fbpx
Таг: Софија

таг: Софија

Ковачевски и Петков: Да оствариме напредок во пријателството, наместо национализам и говор на омраза

Со изразена политичка волја и за кратко време двете влади ја организираа заедничката седница како уште еден значаен исчекор кон решенија од заеднички интерес и кон придобивки за нашите народи, нагласи македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на почетокот на пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница на владите на Бугарија и Северна Македонија. Заедничката владина седница почна претпладнево во резиденцијата „Бојана“ на...

Во протестите против ковид мерките во Софија повредени девет полицајци

Девет полицајци повредени и двајца уапсени демонстранти е епилогот на протестите вчера попладне пред објектот на бугарското Народно Собрание, кога противниците на ковид-мерките и пратеници на партијата „В'зраждане“ (Преродба) се обидоа неколку пати да влезат во бугарскиот парламент, јави Бугарската национална телевизија. Со остра осуда за насилствата и за навредите и нападите врз новинари се огласија владејчката партија „Продолжуваме со...

Еврокомесарот Вархеји денеска во Бугарија ќе разговара со Радев и Стоев

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска ќе биде во посета на Бугарија, јави Бугарското национално радио (БНР), повикувајќи се на ЕУ. Предвидено е Вархеји да се сретне со претседателот Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев. Други детали не се објавени, но БНР, повикувајќи се на упатени извори, вели дека целта на посетата и разговорите е...

Напорите на претседателот Радев за формирање нова влада на Бугарија досега без резултат

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска организираше втор круг консултации со политичките партии застапени во парламентот на Бугарија, во обид да се формира нова редовна влада, јавија бугарските медиуми. Во моментов со Бугарија управува техничка влада што Радев ја формираше по избориет во април годинава, кога ниту една партија не успеа да формира влада. Потоа беа закажани уште едни, вонредни,...

Некогаш царска, Софија сега живее и „се вози“ во 21. век (репортажа)

Според многумина „главната“ софиска улица „Витоша“, односно како што многу почесто ќе чуете од софијанци „Витошка“, во вечерта на денот кога официјално беше соопштено дека во Бугарија пристигнал особено опасниот „индиски“ сој на корона вирусот не оддаваше впечаток дека се случува нешто невоообичаено, а не пак дека во земјата стасала нова опасна закана. Во четвртокот вечерта „Витошка“, која, ако сакате...

Заев и Борисов од Софија: Минатото треба да биде поттик за решенија за актуелната ситуација меѓу С. Македонија и Бугарија

Премиерот Зоран Заев денеска ги започна активностите во рамките на работната посета на Република Бугарија, со средба со претседателот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, информираат од владината прес-служба. На средбата, на која присуствувал и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, беше изразена желбата со нова динамика да продолжи поддршката на евроинтеграциските процеси на...

Заев, Димитров и Османи денеска во Софија, од таму вчера повторно задува студен ветар

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се во официјална посета на Бугарија, и во Софија ќе разговараат со бугарскиот претседател Румен Радев, со техничкиот премиер Стефан Јанев, но и со претставници на поголемите политички партии во Бугарија, која за неполн месец ќе одржи парламентарни избори. Посетата доаѓа пред...

Османи-Борисов: Двете држави треба да се подготват за преговори, за разум, а не за емоции

Министерот за внатрешни работи Бујар Османи денеска на социјалните мрежи сподели фотографии од непланирана средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов на софискиот аеродром. Од Министерство за надворешни работи информираат дека средбата минала во исклучително пријателски тон, на која биле отворени темите за билатералните односи, внатрешно-политичките случувања во двете земји, како и европските перспективи на Република Северна Македонија и целиот регион. „Добрососедските...

Владата на Бојко Борисов го преживеа гласањето за недоверба

Бугарската конзервативна влада денеска го преживеа гласањето за недоверба, што беше побарано од опозициските социјалисти, кои го обвинуваат кабинетот на премиерот Бојко Борисов за неспособност да ја искорени ендемската корупција и поврзаноста со олигарсите и мафијата. Иако илјадници Бугари протестираат во Софија против владата на Борисов речиси две недели, сепак, предлогот за изгласување недоверба го отфрлија 124 од 237...

Софија до крајот на август ќе ја стави во функција третата линија на метрото (галерија)

Бугарскиот главен град до крајот на август 2020 година ќе ја пушти во функција третата линија на софиското метро. Линијата ќе биде долга 12 километри, ќе има 12 метро станици и ќе ги поврзува југозападниот со североисточниот дел на градот. Вкупната вредност на проектот изнесува 480 милиони евра. Изградбата на третата метро линија започна на почетокот од 2016 година,...

