fbpx
Таг: Словачка

таг: Словачка

Mej: Британија со Брексит не ја напушта Европа

Британската премиерка Тереза Меј денеска во Братислава изјави дека Велика Британија со Брексит не ја напушта Европа. - Остануваме во НАТО. Велика Британија и понатаму ќе стои до своите сојузници на источното крило на НАТО. Неодамна одобривме засилување на британската армија за источното крило и редовно ќе праќаме наши војници на вежбите во Словачка и кај другите сојузници – рече...

Чавков во Братислава: Потребна е засилена европска солидарност за бегалската криза

Мигрантската и бегалската криза биле во фокусот на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во Унијата, што денеска се одржа во Братислава, Словачка, а на кој учествуваше и министерот за внатрешни работи на Македонија, Митко Чавков. Чавков, по состанокот, како што соопштуваат од МВР,...

Словачка од денеска го презема претседавањето со ЕУ

Словачка од денеска го презема претседавањето со Европската Унија, кое ќе трае до 1 јануари 2017 година. Претходните шест месеци со ЕУ претседаваше Кралството Холандија. Главна тема на која ќе биде фокусирана Словачка, во текот на своето претседавање со Унијата, ќе биде кризата по референдумот во Велика Британија, на кој граѓаните одлучија земјата да ја напушти ЕУ. Словачкиот министер за надворешни...

Спасовски и Безак потпишаа меморандум за заеднички патроли на јужната граница

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и амбасадорот на Словачка во земјава, Мартин Безак, денеска потпишале меморандум за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, во врска со заедничките патроли на македонско-грчката граница поради мигрантската криза, соопшти МВР. „Со потпишување на овој меморандум за разбирање, се утврдува постапката за испраќање словачки полициски службеници на територија на Република Македонија за...

Доналд Туск и Роберт Фицо во посета на Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во рамките на својата турнеја по балканските земји погодени од мигрантската криза, денеска ќе престојува во Македонија. За попладне е најавено тој да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Денеска во Македонија ќе бидат и премиерот на Словачка, Роберт Фицо, и словачкиот министер за внатрешни работи, Роберт Калинак. Тие, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Словачка ќе испрати полицајци во Македонија за да помогнат во обезбедување на границата

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска соопшти дека официјална Братислава ќе испрати 25 полицајци што ќе ѝ помагаат на Македонија да ја обезбедува границата во ситуацијата на засилен протек на мигранти кон Европската унија. - Словачката влада, која идната недела ќе го одобри испраќањето полициски службеници во Македонија од февруари, веројатно ќе ја продолжи и мисијата од 20 лица во Словенија - рече Фицо, додавајќи дека...

Македонците може да користат бесплатно здравство во Словачка

На 1 декември 2015 година стапи на сила договорот меѓу Македонија и Словачка за социјално осигурувањ. Врз основа на овој договор, осигурените лица за време на привремен или постојан престој на територија на другата држава, можат да користат бесплатни здравствени услуги, информираат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ). - На основа на европската картичка за здравствено осигурување, осигурените лица на Словачка...

Фицо: Словачка до 18 декември ќе поднесе тужба против ЕУ за квотите

Словачкиот премиер Роберт Фицо соопшти дека Словачка до 18 декември пред Европскиот суд на правдата ќе поднесе тужба против Европската унија затоа што е надгласана и наредено ѝ е да прими 802 бегалци во рамки на еднократните квоти за прераспределба. - Немаме никаква причина да го промениме мислењето за тој наш став – рече Фицо и додаде дека своите материјали...

Словачка ќе се жали на суд за обврзувачките квоти

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска соопшти дека неговата земја по судски пат ќе се обиде да ја собори одлуката на ЕУ за распоредување 120.000 азиланти во европскиот блок. Фицо рече дека Словачка ќе се жали пред надлежниот суд на ЕУ во Луксембург и повтори дека неговата земја не е подготвена да го прифати планот за распоредување на товарот на сите членки...

Фицо: ЕУ не може да ја присили Словачка на квоти

Словачка ќе ги искористи сите достапни правни мерки за да одбие спроведување на која било одлука на ЕУ за наметнатите обврзувачки квоти за прием на азиланти во членките на европскиот блок, изјави денеска премиерот Роберт Фицо. Фицо, во обраќањето пред парламентот, истакна дена Словачка нема да прифати ниту една одлука што ја носи квалификуваното мнозинство. - Никој нема да ни каже што...

Премиерот на Словачка е против обврзувачките квоти за бегалци

Предлозите на Европската комисија за заеднички одговор на ЕУ на бранот бегалци содржат неколку позитивни точки, но Словачка се противи на обврзувачките квоти за прифаќање на тие лица, изјави денеска словачкиот премиер, Роберт Фицо. Словачка е една од четирите држави од Централна Европа кои водат кампања против планот на ЕК и на Германија за распоредување на мигрантите во сите членки...

Словаците на референдум ќе одлучуваат за отпишување на грчкиот долг

Словачкиот премиер Роберт Фицо предупреди дека за евентуалното отпишување и простување на дел од долговите на Грција Словаците мора да одлучат на референдум. - Словачките гаранции за долговите на Антина се помали од еден отсто и отпишувањето на тој долг значи дека ќе го платат луѓето во Словачка. Ако нè тераат на тоа, мора да се распише референдум за луѓето...

(ВИДЕО) Лебдење или одење по замрзнато езеро

Планинарот Томас Нунук и неговиот пријател направија фантастичен видеозапис, кој прикажува како изгледа одењето по замрзнато кристално бистро езеро. Видеоснимката, која за три дена на видеосервисот „Јутјуб“ е погледнато повеќе од 1,9 милион пати, е снимена на езеро на словачката планина Високи Татри. Водата на езерото е толку бистра што оддава впечаток дека се оди по воздух, а не по мраз. https://www.youtube.com/watch?v=8WBqX7MSqWw

Парламентарна делегација на конференција во Словачка

Од денеска до сабота, во Часта-Папирничка, Словачка, ќе се одржи работилница на тема „Улогата на законодавните служби во работата на собранието“, во организација на Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) и на Националниот совет на Словачка, на која ќе учествуваат пратениците од македонското собрание - Светлана Јакимовска, претседател на Законодавно-правната комисија, и Рамиз Мерко, член на Законодавно-правната комисија. На работилницата...

Ѓуровски го повика Бабунски за дуелот со Словачка

Бошко Ѓуровски потенцираше дека денешниот повик е награда за неговата добра игра на тој натпревар
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, денеска ја соопшти листата од 20 фудбалери за квалификацискиот натпревар против Словачка, во која овојпат имаше место за еден од најперспективните млади фудбалери во Македонија, Давид Бабунски. Фудбалерот на Барселона имаше брилијантна партија за младата репрезентација на натпреварот со Романија, па Бошко Ѓуровски истакна дека денешниот повик е награда за неговата добра игра на тој...

Словачка забранува нездрава храна во училиштата

Словачка со акција за здрава храна во училиштата
Како дел од мерките за борба против дебелината кај децата, словачкиот Парламент изгласа забрана за продажба на слатки, засладени пијалоци и други нездрави производи во училиштата. Чешкото Министерство за образование најави дека од идната година со наредба ќе забрани продажба на нездрави пијалоци и храна во училиштата. Мерките доаѓаат по постојаните предупредувања на чешките експерти, за широката понуда на слатки во...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...