fbpx
Таг: случај Сопот

таг: случај Сопот

СЈО го достави разговорот на Мијалков и на Јанкулоска како доказ во случајот „Сопот“

Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште за случајот „Сопот“, на судот му предаде цеде со телефонски разговор помеѓу поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како дополнителен доказ во постапката за овој предмет. Како дополнителен доказ за повторното судење за „Сопот“, СЈО достави и аудиоснимка од разговор со сведокот...

Рочиштето за „Сопот“ повторно одложено, следното закажано на 18 октомври

Денешното рочиште од судењето за случајот „Сопот“ беше одложено, а следното судот го закажа за 18 октомври. Денешното рочиште беше одложено на барање на одбраната на десеттемина обвинети поради промена на судиите во кривичниот совет и поради тоа што обвинението за случајот сега го застапува Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, се согласи со барањата на одбраната, но...

Рочиштето за „Сопот“ одложено, судијката била на службено патување

Рочиштето за случајот „Сопот“, прво откако предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство, е одложено бидејќи судијката, Дијана Груевска-Илиевска, што го води предметот била на службено патување. Судот, го презакажа рочиштето за 9 октомври. Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, изјави дека очекува судењето да почне што побргу, бидејќи веќе неколку години се одложува, но не сакаше да открие со какви аргументи...

ОЈО за организиран криминал му го предаде на СЈО случајот „Сопот“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска му го предало случјот „Сопот“ на Специјалното јавно обвинителство, кое треба да утврди и да се произнесе дали е надлежно за овој случај. Колегиумот на Јавното обвинителство за организиран криминал ја донел одлуката откако вчера добил известување од Советот на јавни обвинители, во кое немало децидна одлука дали случајот треба...

Кои се судиите кај кои се распределени обвиненијата на СЈО?

По обвиненијата што Специјалното јавно обвинителство денеска ги поднесе во Кривичниот суд ќе одлучуваат судии кои веќе судат предмети на СЈО, како и нивни колеги кои работеле или сè уште работат на големи случаи, како „Монструм“, „Сопот“ и „Диво Насеље“. Како што информираше Кривичниот суд, случаите „Тарифа“, „ТНТ“ и „Траекторија“ се распределени кај судијките Лидија Петровска и Татјана Михајлова. Лидија Петровска,...

СЈО: Имаме законска обврска да го бараме „Сопот“ зашто произлегува од „бомбите“

Специјалното јавно обвинителство има законска обврска да го побара случајот „Сопот“ бидејќи е поврзан со содржината и со кривичните дела што произлегуваат од еден од прислушуваните разговори кој беше јавно објавен, соопштија денеска од кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. „Како што и претходно појаснивме, врз основа на јавно објавен разговор, побаран е предметот познат во јавноста како „Сопот“, а...

Дали СЈО ќе го добие „Сопот“, ќе одлучува Советот на јавни обвинители

Дали Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ќе ѝ го достави на Катица Јанева предметот за случајот „Сопот“, ќе зависи од Советот на јавни обвинители. Од Обвинителството за „Мета“ потврдија дека го добиле барањето на СЈО, но се обратиле до Советот на јавни обвинители и побарале од него да се произнесе околу тоа дали предметот треба да...

СЈО го побара случајот „Сопот“ од Обвинителството за организиран криминал

Специјалното јавно обвинителство на 4 неомври од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побарало да му го достави предметот за случајот „Сопот“, соопштија денеска од СЈО. „Предметот е побаран за да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации“, стои во соопштението од кабинетот на Јанева. Инаку, станува...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...