недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: случај Пуч | 49 резултати

Верушевски до Иванов: Моето влијание во службите никогаш не било поголемо од денес

јуни 25, 2016

Моето влијание во разузнавачките служби никогаш не било поголемо од денес, стои во реакцијата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов, дадена во дел од интервјуто за „Дневник“. „Хорхе во „Дневник“ ме споменува – би сакал да му одговорам со една реченица: Иванов ја […]

Апелација: Судењето за случајот „Пуч“ може да продолжи

јуни 15, 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, повторно ќе седнат на обвинителна клупа во случајот „Пуч“, откако Апелацискиот суд Скопје ја уважи нивната жалба на одлуката на Кривичниот суд за запирање на судската постапка, по аболицијата од страна претседателот Ѓорге Иванов од 12 април годинава. […]

Судот му наложи на Звонко Костовски, осуден во „Пуч“, да се врати во затвор

јуни 10, 2016

Судија за извршување санкции од Основниот суд Скопје 1 денеска му испратил упатен акт на Звонко Костовски, да се врати на доиздржување на тригодишната затворска казна, на која е осуден за случајот „Пуч“. Костовски беше ослободен од казната откако претседателот Ѓорге Иванов го аболираше заедно со другите 55 лица, политичари и нивни соработници. „Судија за […]

Кривичен суд: Апелaциjа не може да ни наложи да ги дадеме на СЈО доказите за „Пуч“

јуни 3, 2016

Кривичниот суд сè уште не ја добил одлуката од Апелацискиот суд Скопје во врска со жалбата на адвокатите на обвинитетите во случајот „Пуч“ против запирањето на постапката по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. „По поднесувањето жалба од страна на одбраната на обвинетите во однос на решението на […]

Заев: Иванов со незаконската аболиција ни го одзеде правото на правично судење

мај 3, 2016

Опозицијата поднела жалба на постапките кои се резултат на „незаконската и неуставна аболиција“ од претседателот на државата Ѓорге Иванов, а со кои се оневозможува правото на правично судење, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред Основниот суд Скопје 1, каде денеска требаше да се одржи рочиштето за случајот „Пуч“. Заев рече дека ќе продолжи со […]

Апелацискиот суд ја уважи жалбата на СЈО: Кривичниот суд да ѝ ги даде на Јанева доказите за „Пуч“

април 15, 2016

Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и донел одлука дека нема никакви правни пречки Кривичниот суд да ѝ достави на специјалната обвинителка Катица Јанева копии од списи и електронски докази за предметот „Пуч“, соопшти денеска кабинетот на Јанева. Со оваа одлука, Апелација го укина решението со кое првостепениот суд го […]

Осудениот во „Пуч“ експресно излегува од затвор по амнестијата на Иванов

април 13, 2016

Единствениот осуден во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, го напушта затворот „Идризово“ откако вчера од кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, до Основниот суд Скопје 1 стигнала одлуката за помилување, соопшти денеска судот. Судијата за извршување санкции веднаш ја доставил одлуката до затворот за извршување, односно ослободување на Костовски. „До Основниот суд Скопје 1, во […]

Обвинителство: На СЈО му ги дадовме сите докази за „Пуч“, освен класифицираните кои се во судот

март 3, 2016

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја предало целата документација, со сите списи и докази за случајот „Пуч“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Разликата што се јавува околу доказите, велат оттаму, е поради класифицираните материјали за кои нема втор примерок, а единствените се предадени во Основниот суд Скопеј 1, соопшти денеска Јавното обвинителство. […]

Заев денеска пак пред суд, продолжува процесот за случајот „Поткуп“

март 3, 2016

Денеска во Кривичниот суд во Скопје во 10 часот треба да се одржи рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Заев, како градоначалник на Струмица, се товари дека побарал поткуп од 163.924 евра од струмички бизнисмен за легализација на државно земјиште. Според адвокатот на одбраната, […]

Кривичниот суд одговори: Ние не сме фотокопирница за класифицирани списи

март 2, 2016

Ниту судот одолговлекува, ниту избегнува, ниту бега да ја утврди правдата, основна уставна и законска обврска на судот е токму извршувањето на таа функција, а причините за досегашното одложување на оваа постапка се познати на јавноста, се вели во реакцијата на Кривичнот суд по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Пуч“. „Нејасна и тенденциозна е […]

