fbpx
Таг: случај Труст

таг: случај Труст

СЈО подготвува одговор на жалбата на Додевски за притворот на Кочан

Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе одговор на жалбата на адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, на решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на Кочан да му биде одредена мерка притвор, велат за „Мета“ од СЈО. Оттаму информираат дека денеска ја добиле жалбата на одбраната на Кочан и дека во рок од 24 часа ќе поднесат одговор на...

Судот му одреди притвор и издаде потерница по Сеад Кочан

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство и му одреди притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е еден од тројцата осомничени во случајот „Труст“ на СЈО, потврдија за „Мета“ од судот. Од судот велат дека е издадена и потерница по Кочан. Кривичниот совет на судот го прифатил образложението на жалбата на СЈО, односно дека ако...

СЈО ја обжали одлуката на судот за (не)притворот на Кочан

Специјалното јавно обвинителство денеска поднело жалба на решението на судијата на претходна постапка со која го отфрли барањето на СЈО да му биде определен притвор на првоосомничениот во предметот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, соопштија попладнево од канцеларијата на Катица Јанева. Според Законот за кривична постапка, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 има рок од 48 часа да одлучи по...

Нема притвор за Кочан, за Авировиќ мерки за претпазливост

Сопственикот на „Трансмет“ и на телевизија „Нова“, Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“, ќе се брани од слобода. Судија на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство на Кочан да му биде одредена мерка притвор. На осомничениот Василије Авировиќ, пак, наместо притвор, како што побара СЈО, судот му одредил мерки за претпазливост. - Во однос на лицето С.К., по...

Нухиу побарал дисциплинска постапка против началникот на СВР Охрид за заканите до СЈО

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, побарал дисциплинска постапка против началникот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Гоце Недески, во врска со заканите кон обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, кажани во негово присуство, јавува порталот „СДК“. Во постапката што ја побарал Нухиу, се истражуваат и елементи за сторено кривично дело од страна на началникот на СВР Охрид. „Пред две недели добив...

Осомничените во „Труст“ писмено ќе се канат да дојдат на распит за притворот

Барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на двајца од тројцата осомничени во новата истрага „Труст“ вчера стигнале во Кривичниот суд во Скопје, но засега нема информации кога тие ќе се појават на распит пред судија на претходна постапка. Според членот 294 од Законот за кривична постапка (ЗКП) „судијата на претходната постапка е должен без одлагање“ да го разгледа...

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Заев е во паника, СЈО се активира со фабрикувани случаи

Секогаш кога Заев е во паника, се активира СЈО, велат од ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство, на која беше објавено отворањето на новата истрага „Труст“. Од партијата велат дека лидерот на СДСМ е исплашен оти знае дека нема да помине реализацијата на платформата од Тирана и затоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева излегува на прес-конференција, за да...

СЈО отвори случај „Труст“ за добивање милионски тендер од ЕЛЕМ

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори нова истражна постапка „Труст“, од која, како што соопшти на прес-конференција јавната обвинителка Фатиме Фетаи, може да се види „до каде одела борбата со конкуренцијата за добивање тендер“. Станува збор за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Доставувајќи фалсификувани...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...