fbpx
Таг: собир

таг: собир

Штипјани со иницијатива за одбрана на градскиот парк

Граѓаните на една од најголемите штипски населби, 8 Ноември, на Денот на ослободувањето на градот кажаа „не“ на преполовувањето на паркот и на изградбата на две згради. Двете парцели за кои станува збор се наоѓаат на атрактивен простор веднаш до градскиот стадион. Првата парцела летото беше продадена на локален бизнисмен за околу 60.000 евра, а на неа ќе се гради деловен центар. Втората...

Порака од „Ајде“: Не даваме безрезервна поддршка на обвинителката

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ од 18 часот пред Собранието на Република Македонија го почна настанот за поддршка на специјалниот јавен обвинител. Оттаму велат дека граѓаните на Република Македонија целосно се посветени и истрајни во битката за правда, слобода и за демократија, а тоа треба да му биде јасно на специјалниот јавен обвинител. - Многу тешка задача има специјалната јавна обвинителка. Ќе треба да...

„Ајде“ со мирен собир ќе му даде поддршка на специјалниот јавен обвинител

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ утре, во 18 часот, пред Собранието на Република Македонија, ќе организира мирен собир со кој ќе му даде поддршка на специјалниот јавен обвинител, но и јавно ќе ги соопшти очекувањата. „Ние, граѓаните на Република Македонија, целосно сме посветени и истрајни во битката за правда, слобода и за демократија. Ова треба да му биде јасно на специјалниот јавен...

Тешко е, но Македонија покажа огромна солидарност и хуманост кон бегалците

Изминативе неколку месеци сме сведоци на огромна солидарност и хуманост што ја покажаа македонските граѓани кон бегалците кои ги напуштиле своите домови. Навистина е тешко она што се случува на граничните премини, но Македонија е многу повеќе од бруталноста на полицијата. Ова го изјави активистката Мерсиха Смаиловиќ на денешниот собир за солидарност со бегалците. - Според мене, бегалците се благослов, затоа...

„Средношколски пленум“ повика на јавен собир на 1 септември

Повик до сите граѓани, за јавен собир, во паркот на новинарите, наспроти Министерството за образование на 1 септември во 18 часот упатија членовите на „Средношколски пленум“. Пленумци велат дека повторно се враќаат да ја извојуваат битката која што ја започнаа минатата година. „Се надеваме дека Министерството овој пат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува. За таа цел...

Полицијата за утре забрани собири во Белград

Сите седум собири што се пријавени во Белград за утре, кога се одбележува годишнината од страдањата во Сребреница, се забранети. Собирот наречен „7.000“ први го пријавија од групата НВО, а потоа контрамитинг пријавиле и десничарските организации. И Војислав Шешељ ги повика партиските симпатизери да се придружат на групата учесници на митингот „7.000“, но со четнички симболи и знамиња.

Јакимовски и Цветановски ја повикаа опозицијата да се врати во Собранието

Големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ почна со извиците „Никола Никола“ и со македонската химна, отпеана од поп-пејачката Калиопи. По химната, со едноминутно молчење се оддаде почит на загинатие полицајци во Куманово. Прв говорник беше професорката Виолета Ачковска од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). - Овие денови се видени во 2001 година со безмалку истите актери. Се активира планот Б за украинската...

Граѓани со песни и со знамиња се упатуваат кон плоштадот Пела

Неколку илјади граѓани, предводени од политичари, се движат кон плоштадот Пела, каде сè е подготвено за народниот собир „Македонија силна“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој треба да почне во 20 часот. Во колоните се пее песната „Земјо македонска“. На собориот се очекува да се обрати премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и уште неколку говорници. Пред Порта „Македонија“ поставена е голема бина,...

Твитер-реакции: Денеска ја видовме желбата за слобода

Протестот „Граѓаните за Македонија“, кој помина мирно и без инциденти, наиде на поддршка од твитер-заедницата. Слики и објави со информации и со цитати од говорите на излагачите се твитаа во реално време. Таман ќе си речеш ах колку убав народ живеел тука и утре ќе го видиш грдото лице на Македонија #протестирам #Доаѓаме #долувлада — kiki box (@box_kiki) May 17, 2015 Има разлика...

Груевски: Ќе ја промениме локацијата на собирот в понеделник

Нема да дозволиме насилство на протестот што ќе го организираме, истакна денеска премиерот Никола Груевски на гостувањето во дневникот на телевизија „Сител“. - На разговорите во Клубот на пратениците пред некој ден, Никола Попоски го замоли Заев ако може в понеделник, тие што планира да ги остави во шатори, неколку часа да се дислоцираат, бидејќи ние таму го планиравме протестот - за да...