Бечев: Реториката на бугарската власт ќе го засили ВМРО-ДПМНЕ

Одговарајќи на познатата реторика во политичкиот и медиумскиот простор во Бугарија во изминативе неколку седмици, за зовриениот котел со прашањето на националниот идентитет на Македонците, за македонскиот јазик и за Гоце Делчев, познатиот професор и аналитичар Димитар Бечев во колумна за Радио Слободна Европа на бугарски јазик порачува дека диктатот на Бугарија кон Северна Македонија од позиција на сила...

Измамници во Софија се обидуваат да извлечат пари со лажни „решенија“ за казни за паркирање

Градоначалничката на Софија, Јорданка Фандкова, преку својата Фејсбук-страница денеска извести дека засега непознати измамници се обидувааат да извлечат пари од граѓани со лажни „решенија“ за глоби поради неправилно паркирање. „Решенијата“ се мошне квалитетно направени, изгледаат слично како други официјални документи, а на нив стои дека ги издала администрацијата на Град Софија и имаат дури и печат. На на нив е...

„Смехотресна“ сапуница на српски „Информер“ за односите Скопје – Софија

Српскиот медиум „Информер“, на своето он-лајн издание неодамна објави текст со спинерско-„забавна“ содржина за односите меѓу Скопје и Софија. Текстот се појави по веста на српското издание на мултимедијалниот руски „Спутник“, кој преку соговорник од Софија тврдеше дека Северна Македонија имала територијални претензии кон западна Бугарија, а за што впрочем, на „Мета“ и на „Вистиномер“ беше објавена рецензија. Веста накратко...

Македонски интелектуалци ниту на сон не би побарале Софија да му поставува услови на Скопје

„Македонски учени настояват София да постави условия на Скопие преди подкрепата за ЕС“ (Македонски интелектуалци настојуваат Софија да постави услови на Скопје пред поддршката за ЕУ) беше насловот со кој во вторникот вечерта бугарскиот новински сајт „actualno.com“ го пласираше текстот за една од вестите на денот во Бугарија - дека „Македонскиот научен институт“ од Софија изнел осум задолжителни услови...

Бугарија сака да гради автопат од Софија до бугарско – македонската граница

Бугарија би сакала Софија и Скопје во иднина да се поврзани со автопат и со брза железница. Забрзаната изградба на паневропскиот Коридор 8 е од особено значење за Бугарија, изјави денеска бугарската министерка за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова. Таа денеска беше во посета на Скопје, каде со министерот за локална самоуправа Горан Милевски го потпишаа Меморандумот за...

МПЦ и БПЦ папата го примаат само како обичен верник

Наспроти огромниот ентузијазам и напорите што властите и во Бугарија и во Македонија ги демонстрираа околу посетата на поглаварот на Католичката црква, папата Франциск, неговите „колеги“ во обете земји го примаат безмалку како најобичен верник. Така, иако тој беше примен од Светиот синод на Бугарската православна црква, при што патријархот и митрополитите го пречекаа како секуларен водач, одбивајќи со него...

Српски медиуми погрешно го претставуваат Каракачанов како официјална Софија

Во анализа под наслов „Скопје и Софија во клинч: Тензиите се сè поголеми, Бугарија и порачува на Македонија дека провоцира и дека македонскиот јазик НЕ ПОСТОИ“ oбјавена денеска, претставувајќи ги најновите искрења во македонско-бугарските односи, српскиот весник „Блиц“  сосема погрешно со насловот го поистовети бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов со целата власт на Бугарија и со целата...

Како Софија се бори со загадувањето: Данокот за возила ќе се плаќа според еко-стандардите

Софија вчера го пушти во употреба онлајн-калкулаторот со кој сите жители-сопственици на возила ќе може да пресметаат колкав годишен данок ќе платат за своето возило врз основа на новововедената законска одредба за еко-стандардот. Бугарскиот парламент на 7 ноември годинава ги донесе долгонајавуваните измени, со кои воведе повисок данок за старите автомобили и камионети со вкупна тежина до три и пол...

Папата Франциск на 7 мај ќе ја посети Македонија

Владата соопшти дека Папата Франциск ќе ја посети Македонија на 7 мај следната година, откако бил поканет од државната власт. Засега со сигурност се знае дека римокатоличкиот поглавар ќе го посети Скопје, родниот град на света Мајка Тереза. За останатите детали од посетата, Владата ќе инфомира кога ќе се прецизираат деталите. Папата Франциск во Македонија ќе стаса од Бугарија, каде ќе...

Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов одбил да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во закажаниот термин утре претпладне, а средбата ја откажала и бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, со образложение дека бугарската влада не сака да биде вмешана во внатрешнополитичките дебати во Скопје, јави бугарската агенција „Фокус Њус“. Потегот следи откако вчера претпладне Иванов по само...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...