе, кои се против владините реформи за слободен пазар и мерките за штедење. Според демонстрантите, реформите ги поткопуваат принципите на Белгија како социјална држава. […]

Страна 2 од 2