Битола, Прилеп и Охрид порачаа дека се заедно со тие што нè чуваат

Неколку илјади битолчани се собрани на Широк сокак пред Офицерскиот дом со македонски знамиња, но и со знамињата од Кутлеш за да дадат поддршка на полицијата. Во Битола на чело собирот е преспанско-пелагонискиот владика г. Петар, во придружба со неколку свештеници и на градоначалникот на Битола, Владимир Талески. - Ќе направиме еден марш низ најубавата улица на Балканот за да дадеме поддршка...

Мирни собири во 23 града за благодарност и за поддршка на безбедносните сили

Мирни собири за поддршка на македонската полиција се најавени денеска во 19 часот, во 23 градови низ Македонија, со кои граѓаните сакаат да се заблагодарат за патриотизмот и за професионалноста на полицијата во одбраната на државата. Од друга страна, Граѓанското движење „Протестирам“ организира протести секој ден, во 18 часот, пред Владата и бара мир, правда, демократизација на институциите и оставка...

Мирен собир пред Владата, се делеа цвеќиња и се палеа свеќи во чест на загинатите полицајци

Граѓани и активисти вечерва, на вториот ден на жалост, одржаа мирен собир пред Владата, со кој оддадоа почит на загинатите полицајци во вооружениот судир во Куманово. Тие пред Владата се собраа со цвеќиња и со запалени свеќи. Дел од активистите со креди ги напишаа имињата на загинатите полицајци, а потоа ги оставија цвеќињата и свеќите запалени во нивна чест. Дел од...

СДСМ од Велес: Да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија

Социјалдемократскиот сојуз на Макеоднија вечерва одржа марш, а потоа и собир со велешани, пред кои се обрати лидерот на партијата, Зоран Заев, во рамките на проектот „Вистината за Македонија“. Претходно, дел од раководството на СДСМ имаше средби со граѓаните на Велес. - Придружете се, во заедничка битка да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија - ги повика велешани заменик-претседателката на...

Груевски од Прилеп: Си ги знаеме маните, но ваков СДСМ не ни е алтернатива

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, денеска се обрати на народниот собир што ВМРО-ДПМНЕ го организираше во Прилеп. Груевски на почетокот од говорот истакна дека градоначалникот Марјан Ристески во соработка со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, сработил повеќе од 400 проекти во овој град. Пред насобраните граѓани потоа говореше за лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за кого кажа...

Груевски од Тетово: Ова е политичка, а не е битка за живот или смрт

„Народот е помудар од Заев и од неговата група, а ние со чисто срце ќе се бориме за секој еден граѓанин и ќе работиме уште повеќе. Ни направија една дополнителна мотивација, за правење мерки и проекти за нашиот народ во сите сегменти за да обезбедиме повеќе услови за подобар живот“, рече денеска премиерот Никола Груевски на народниот собир во Тетово. -...

Народен собир на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ денеска, во 13 часот, ќе одржи народен собир во Teтово, во спортската сала на Медицинското училиште „Никола Штејн“. На собирот ќе се обрати претседателот на партијата, Никола Груевски, и други членови на високото раководство на партијата. Настанот е дел од караванот на големи собири на владејачката партија низ целата земја, на кои партиското раководство порачува дека нема да дозволи никакви црни...

СДСМ: Каде беа вчера штипјани?

Во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, вчера беше цела Македонија, но најмалку луѓе од Штип, рече на прес-конференција општинскиот лидер на СДСМ, Владимир Милошев. Според Милошев, на вчерашниот таканаречен „сенароден собир во Штип“, ВМРО-ДПМНЕ доживеа уште едно големо фијаско. - Во градот пристигнаа четириесетина автобуси, а во салата имаше сè освен штипјани - изјави Милошев, според кого, ова е резултат на...

Студентски собир пред Архитектонски факултет во Скопје

Студентите уште еднаш го повторија својот став дека не го сакаат новиот тест на факултетите
Стотина студенти синоќа се собраа пред Архитектонски факултет во Скопје, на третиот Студентски пленум, на кој се разговараше за најавата од Министерството за образование да воведе екстерно тестирање во високото образование, пренесе „Радио МОФ“. Под мотото „Не ведни глава, придружи се!“, студентите уште еднаш го повторија својот став дека не го сакаат новиот тест на факултетите. Дискусијата на студентите се задржа на две...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...