вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: случај Шпион | 16 резултати

Двајца обвинети во случајот „Шпион“ пуштени од притвор

септември 27, 2016

Двајца обвинети во случајот „Шпион“, Миќо Насковски и Цветан Дамјановски, вчера доцна попладне биле пуштени од притвор, информираат од Основниот суд Скопје 1. Како што информираат од Кривичниот суд, Апелацискиот суд во Скопје доставил решение со кое на Насковски и на Дамјановски им се укинува мерката притвор. На последната јавна седница, СЈО ги презентираше своите […]

Демократскиот сојуз бара ново судење на обвинетите во случајот „Шпион“

септември 5, 2016

Демократскиот сојуз бара повторно судење на 18 обвинети во случајот „Шпион“, бидејќи на тој начин, како што велат од партијата, ќе можат да се преоценат доказите и обвинувањата во целина. „Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го презеде случајот „Шпион“ и сигурно за тоа има и правна основа, но и цврсти докази и сомнежи дека Јавното обвинителство […]

Одложено судењето на новинарот Зоран Божиновски

септември 1, 2016

Кривичниот суд денеска го одложи рочиштето од судењето на новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“, јавува „Нова ТВ“. Судијката Александра Крстиќ посочи дека иако судот поднел барање до Апелацискиот да се достават сите доказни материјали поврзани со предметот, сè до почнување на денешното рочиште Апелацискиот суд не го направил тоа. Судијката Крстиќ рече дека токму поради […]

ЗНМ в четврток ќе протестира за ослободување на новинарот Зоран Божиновски

август 29, 2016

Пред Основниот суд Скопје 1, Здружението на новинари на Македонија ќе протестира  на 1 септември, за кога е закажано првото рочиште на новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“. „На 22 август, управниот одбор на ЗНМ усвои одлука на 1 септември да организира протест пред Основниот суд во Скопје, кога се очекува да се одржува првото судско рочиште од […]

Советот на јавни обвинители ќе каже дали СЈО е надлежно за случајот на Зоран Божиновски

август 22, 2016

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција чека насоки од Советот на јавни обвинители за предметот во кој обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена е Зоран Божиновски, а е дел од случајот „Шпион“, информираат од службата за односи со јавноста на јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја […]

СЈО бара да го преземе случајот за Зоран Божиновски поврзан со „Шпион“

август 11, 2016

Специјалното јавно обвинителство денеска испратило барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за преземање во своја надлежност на случајот против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски. „Ова Јавно обвинителство денеска достави барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за доставување на предметот против […]

Судот му го продолжи притворот на Зоран Божиновски за нови 30 дена

јули 19, 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прифатил барањето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и му го продолжил притворот на новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, за нови 30 дена, соопшти попладнево Кривичниот суд. Обвинителството вчера до судот поднесе обвинителен акт, според кој Божиновски се товари за […]

СЈО е подготвено да се произнесе за „Шпион“, седницата на Апелација повторно одложена

јули 19, 2016

Јавната седница во Апелацискиот суд за случајот „Шпион“, на која денеска требаше да се разгледуваат жалбите на обвинетите, повторно беше одложена. Судијката Љиљана Ивaновска-Шопова, која претседавата со Советот, денеска, како што пренесува „Академик“, прочитала известување од Специјалното јавно обвинителство, кое ја презеде надлежноста врз предметот, во кое било наведено дека тие се подготвени да се […]

Поднесено обвинение против Зоран Божиновски за шпионажа

јули 18, 2016

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција по спроведената истражна постапка, денеска до Основниот суд Скопје 1 поднело обвинителен акт против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски. Божиновски, како што информираат од Обвинителството, се товари за злосторничко здружување, шпоинажа и за уцена. Обвинителството, исто така, побарало судот да му го продолжи […]

Зоран Божиновски синоќа екстрадиран во Македонија

април 22, 2016

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, кој вчера беше уапсен во Нови Сад, синоќа околу 21.30 часот бил екстрадиран во Македонија, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). – Постапката беше завршена синоќа околу 21.30 часот. Неа ја спроведува Министерството за правда, а МВР беше известено за постапката – ни рекоа […]

Новинарот Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад, се чека негова екстрадиција во земјава

април 21, 2016

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, денеска бил уапсен во Нови Сад, по налог на српското министерство за правда. Против него во ноември 2013 година беше издадена потерница како осомничен во случајот „Шпион“. Од македонското Министерство за правда за телевизијата „Телма“ потврдиле дека кај нив веќе стигнало решението за негова екстрадиција во земјава, […]

СЈО го презема случајот „Шпион“

март 25, 2016

Претставник од Специјалното јавно обвинителство, на денешното рочиште на Апелацискиот суд на кој се разгледуваше жалбата на осудените во случајот „Шпион“, рече дека предметот во своја надлежност го презема СЈО, пренесува „Нова ТВ“. Во случајот „Шпион“ се обвинети 19 луѓе, меѓу кои првообвинет е поранешниот разузнавач Марјан Ефремов, кој е осуден на 15 години затвор […]

Страна 1 од 1