Денеска во исто време треба да продолжат судењата за „Пуч“ и за „Диво Насеље“

март 2, 2016

Денеска во Основниот суд Скопје 1, во исто време, во 10 часот, се закажани рочиштата од судењата за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година и за случајот „Пуч“, во кој еден од обвинетите е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Специјалното јавно обвинителство, како што пренесоа дел од медиумите, […]

Јанева бара, a судот не дава копии од списи и докази за „Пуч“

март 1, 2016

Судијата што го води случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги одбил барањата на Специјалното јавно обвинителство да им бидат доставени копии од списи и електронски докази. Во образложението на ваквата одлука од судот велат дека со нивно доставување би била направена повреда на обврската за чување на класифицирани […]

ЛДП: Итно формирање на специјален суд за случаите на Специјалнотo јавно обвинителство

февруари 13, 2016

Либерално-демократската партија денеска побара итно формирање на специјален суд во Република Македонија, заради процесуирање на обвиненијата на Специјалнотo јавно обвинителство. – Предупредуваме дека „сваровски-судството“ и воопшто системот, кој во сите нивоа на судската власт десет години по своја мерка го градеа Груевски и „фамилијата“, може „низ вода“ да ја пуштат работата и трудот на специјалните обвинители во […]

Специјалното обвинителство го презело предметот за убиството на Мартин Нешковски

февруари 1, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска соопшти дека ја презела надлежноста и за случајот со убиството на Матин Нешковски. Таа потврди и дека обвинители на нејзиниот тим утре во Основниот суд Скопје 1 ќе напрват увид и во другите материјали од случајот „Пуч“, кои не ги добиле од обвинителството што претходно постапуваше по нив. На новинарско […]

Денеска им е годишнина: Груевски ги врати во игра „странските служби и држави“

јануари 31, 2016

Денеска е точно една година откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и доскорешен премиер, Никола Груевски, во обраќање кон нацијата (на 31 јануари 2015 година) обзнани дека странска разузнавачка служба е вмешана во обидот за преврат во земјава. Сега, повторно тој, во говорот пред унијата на жени на партијата, по неколкумесечно затишје, ги извади од фиока и […]

Рочиштето за „Пуч“ одложено на барање на Јанева

јануари 14, 2016

Рочиштето за случајот „Пуч“ денеска повторно беше одложено, овојпат за 2 март 2016 година. Одложувањето го побараа обвинителките од Специјалното обвинителство, Катица Јанева и Ленче Ристовска. Тие побараа повеќе време и можност да направат увид во доказите. Исто така, обвинителките побараа, доколку судот не е во можност да им ги достави доказите, да им обезбеди […]

Заев: Избори ќе има кога ќе се исполнат сите услови

јануари 12, 2016

Лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, денеска во интервју за телевизијата „Канал 5“ соопшти дека на граѓаните, доколку победи на изборите, ќе им понуди транспарентно носење на буџетот и слобода на медиумите. Интересно е дека во еден момент од интервјуто, додека разговараа за слободата на медиумите, главната уредничка на телевизијата, Лидија Богатинова, му рече на […]

Верушевски и Лазаревски денеска си одат дома

декември 31, 2015

Агенцијата за катастар и за недвижности денеска до Основниот суд Скопје 1 доставила известување дека е заведен под хипотека недвижниот имот што Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, го понудија како гаранција за излегување од притвор. По извршените проверки, судот ги доставил известувањето од Агенцијата и правосилната одлука со која притворот на […]

Судот им го укина притворот на Верушевски и на Лазаревски

декември 29, 2015

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го укинал притворот на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Судот ја прифатил предложнета гаранција, како и предлогот на Специјалното обвинителство да им се забрани напуштање на живеалиштето, односно градот Скопје, и привремено да им се одземат патните […]

Судот ги бара од Јанева пасошите на Верушевски и на Лазаревски

декември 28, 2015

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 побарал од специјалната обвинителка Катица Јанева да ги достави пасошите на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски за да може да одлучи по предлозите и мислењето во врска укинувањето или замена на мерката притвор на двајцата обвинети во случајот „Пуч“, соопшти денеска Осовниот суд Скопје 1. „Постапувајќи по предлозите на […]

Страна 2 од 3